Категории
cart

Oпшти услови за користење на услугите на Трговски центар

Последна промена 12.11.2015

Дефиниции

Зборовите употребени во овие Општи Услови ќе го имаат следново значење:

  • Трговски центар – Системот за интернет трговија кој е управуван од фирмата Интернет трговија ДООЕЛ и овозможува инфраструктура за Трговците да ги продаваат своите производи и услуги на Купувачите.

  • Сервис за Е-трговија – Комплетен сервис кој вклучува софтвер за самостојни Интернет сајтови со интегрирани продавници, и комплетен спектар на логистички услуги потребни за вршење трговија преку Интернет.

  • Купувач – Секое физичко или правно лице кое се јавува во својство на купувач на производи и услуги од Веб Продавниците кои функционираат во склоп на Трговски Центар

  • Трговец - Трговско Друштво кое се јавива како сопственик на Веб продавница која функционира во склоп на Трговски Центар и преку неа се јавува како продавач на производи и услуги.

  • Веб Продавница – Индивидуално определена продавница преку која се продаваат производи и услуги преку интернет.

  • Вебсајт - колекција од поврзани веб страни, слики, видеа,каталог на производи без продажба само во Сајт профи и други дигитални средства достапни на одредена Интернет адреса (URL).


Опсег на примена

Со овие општи услови се уредуваат правилата под кои се одвива продажбата на производи и услуги преку Веб Продавниците кои функционираат во рамките на Трговски Центар, правилата за продажба кои треба да ги почитуваат ТРГОВЦИТЕ и Купувачите, комерцијалните услови и одредбите за непочитување на условите. 


Измена на општите услови

Овие Општи услови се задолжителни за Трговците кои имаат потпишано Договори за отворање на веб продавници во рамките на Трговски центар преку кои продаваат производи и услуги.
Овие Општи Услови може да бидат изменети од наша страна без претходна согласност од Трговецот или Купувачот, особено доколку тоа го налагаат условите на пазарот или позитивните законски прописи.
Дополнувањата или измените на овие општите услови ќе бидат јавно објавени и ќе бидат достапни на вообичаен и пристапен начин. Изменетитот текст на Општите Услови ќе биде достапен на Веб страната Трговски Центар.

Регистрација на купувач 

Како КУПУВАЧ на производи и услуги од Веб продавниците може да се јави:
1. Секое  деловно способно физичко лице, кое има валидна е-маил адреса и сопствена валидна и подобна  платежната картичка.
2. Правно лице кое има валидна е-маил адреса и сопствена валидна и  подобна платежната картичка.

Со самата регистрација како Купувач и креирање на профил, КУПУВАЧОТ физичко лице  потврдува дека: има наполнето 18 години, информациите кои ги има обезбедено при  регистрацијата, а кои се однесуваат на Името и Презимето и е-маил адреса кои ги користи се  валидни во времето на регистрација и процесирање на нарачката. При креирањето на профил со Facebook login, tc.mk ги користи следните податоци од Facebook профилот на КУПУВАЧОТ: јавните објави, листата на пријатели, е-маил адресата и допаѓањата (likes), со цел КУПУВАЧОТ да може да се најави на Желботека, да може да добива подароци од своите пријатели, да им испраќа подароци на истите, како и да има преглед на зделките кои му се потребни. 


Со самата регистрација  како КУПУВАЧ и креирање на профил, КУПУВАЧОТ правно лице потврдува дека: е легално  регистрирано и постои согласно законите на матичната замја, информациите кои ги има  обезбедено при регистрацијата а кои се однесуваат на називот и е-маил адреса кои ги користи  се валидни во времето на регистрација и процесирање на нарачката.
Со самата  регистрација како КУПУВАЧ, КУПУВАЧОТ потврдува дека е сопственик на платежната картичка која  се користи за плаќање на производите и услугите и дека истата е валидна и подобна за плаќање  на производите и услугите.
При регистрацијата КУПУВАЧОТ прифаќа да добива електронска  пошта со промоции од Трговски центар и неговите партнери. За истата ќе му биде дадена  можност да го откаже понатамошното добивање.

