Атрактивни Велигденски дестинации

Објавено на од

     Доколку сте љубител на патувањето и авантурите, тоаш препуштете се на овие извонредни градови исполнети со убавина, магија и историја. Почувствувајте ги воодушевувачките пејзажи, најразлични луѓе и необични искуства! Уживајте во пролетта со егг-стра специјални Велигденски одмори во еден од следните 9 прекрасни градови.

1- Токио, Јапонија

Велигден е најубавиот период за да се посети Јапонија бидејќи тогаш познатите sakura со црешова боја – цветаат. Ова дрво всушност најпрво прво цвети во Окинава во јануари и се појавува во Токио на крајот на март и почетокот на април. Пролетното време е правилно за старовремските традиции за пикник под sakura дрво – но морате да стигнете таму порано за да не ви бидат фатени најубавите места.

2- Рим, Италија

Римјаните го слават нивниот најзначаен Католички празник и иако е еден од најпрометните периоди од годината, атмосферата е пријатна каде илјадници луѓе доаѓаат на поклонение во овој град. Посетете го Ватикан, придружете се на поворката на Станиците на Крстот низ улиците на Рим или едноставно препуштете се на атракциите како Фонтаната Trevi и Колосеумот.

3- Единбург, Шкотска

Овозможете им на вашите деца забавен, но и едукативен одмор во Единбург водејќи ги на Интернационалниот Фестивал за Наука што се одвива од 5ти до 20ти април. Додека сте овде, одведете ги вашите најмили да ги видат пандите и многу други животни во прекрасната зоолошка во Единбург.

4- Севиља, Шпанија

Еден од најкомплетните и разновидни Андалузиски големи градови, со неверојатно вкусна храна, одлични вина, воодушевувачки погледи, одлична уметност, исклучително добар шопинг и пулсирачки ноќен живот. На пролет, аромата на цветови се шири низ воздухот во Севиља, низ волшебниот историски град со улици од калдрма. Велигден е навистина возбудлив во Севиља, ако неговите жители слават Semana Santa (Света Недела) со огромна страст – придружете им се! 


5- Рио де Жанеиро, Бразил

Ако Велики Понеделник во вашиот дом не звучи доволно возбудливо за вас, што би рекле за Rio? Малку екстремно, да, но прославата на Света Недела во Рио е незаборавлива. Улиците се преплавени со цвеќиња, звуците на самба се допираат од секаде наоколу, продавниците продаваат посебни торти за да го одбележат настанот и кога работата е завршена за тој ден, жителите од градот се упатуваат кон Копакабана на пиво, пливање или одбојка на плажа, сево ова под будното око и раширените раце на Cristo Redentor.

6- Плзен

Доколку сте голем обожавател на пиво, градов ќе ви ги исполни очекувањата. Плзен, на еден час оддалечен од Прага во Чешка, е местото каде е измислен Plisher lager (Pilsner Urquell) vo 1842 година и каде с’е уште се точи. Оваа година, ќе ужива во вниманието како еден од двата Европски Градови на Културата. Атрактивен град со право: клучни знаменитости се St Bartholomew’s катедралата од 13ти век, Градското Собрание од периодот на Ренесанса, како и важната Velka синагога од 19ти век.

7- Париз, Франција

Audrey Hepburn еднаш рече, “Париз секогаш е добра идеја”, но вушсност тоа е навистина добра идеја за Велигден. На прошетка рака под рака под зраците на априлското шарено сонце околу Marais, Montparnasse или St. Germain и тогаш ќе сфатите што мислел Хенри Милер кога рекол: “Кога пролетта доаѓа во Париз, најпонизните смртници мора да се чувствуваат дека живеат во рајот.” 


Убавината е релативна! Но ќе се согласиме дека патувањата ги полнат и очите и душата!

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.