37 совети и трикови за патување кои треба да ги знаете

Објавено на од

Патувањето претставува задоволство, но не е така едноставно. Некои мали тајни ги учите по пат, како барање мапа на аеродром пред самото заминување и носење пластични кеси за валканата облека. Сепак, ние сме тука да ви го олесниме спремањето и пакувањето, па затоа во продолжение ви подаруваме 37 совети и трикови како вашето патување да се одвива според првобитниот план.

1)   Облеката мијте ја во мијалник/туш кабина.
Користете го сапунот од хотелот. 
Или пак понесете си мало шише со детергент за алишта. Овој начин е многу полесен отколку барањето на машини за перење во странство.

2)   Научете како да користите конец и игла.
Во вашиот багаж имате малку место за облека, а доколку го сошиете паднатото копче од панталоните, нема воопшто да се грижите што ќе носите.

3)   Носете си влажни марамици.
Доколку немате моментален пристап до туш, овие марамици се практични да се исчистите.

4)   Научете да кажувате “Не, благодарам”.
Често не советуваат да кажуваме “Здраво”, “Да, благодарам”, “Зборувате ли англиски?”. Сепак во некои земји навистина треба да научите да кажувате “Не, благодарам, оставете ме на мира”. Помислете на пазарите преполни со луѓе во Азија. Доколку научите да кажете “Не, благодарам”  на нивниот јазик, ќе може повеќе да уживате во посетата.

5)   Бакалниците се најдоброто место за пазарење за туристите.
Евтина храна, локални вкусови. Пронајдете ја најблиската бакалница до вашиот хотел и ќе заштедите пари. Правете си пик-ник ручек секој ден.

6)   Тргнете на страна пари за секој случај.
Доколку го изгубите новчаникот ќе останете без пари, па затоа најдобро е да сокриете дел од вашите пари некаде како на пример во искористена опаковка од лабело.

7)   Научете како да возите кола со менувач.
Не се надевајте дека во секоја земја се изнајмуваат само коли со автоматски менувач.

8)   Научете како да направите убава слика. 
Не се враќајте дома со еден куп Instagram “selfies”. Спомените полека исчезнуваат, а вие ќе сакате да имате убава и квалитетна слика по која ќе може да го памтите патувањето.

9)   Секогаш носете си неколку пластични кеси за валкани кондури/облека.
Доколку не го правите ова, валканите чорапи ќе ја засмрдат целата ваша облека.

10)   Убаво здиплете ги парчињата облека. 
Така ќе имате повеќе место, но и нема да ви е потребно да носите пегла.

11)   Научете како да се пакувате лесно.
Не ви се потребни 20кг за цела недела патување.
Парчињата облека што ја носите може често да ја носите. Колку помалку работи носите, толку посреќни ќе бидете. Помислете си само како би ви било доколку треба да влечете огромен куфер со вас.

12)   Распрашајте се за цената на такси услугата.
Запишете си ја хотелската адреса и носете мапа. Бидете претпазливи со несигурните таксисти.

13)   Секогаш носете и принтана верзија на мапата од градот во кој одите.
Користете ја батеријата на телефонот за попаметни нешта.

14)   Проверете дали банкарските картички функционираат.
Не постои ништо понеподносливо од тоа да сте на одмор, а постојано да зборувате со банката од вашиот град.

15)   Спакувајте сандали или влечки за во туш кабина.
Тие може да бидат валкани, а вие нема да сакате да го допрете подот со вашите нозе.

16)   Научете како да менувате гума.
Според Марфи, доколку не знаете како да го правите тоа и тргнете на пат, со сигурност ќе ви се дупне гумата.

17)   Бидете спремни да спиете било каде.

18)   Научете да пливате. 
Никогаш нема да знаете кога ќе ви притреба оваа вештина.

19)   Пакувајте се паметно.
Ставете ги ланчињата во цевки за да не се заплеткаат. Користете копче на кое може да ги прикачите обетките итн.

20)   Научете основно ниво на прва помош.
Ова е одлична животна вештина што секој би требало да ја знае.

21)   Понесете си папки за документите.

22)   Користете јавен транспорт.
Брзо е, лесно и подобро ќе го доживеете градот и луѓето.

23)   Купете и носете убави кондури за одење.
Плускавците воопшто не се пријатни и високите штикли нема да ви помогнат лесно да ги поминете калдрмите низ Европа.

24)   Прашувајте ги локалните луѓе за совет.
Најдобрата плажа најверојатно не е и најпозната. Луѓето од околината може да ви помогнат да најдете многу убави места.

25)   Дознајте каде е амбасадата.
Сериозно, најдете ја на мапата. Немојте да мислите дека доколку сте во “сигурна” земја, таа нема да ви е потребна.

26)   Запознајте се со локалните закони.
Не пијте алкохол на улиците во Дубаи или пак не фрлајте гума за џвакање во Сингапур. Немојте да мислите дека истите закони важат во сите земји.

27)   Примете ги потребните вакцини.

28)   Скенирајте го пасошот и другите документи.
Дајте им копии на вашите пријатели/роднини. Доколку изгубите некој документ, овој план Б многу ќе ви помогне.

29)   Научете по некоја фраза на локалниот јазик.
Зборувајте им на локалните жители. Искусете ја нивната култура.

30)   Научете ја основната географија на земјата која ја посетувате.

31)   Научете како да користите компас.
Звучи чудно, но некогаш навистина ќе ви помогне.

 

32)   Дозволете си краток одмор.
Доколку патувате повеќе недели, потребно е малку да одморите и да ги наполните батериите.

33)   Ставете неколку парчиња облека и производи за хигиена во вашиот ранец.
Доколку го изгубите вашиот багаж, ќе ви биде мило да ги имате овие работи со вас.

34)   Понесете си џемпер доколку патувате со авион.
Во авионот може да е ладно поради пуштените клима уреди.

35)   Проверете дали водата се пие.
И не само за пиење, пазете кога си ги миете забите, користите ледени коцки или пак пиете вода под туш.

36)   Запознајте ги локалните патни правила.

37)   Однесувајте се со почит.

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.