“Глеј си ја работичката”

Објавено на од

[caption id="attachment_2382" align="alignleft" width="150" caption="храна од Бравос"][/caption]

Игрите не потикнуваат на повеќе смеа. А смеењето едноставно не релаксира. Затоа соберете го вашето друштво и договорете се да одиграте една партија од вашата омилена игра без разлика дали тоа ќе биде покер, игра со карти, со коцки, или пак со некои дополнителни предмети. Притоа не заборавајте да направите вистински амбиент кој ќе придонесе за уште порелаксирана атмосфера. Нарачајте пиво или вино, купете си грицки или готова храна и уживајте во пријатното друштво.

 

[caption id="attachment_2383" align="alignright" width="72" caption="вино од Вин Арт"][/caption]

Наш предлог е една друштвена игра со карти која традиционално се вика “ глеј си ја работичката”, и е една варијанта на американската игра “bullshit”. За да започне играта претходно е потребно да се соберете минимум двајца а максимум 10 играчи. Се игра со стандардни 2 шпила односно со 104 карти. Сите карти се делат поднеднакво на сите играчи. Кај некој може да остане карта плус, но тоа не претставува никаков проблем.

Целта на играта е да соберете колку што можете повеќе спарки од четири карти за секоја бројка(на пр. 4 четворки, 4 осмици). Откога ќе го добиете вашиот дел од картите гледате пред се дали имате веќе некоја спарка во нив. Доколку немате тогаш играта започнува. Се договарате кој ќе биде прв. Првиот гледа која карта му треба за да стигне до спарка од четири карти и се одлучува од кого да ја побара. (Ја бара со помош на фразата на пример-” Имаш 6 срце”). Доколку личноста која што била прашана ја нема таа карта тогаш таа одговара “глеј си ја работичката”. Во спротивно, ако ја има картата што била побарана му ја дава на тој што ја побарал и тогаш повторно е на ред истиот играч. Играта завршува во моментот кога еден од играчите ќе ги искористи сите карти за да направи спарки од 4 карти( без разлика колку спарки направил).

[caption id="attachment_2384" align="alignleft" width="150" caption="мешач на карти од L'adoro gifts and magic"][/caption]

[caption id="attachment_2385" align="alignright" width="150" caption="карти од L'adoro gifts and magic"][/caption]

 

 

За посреќни и повесели мигови со вашето друштво, никако не заборавајте да ставите некоја од омилените игри во вашата желботека!

 

 

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.