 

Купување на производи и услуги

Со самото впишување на личните податоци и податоците за платежната картичка и потврда на  нарачка од страна на КУПУВАЧОТ, истата ќе биде процесирана и трансакцијата ќе биде извршена.
По комплетирањето на нарачката КУПУВАЧОТ ќе добие e-mail порака која ќе  содржи потврда дека нарачката на КУПУВАЧОТ е успешно извршена, КУПУВАЧОТ деталите за  нарачката може да ги види преку својот профил.
При вршење нарачка Купувачот остварува  директен купопродажен договор до Трговецот, и притоа меѓу нив важи законската регулатива од  таа сфера.

 

Цени на производите и  услугите 

Продажната цена е крајната цена на единица на некој производ или услуга или пак на  дадената количина на производот, вклучувајќи го тука и данокот на додадена вредност и сите  други јавни давачки.
Наплатата секогаш се врши во денари. Доколку е одбрана опцијата  цените да се прикажани во друга валута, податоците се само од информативен карактер, а  наплатата останува во денари.


Ограничени производи и  услуги

Преку Веб продавниците дел од Трговски центар се забранува продажба на следниве  производи:

  • Крв и делови од телото
  • Алатки за ограбување
  • Опојни дроги
  • Детска Порнографија
  • Материјали со навредлива содржина
  • Документи за идентификација и лични податоци
  • Фалсификувани Производи
  • Оружје и експлозивни направи
  • Ознаки на Војска или Полиција
  • Лекови кои се продаваат на рецепт
  • Акции
  • Предмети прибавени како резултат на кривично дело

Доколку за одредени групи на производи е потребна дозвола или лиценца за продажба или  подлежат на специјален режим на продажба обезбедувањето на законските предуслови за продажба  на овие производи претставува обврска на ТРГОВЕЦОТ.

Надоместоци за сервисот за Е- трговија

Описот и цените на пакетите за веб сајт и интернет продавница се наведени на - Webdesigner и Store
Наведените цени и функционалности важат за сите постоечки и потенцијални клиенти од 12.11.2015

Каталог 

Трговецот е должен да ги исполни следните обврски при дефинирањето и управувањето со  каталогот на производи и услуги:

  • Залихата мора да биде водена прецизно од страна на Трговецот. Сите  трошоци поради нарачан производ кој не е на залиха ги сноси самиот Трговец.
  • Производите треба да се сместени во соодветни категории. Трговецот може  да побара воведување на нова категорија производи доколку истата не е достапна во системот.  Трговски центар ќе се обиде во најкраток рок да ја овозможи.
  • При внесување производ задолжително треба да се дефинира брендот, или  доколку е непознат се селектира соодветно. Доколку брендот е претходно внесен, истиот може  понатаму да се одбира од понудените при внесувањето. При внесување бренд не смее да се  прават печатни грешни или ист бренд да се внесува во различни верзии.
  • Тежината на производот заедно со амбалажа при испорака треба задолжително да се внесе.  Врз таа вредност се пресметува цената на испораката. Трговецот е одговорен за сите трошоци и  штети кои би настанале поради погрешно наведена тежина при испорака. Затоа препорачливо е  тежината да се внесе за малку повисока од реалната.
  • ТРГОВЕЦОТ е должен производот да го продава во соодветна амбалажа.  Амбалажата не смее да биде штетна за здравјето на луѓето, мора да биде приспособена на  формата и количината на производот и не смее да го доведе во заблуда КУПУВАЧОТ по однос на  количината и големината на производот. Доколку Трговецот понуди украсно пакување, тоа мора  да биде соодветно на производот и начинот на испорака.
  • Трговецот е должен на прецизен и комплетен начин да го опише производот или  услугата, со цел да избегне трошоци од спорни нарачки во кои се тврди дека  испорачаниот производ е различен од нарачаниот. Притоа препорачливо е за секој производ да  има неколку слики со висок квалитет.

Додатни услуги за надградување на пакети се:

  • Брендирана афилијативна програма
  • Смарт меилер пораки 
  • Меилер пораки
  • Промоција на Трговски центар

Bo додатни услуги се и уникатните типови на Попусти:

  • доделување на поени
  • промоција на Трговски центар
  • попуст по број нарачки
  • корисник зачленет со е-маил домеин
  • промо код
  • групни попусти
  • попусти по бренд  

Надградбата на пакетите се врши во администраторскиот дел на интернет продавницата.Услугите се тарифираат 12 месечно и се пресметуваат во 12 месечна фактура за трошоци. 

