5 супер креативни начини за подарување пари

Објавено на од

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Нема кој не сака да добие пари како подарок! Не за друго, никогаш не може да не им го погодите :) Меѓутоа ставањето 500ка или 1000че во плико е толку излитено. Најдоброто што ќе го добиете за возврат е насмевка и благодарам. Пари се. Веќе видено, и додека е убаво тоа што сте можеле да ставите точна сума на вашето внимание спрема нив, не сте се истакнале со подарок којшто е запаметлив. Всушност, може да сигнализира дека сте чекале до 5 за 12.

Како може да подарете пари и да направите примачот да се чувствува како милион долари? Станете малку креативни со настапот на подарокот и ќе направите вашиот подарок да биде многу повеќе вреден од сумата која ја “донирате”. Обидете се со еден од овие забавни начини за подарување пари и направите еден обичен подарок да се претвори во хитот на забавата. Всушност, колку повеќе примателот треба да “работи” за парите, позабавно ќе биде!

Оригами од пари

Што е покул од добивањето пари во форма на работите кои може да ги купите со нив? Научите и направите оригами од пари да направите маичка со јака или чизми. Додадете лептир-машна и имате нова гардероба! Можностите се бескрајни, а времето кое ќе го вложите дефинитивно ќе ви заработи неколку импресирани погледи. Единствената негативна страна е тоа што примателот нема да сака да го “одвитка” подарокот!

Ладен тврд кеш

Ставете ги парите во пластична кеса и затворете ја цврсто. Ставете ја во сад со вода и оставете ја во замрзнувачот неколку часа. Примачот ќе треба да ја изделка циглата од мраз (или да почека да се стопи) за да дојде до подарокот.

Ролна која никогаш не завршува

Пресечете отвор на картонска кутија (кутија за чевли одлично одговара!), доволно широка за да ја собере книжната пара. Залепете ги банкнотите заедно, крај со крај и свиткајте ги во ролна внатре во кутијата. Залепете го едниот крај со ливче со знак каде пишува “Влечи Тука”, осигурувајќи се дека знакот виси надвор од кутијата, а криејќи ги банкнотите кои се закачени внатре. Кога примателот ќе започне да влечи, парите ќе излегуваат, и подарокот ќе се одмотува некое време.Не заборавајте да ги раситнете парите на банкноти од 10 денари, за да не би ве фатило многу скапо ;)

“Пукнете” за своите пари

Наполнете многу балони со банкноти внатре, надувајте ги и дадете им ги на примателот во кутија со игла внатре. За брзо ќе сфатат дека нивната работа е да ги пукаат балоните и да ги собираат парите кои ќе излезат од внатре.

Парите растат на дрво

Разделете неколку лешници или ореви, сечејќи ги внимателно по половината и сместете внатре многу стуткана банкнота во секој од нив. Залепете ги со супер лепак повторно за никој да не би познал дела сте ги манипулирале јаткастите плодови. Замислете го нивното изненадување кога ќе сфатат дека парите можеби можат да растат на дрво!Да напоменеме да се погрижите или да ги отворат пред вас или да сфатат дека не се обични лешници или ореви кои би ги дале на детето од комшивката :D

Кои други креативни начини за давање пари сте ги виделе?

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.