7 идеи за подароци за вашата Желботека (женски)

Објавено на од

Како продолжение на претходниот напис за идеи за подароци за машките Желботеки, сега редно е да ги спомнеме и женските Желботеки. И за нив се наближуваат матурите, дипломските, по некој роденден и иако мислиме дека полесно е да се одбере подарок за девојка, вистината е дека се премногу избирливи и пребирливи :) Меѓутоа ако секоја од нив си има креирано своја Желботека, тогаш работите стануваат полесно. А ако вие сте една од нив, тогаш ви предлагаме 7 произоводи, кандидати за вашата Желботека:

  1. Чоколадна масажа

    Кој не би посакал да ужива една масажа, па плус тоа со чоколадо? Но ако мислите дека тешко би издвоиле од својот буџет пари за да си би го дозволиле тоа задоволство, тогаш, ставете си ја во својата Листа на желби и очекувајте некој од вашите пријатели да ви ја оствари.

  2. Парфем Ange ou Demon

    Парфем кој напросто ќе ве маѓепса. Во случај да не сте навикнати на трошење многу пари на луксузни парфеми, тогаш ставете го во Желботеката, можеби вашите пријатели се ;)

  3. Лаптоп

    Ако деновиве славите матура или дипломска, тогаш имате одличен изговор да побарате нов компјутер или лаптоп од вашите родители, баба, дедо или роднини. Направете го барањето суптилно, со ставање на овој неодолив лаптоп во вашите Желботеки!

  4. Сандали на плута

    Едноставно изберете си модел на сандали кој ви се допаѓа, додадете го во Желботеката и уживајте во самоуверениот од во вашите нови сандали!

  5. Долготраен сјај за уста

    Вие само пикирајте ја нијансата, а оставете на вашите гости за прославата да ви го подарат.

  6. Пегла за коса

    Скапите фризерски салони под итно заменете ги со професионална пегла за коса за домашна употреба! А ако наскоро е вашиот роденден, тогаш кажете им на вашите пријатели дека потајно ја посакувате ;)

  7. Гаќички со ружа

    A за тие похрабрите, кои посакуваат ектравагантен долен веш, ви ги препорачуваме овие гаќички кои доаѓаат во комплет со ружа.

Ако сакате повеќе предлози за вашите новоотворени Желботеки, ви предлагаме да ги погледнете Идеите за подароци и да си ги изберете вашите подароци-во-очекување!

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.