13 корисни совети и трикови за градинарство

Објавено на од

Уште во античко време, градинарството освен од прехранбени причини, се практикувало и за разубавување на животната околина. Денес, динамичниот животен стил не ни дозволува да посветиме премногу време на овие активности, па затоа добро би ни дошле неколку совети и трикови за ефикасно уредување на градините.

Од  искористување на остатоците од зрна кафе до преземање превентивни мерки за спречување нечистотии под ноктите на рацете, неколку “мастер” градинари имаат споделено 14 совети и трикови кои ќе помогнат градината да стане ваше омилено место.


1. За да ги отстраните солените остатоци од глинените вазни, комбинирајте еднаква количина на бел оцет, алкохол и вода во шише за прскање. Нанесете ја мешавината на вазната и стружете со пластична четка. Оставете ја вазната да се исуши пред да насадите било што.


2. За да превентирате собирање на нечистотии под вашите нокти додека работите во градината, со гребење нанесете сапун со тоа што ќе ги блокирате отворите и нечистотиите не ќе можат да навлезат под вашите нокти.


3. Претворете некоја долга рачна алатка во стапче за мерење. Поставете некоја долга рачна алатка на земјата, а до неа поставете лента за мерење. Користејќи перманентен маркер, обележете ги соодветните cm на дршката. Доколку ви е потребно да ги насадите растенијата на одредено растојание, веќе ќе имате алатка за мерење во вашите раце.



4. За да не го барате постојано конопот кој ви е потребен во дворот, ставете цела топка коноп во една саксија, втурнете го крајот на конопот низ една од дупките на долниот дел од саксијата и превртете ја истата наопаку на земјата. Направете го ова и веќе никогаш нема да се нервирате поради изгубениот коноп.



5. Малите глинени саксии може одлично да послужат за заштита на младите растенија од ненадејни, ноќни замрзнувања и поројни дождови.


6. За да креирате совршени природни бележници, напишете ги имињата на растенијата (користејќи перманентен маркер) на површината на камчиња во различни големини и поставете ги близу површината каде се посадени растенијата.


7. Ве напаѓаат мушички? Може да ги контролирате со испуштање силен млаз на вода од цревото или со сапун против инсекти. Но, еве едно поинтересно решение – земете леплива лента! Замотајте ја лентата околу раката, оставајќи го лепливиот дел однадвор и поминете по површината на растенијата каде што има мушички. Концетрирајте се на долните делови од листовите, затоа што таму најчесто се населуваат.



8. Кога следен пат ќе варите зеленчук, не ја истурајте водата во одводот, туку искористете ја за да ги наводените растенијата насадени во саксии во поплоченото двориште и ќе се изненадите како растенијата ќе реагираат на “супата од зеленчук”.



9. Искористете го талогот од кафе и чај од камилица за да ја закиселите почвата на оние растенија кои бараат одредена количина на киселина, како азалеи, зеленики, камелии, гардении, па дури и боровинки.  Еднаш месечно попрскувајте ги овие растенија за да се постигне посакуваниот ефект.



10. Користете чај од камилица за да ја контролирате мувлата која обично наеднаш ги напаѓа младите расади. Еднаш неделно додавајте малку чај од камилица на почвата каде што се насадени растенијата или пак попрскувајте ги лисјата.



11. Доколку веднаш ви е потребна масичка за чај, не ја барајте било каде затоа што може да направите една со вашата колекција на глинени саксии и тацни. Само превртете една саксија со доволна големина наопаку и поставете на неа голема тацна. Откако ќе го испиете чајот, наполнете ја тацната со вода и веќе имате бања за птици.



12. Најлесен начин за сушење билки: поставете лист од весник на седиштето од вашата кола, наредете ги билките во еден слој, потоа затворете ги прозорите и вратите од колата. Вашите билки набрзо ќе се исушат до перфекција. Што е најинтересно, вашата кола ќе мириса одлично!



13. Искористете го старото црево за да ги заштитите рачките од лулашката на вашите деца. Само исечете го цревото на пола и обвијте ги синџирите од лулашката, а вашето дете ќе ви биде благодарно затоа што нема постојано да се штипнува.




 

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.