Активирајте се во текот на летото!

Објавено на од

Летото е веќе во тек. Со него започнуваат и летните горештини кои најчесто се причина за луѓето да ги откажуваат сите свои активности во текот на денот. Сигурно некогаш сте го употребиле изговорот дека „надвор е премногу жешко“. Но, сепак топлото време не треба да е причина за вие да се затворите дома или во канцеларија и да не излегувате се до вечерните часови.

Еве неколку предлози како може да си ја зголемите мотивацијата за да излезете од дома:

  • Волонтирајте или зачленете се во некоја невладина организација

Ако се пријавите да волонтирате за некој настан, или пак се зачлените во некоја организација сигурно нема да се досадувате дома по цел ден. Денот ќе ви биде исполнет со различни активности, а можеби и ќе му помогнете некого.

Volunteers working on construction site Volunteers

  • Почнете да спортувате

Може да изберете некој тимски спорт како фудбал, кошарка, ракомет итн. Тоа ќе биде одлична причина за повеќе да се дружите со вашите пријатели. Исто така за време на летото пливањето е одличен спорт бидејќи нема да ја чувствувате горештината. Или ако повеќе сакате рекреација, тогаш одлучете се за пешачење или возење велосипед заедно со вашите пријатели.

Swimming Cycling with friends

  • Истражете го градот во кој живеете

Одете на места на кои не сте биле досега. Почнете да истражувате и сигурно ќе се изненадите колку неотркриени места има во вашиот град. Користете уреди за навигација за полесно да се снајдете.  На крај ќе може да им кажете на вашите пријатели дека сте пронашле некое многу добро место кое мора да го посетат.

Smartphone navigation Map

 

  • Средете го вашиот плакар

Веќе подолго време плакарот ви стои натрупан со алишта кои веќе не ги носите? Сега е вистинскиот момент да го средите вашиот плакар и да се ослободите од работите кои веќе не ви се потребни. Соберете се што веќе не употребувате и донирајте го. Така ќе му помогнете на некој на кого навистина му треба помош.

Donation

  • Опуштете се со добар филм

За деновите кога стварно не ви се излегува од дома, филмот е секогаш одлична забава. Поканете ги и вашите пријатели, направете пуканки и гледајте некој добар филм на вашиот ДВД плеер. Ви ја препорачуваме оваа одлична понуда: Телевизор SAMSUNG + домашно кино.

Watching a movie with friends TV SAMSUNG+ DVD player

  • Разладете се со коктел

Летото е одлично време за овошни коктели. Направете си коктел од вашата омилена комбинација на овошје и зеленчук со помош на соковник или блендер. Дали тоа ќе биде безалкохолен или алкохолен коктел- изборот е ваш.

fresh-juice Cocktails

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.