7 причини зошто да читаме

Објавено на од

Живееме во време во кое се почесто во нашите секојдневни активности место завземаат возењето во кола, трачарењето по социјалните мрежи, гледањето филмови, зборувањето на мобилен телефон.  Со тек на време сфативме дека без овие работи и не можеме. Новото време, начинот на живот и околината не натера на такви нешта. Но, како ќе го поминуваме нашето слободно време зависи само од нас и од никој друг повеќе. Денес повеќето од луѓето читаат зошто мораат, а не зошто сакаат. Тоа можеби е така поради тоа што многумина и не знаат дека:

  • Читањето книга го збогатува речникот
  • Структурата на книгата  го поттикнува мозокот да мисли во секвенци, да ги поврзува причините, ефектите и значењето.
  • Читањето книга го намалува стресот
  • Читањето е добро и за физичкото здравје. Кога читаме го одржуваме мозокот во добра состојба и тој не старее.  На тој начин се штитиме од болести.
  • Се смета дека секојдневното читање од мали нозе го намалува ризикот за заболување од алцхајмерова болест во подоцнежните години.
  • Книгите ја убиваат осаменост
  • Читањето  нè смирува овозможувајќи ни некое време да заборавиме на проблемите.
  • Читањето  ја ублажува напнатоста во мускулите, а го забавува пулсот.

 

Прегледајте ја вашата домашна библиотека и земете книга во раце. Во прилог следуваат некои наши предлози за книги кои можете да ги купите по електронски пат преку www.tc.mk .

Ангели и демони

 Ангели и демони

Кога светски познатиот харвардски криптолог Роберт Ленгтон ќе биде повикан во Швајцарската истражувачка постројка за да го анализира таинствениот симбол - врежан на градите на убиениот физичар - тој открива докази на незамисливото: повторно оживување на древното тајно братство на илуминатите, најмоќната подземна организација уште од настанувањето на светот.

 Повеќе

Девојката со портокали

Девојката со портокали

Сакам кај секое човечко суштество да исчезне стравот од смртта или од животот, и секој да најде дефинитивна среќа, до која може да се дојде само со длабоко разбирање на природата на умот и на целата стварност Во секој од нас постои неисцрпен резервоар на сила на мудроста, сочувството и љубовта, сила која Христос ја нарекол Небесно царство.

повеќе

П.С.  Те сакам

пс те сакам

Запомни ги нашите прекрасни спомени, но немој да се плашиш да создаваш и нови... Холи и Гери имаа совршен живот - среќно оженети, живееја во Даблин блиску до своето семејство и пријатели, добро се забавуваа, накратко - светот им беше под нозете. Кога Гери почина, Холи мислеше дека не може да живее без него. Ден пред нејзиниот триесетти роденден, човекот кој и беше љубовник и најдобар пријател ја напушти. Но Гери и ветил дека секогаш ќе биде до неа. И беше. И остави пораки. Холи секој месец чита нова...

повеќе

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.