Испорака

Во однос на испораката Трговците и купувачите треба да се придржуваат до следните  правила:

 

  • При испорака на нарачка која содржи повеќе производи Трговецот е должен сите производи  да ги амбалажира и испрати во една пратка.
  • Трговецот е должен на испорачателот да му ја предаде нарачката до изминување на 50% од  вкупно предвидениот рок за испорака, согласно со одбраниот метод на испорака од страна на  купувачот.
  • Трговецот мора тежината на користената амбалажа да ја вкалкулира во поединечната тежина  на производите. Секоја неусогласеност на тежината на пратките со вкупната тежина  искалкулирана од системот, е на товар на Трговецот.
  • Трговецот е обврзан нарачките да ги испорачува согласно со одбраниот метод на испорака  од страна на Купувачите.
  • Доколку Трговецот организира испорака сам или со негов добавувач, должен е да обезбеди  потпишана потврда за прием, за идентитетот на примателот и за соодветноста и исправноста на  доставените производи.
  • Секоја недоследност и неоправдано пречекорување на рокот за испораката е на товар на  Трговецот во случај самиот да ја организира испораката. Доколку испораката оди преку  сервисот на Трговски центар, ние ја превземаме одговорноста за неажурната испорака.
  • Трговецот мора да чува архива за сите нарачки и испораки направени во последните 3(три)  години.
  • При испорака на производите Трговецот е должен во целост да ја почитува Политиката за  Испорака и Системот за рекламации на Трговски центар.
  • Трговецот е должен да води прецизна и навремена евиденција на статусот на испорака на  нарачки во системот за администрација на неговата продавница во Трговски центар. Трговецот  сноси полна одговорност за секоја неусогласеност на статусите за испорака во однос на  фактичката состојба. Во тој случај Трговски центар има право да превземе казнени мерки.
  • Купувачот превзема обврска дека примателот на нарачката ќе биде достапен на наведените  адреса и телефонски број. Доколку обидот за испорака не успее, трошокот за повторна испорака  го сноси купувачот.
  • Трговецот е должен сам да ги испорачува производите за кои е определена бесплатна  испорака.
  • Купувач не смее да внесе поштенски фах како место за испорака на нарачка. Сепак доколку  тоа се случи, Трговецот е обврзан да не испорача таква нарачка и да ја пријави до Трговски  центар.


Рекламации

Трговецот е должен во целост да ја почитува законската регулатива која ги определува  неговите обврски во купопродажните договори и да ги почитува правата на Купувачите.

Покрај тоа Трговски центар пропишува дополнителни правила со цел да обезбеди висок  квалитет на услуга.

При процесот на рекламација на производ препорачаната процедура е следната:

1. Прв чекор за Купувачот е директно контактирање на Трговецот.  Трговецот треба да ја реши рекламацијата во договор со Купувачот со цел да се осигура  задоволството на Купувачот, да се спречи електронска рекламација, потенцијално губење на  промет заради враќање на парите, нарушување на репутацијата на Трговецот и можни мерки од  страна на Трговски центар во случај на зачестени рекламации. 

2. Доколку Трговецот и Купувачот не успеат да се договорат во директен контакт,  Купувачот може да отвори официјална рекламација преку системот на Трговски  центар, во рок од 5 дена од испорачувањето на производот. Доколку Купувачот се реши  да го искористи ова право, се откажува од било кој друг начин на решавање на рекламацијата,  и комплетната надлежност за арбитража му ја префрла на системот на Трговски центар.

Трговецот е должен да ја реши рекламацијата во рок од 5(пет) дена од поднесувањето.  Доколку не ја процесира во тој рок, рекламацијата автоматски ќе биде решена со враќање на  парите на Купувачот. Притоа Купувачот е должен на свој трошок да го врати производот. При  враќањето на парите кон Купувачот се враќа сумата на прозводот, додека сумата за испорака е  неповратна.

3. Доколку Купувачот е незадоволен од решението кое го определил Трговецот, има право во  рок од 5(пет) дена од решението да ја пренесе рекламацијата на арбитража од страна на  Трговски центар. Притоа Трговски центар има право од двете страни да ги побара сите потребни  документи во врска со случајот и по сопствено убедување да донесе одлука дали рекламацијата  се прифаќа. Рокот за решение од Трговски центар е 30 дена од барањето за арбитража.  Решението на Трговски центар е конечно и Трговецот и Купувачот се обврзани да го  почитуваат. 

