Неколку работи кои не ги знаевте за чајот

Објавено на од

Седум мултинационални корпорации се одговорни за 90% од севкупната количина чај на пазарот.

Има посебна температура на приготвување: Зелен чај 150-160 степени,Бел чај 180 степени и Овошни чаеви од 130-150 степени.

Кесичките за чај биле измислени во Америка во раните години на 18-тиот век и првично се користеле за чување на примероците чај кој биле носени од Индија. Денес 96% од целокупната количина на чај во светот се служи во кесичка.

Camellia sinensis.Има многу врсти на чај,но сите тие потекнуваат од само едно растение: Camellia sinensis. Бојата (зелен,црн,бел) и варијатетот зависат од тоа како се третираат ливчињата.

Во почетокот на 1700-тата во Велика Британија, чајот го зазема местото на џинот како еден од најпопуларните пијалоци дотогаш и станува омилен национален пијалок.
-Измешајте џин и ладен чај, додајте резенка од лимон и ќе добиете одличен летен коктел.

Ладен или топол. Иако совршен кога се пие топол, чајот е исто така и еден од најдобрите гасачи на жедта и освежувачи за време на летниот период доколку се пие ладен, по можност со лимон и коцки лед.

Индија. По туризмот, ултивацијата на чај во Индија е втора најголема индустрија.

Комарци. Ливчињата од чај се природен начин да ги оттргнете комарците од вас. Се што треба да направите е да употребите недосушени ливчиња од чај за да ги држи инсектите подалеку од вас.

Доколку не пиете чај, еве неколку добри начини да го употребите

-помага при регенерација на кожата од исеченици од бричење
-може да се употребува да се маринаира месо
-одличен наѓубрувач за рози
-исто така е одличен за чистење подови


Забен кариес. Студиите покажуваат дека хемискиот антиоксиданс Катеин во чајот може да уништи бактерии и вируси кои предизвикуваат инфекции на грло, кариес и други орални заболувања.

Депресија. Теанинот е амино киселина која се наоѓа во ливчињата на чајот. Таа е состојка за која се мисли дека има релаксирачки и смирувачки ефект.

Кожа. Зелениот чај може да помогне при појава на брчки и знаци на стареење, ова е поради силнот антиоксиданс и анти инфламаторните својства кои ги има. Исто така помага и при изгореници од сонце.



comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.