Без oва.. Нема шанси на летување

Објавено на од

Летната сезона го достигнува врвот и одморите се редовно една од најактуелните теми на муабет. Некои од вас можеби го искористија веќе, се прошетаа и се пофалија :) но има и многу кои допрва го планираат. Во прилог на тоа, нашиот тим размислуваше на темата кои работи не треба да бидат изоставени од багажот во летувањата. Секако, нема да зборуваме за очигледните: пасош, купаќи, облека и хигиенски производи :)

1. Добра дигитална камера

Убавите моменти секогаш остануваат во сеќавањата, но ќе се согласите и дека една слика "вреди илјада зборови". Затоа не заборавајте и задолжително понесете си квалитетен дигитален апарт или камера.

[caption id="attachment_3659" align="aligncenter" width="490" caption="Benq дигитален фотоапарат - 3899ден. + подарок отварач за вино во вредност од 1399ден. Нарачај онлајн ‘"][/caption]

 

2. Квалитетни креми за сончање

Знеаме дека сите креми не го постигнуваат истиот ефект. Не треба многу за лоша одлука и токму ова да биде факторот кој ќе ни го упропасти одморот. Особено треба да се внимава на децата и најмладите. Затоа е тука Solarus колекцијата на Galafarm:

[caption id="attachment_3661" align="aligncenter" width="490" caption="SOLARUS FAMILY сет од 3 производи за сончање по цена на 2! Нарачај онлајн ^"][/caption]

 

3. Екстра пар костими за капење

Никогаш нема треба да ве изненади нашата лоша проценка за тоа колку време треба да се исуши еден костим. Чувството кога облекуваш мокри, ладни купаќи.. За да ги заштитете стапалата, овде би дополниле во листата и "маринки". :)

4. Занимлива книга и списанија

Ова ќе зависи многу и од тоа со кого планирате да го поминете одморот. Тешко дека ќе ви остане многу време за читање ако патувате со друштво. Сепак дури и тогаш, којзнае, кога живееме во времето на таблети и e-читачи на книги кои се многу практични. Ова е одлично време за вашиот омилен бестселер, кој веќе долго чека.

5. Омилените очила за сонце

Без разлика дали во моментот возите, се излежувате на базен или сте на прошетка, преку лето очилата за сонце се неопходен дел од додатоците за патување. Прво како заштита за очите.. Добро, и како моден детал секако. :)

6. Мобилен телефон/смарфтон

За некои ова ќе претставува нешто како "носење на работата" на одмор. За други потреба да останат во тек со новостите на Facebook. Ние не ги сметаме како приоритет ниту двете.

Чисто поради фактот дека темпото на живот не остава "хендикепирани", кога сме одделени од мобилниот и само неколку часа за нас е незамисливо. Да не заборавиме дека GPS функционалностите заедно со Google Maps е вистинската алатка кога сте на непознат терен.

7. Капа или шешир

Со ова се формира последниот слој на заштита против штетното сонце. На одморите забележуваме секакви видови капи. Кога се далеку од дома, луѓето се опуштаат зашто ова е моментот да се пробаат и "најлудите", кои во нормална околоност дома не би ги носеле. Ние се држиме до оние "old school" едноставни капи:

 

[caption id="attachment_3663" align="aligncenter" width="490" caption="Безбол капа од Promo concept - 180ден. Нарачај онлајн‘"][/caption]

8. Лекови

Одморите не размрдуваат надвор од стандардните навики. Токму поради тоа, не ретко овие неопходни работи ги изоставуваме од листата. И секако, спакувани во соодветна ќеса/несесер додека патувате.

9. MP3 player или преносен уред

Наполнете го ем-пе-тројчето со омилената музика и уживајте во моментите на релаксација. Останатите кои тешко се одделуваат од технологијата, може да си понесат и преносен компјутер или dvd плеер како овој модел од Advance media:

[caption id="attachment_3664" align="aligncenter" width="400" caption="Преносен DVD player - Imago - 4999ден."][/caption]

 

10. Позитивно распложение

Без него, подобро не тргнувајте :)

Други кандидати:

- влажи марамчиња и санитарии

- уште една дополнителна торба

- спреј за бубачки

- мапи и водич

Не ви треба:

- премногу обувки

- еден тон шминка

- преголеми торби

Без што Вие не можете да си го замислите одморот? :) Кои се предметите без кои нема шанси да тргнете на летување?

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.