Согласно со Законот за заштита за потрошувачите, купувачот нема право на рекламација  доколку недостатокот на производот или услугата е минимален.

Враќање на производ

КУПУВАЧОТ може да го врати производот без да ја наведе причината за таквата негова  постапка во рок од 7 работни дена од денот на прием на производот. Во тој случај средствата  кои ги платил ќе му бидат вратени намалени за трошоците за првичната испорака.

Вратениот производ и пакувањето мора да бидат 100% во оригинална неоштетена состојба.  Трошокот за испорака на вратениот производ назад до Трговецот е на сметка на Купувачот.

Услови за остварување на правата на  Купувачите

 КУПУВАЧОТ за да ги оствари правата од овие општи услови должен е да ги приложи  документитие кои му биле дадени при испорака на производот како и производот да го чува  неоштетен и неупотребуван. 

Комуникација помеѓу Купувачот и  Трговецот

 КУПУВАЧИТЕ за сите прашања во врска со производите, испораката на производите,  рекламациите и гаранциите треба директно да се обратат до конкретната продавница.

Контакт информациите за секоја продавница се видливо прикажани на веб страната на  продавницата.

 

Контрола на квалитет

Трговски центар го следи општото работење на Трговците и нивото на квалитет на нивната  услуга.

Трговецот е обврзан да се придржува кон следните стандарди за квалитет : 

  • да има над 95% навремено испорачани нарачки во месецот.
  • да има над 97% успешно опслужени нарачки во месецот. Во тој процент влегуваат и  нарачките со рекламација кои не се решени со враќање на парите.
  • да има над 99% нарачки без рекламација во месецот.
  • редовно да ја администрира продавницата. Запоставувањето се регистрира од  Трговски центар.

Доколку Трговецот не ја исполни оваа обврска, Трговски центар има право да примени мерка за казна и надомест на штета со тоа што ќе наплати износ во висина на една месечна претплата од моментално користениот пакет, за секоја неуспешно испорачана нарачка над пропишаниот дозволен праг.

(Надоместите за пречекорување се додадени на 06.12.2015)

Надоместите за пречекорување праг од 97% на успешно испорачани нарачки се:

- 0-1000 ден ( 150,00 ден надомест на штета)

- 1.000,00 ден - 10.000,00 ден (300,00 ден надомест на штета)

- над 10.000,00 ден ( 3% од износот на откажаниот продукт за испорака)


Промоции

Трговецот има можност за промоција во излог, препорачани продавници и препорачани производи на www.tc.mk.  Позиционирањето во овие блокови се врши според системот за наддавање преку кој Трговците  нудат износ за определена позиција. Доколку некој понуди повеќе, и нивниот производ е симнат  на пониска позиција, ќе бидат известени преку е-пошта.

За превземање на определени  позиции потребно е да се надмине понудата на конкурентите за определен процент : прво место  35%, второ место 25%, трето место 20%, четврто место 15%, петто место и натаму 10%.

Трговецот го има на располагање и Системот за попусти

 


Напреден дизајн

Доколку трговецот ја искористи можноста за Напреден дизајн, односно самиот да направи  поголеми промени на изгледот на својата продавница, промените не смеат да го нарушуваат  нивото на квалитет и функционалност на Трговски центар. Сите вградени функционалности и  визуелни целини мора да ја задржат првобитната намена.

Доколку промените ги прекршуваат овие услови Трговски центар има право да побара од Трговецот да ги отстрани тие промени.


Содржини

Трговецот е должен да ги внесе следните содржини во својата продавница:

  • Услови за гаранцијата на производите и услугите
  • Опис на сопствените методи за испорака доколку ги има
  • Комплетни податоци за контакт со продавницата
  • Текст „За продавницата“

По потреба може да внесе текст со промотивни содржини на почетната страна од  продавницата.


Стопирана продажба

Трговецот е должен да ја оневозможи продажбата во период кога не може да испорачува  нарачки. За таа цел има опција во страната Параметри во администрацијата.


Активација/Деактивација на  продавница

Продавницата може да биде активирана и достапна за јавноста само доколку е подготвена со  внесени производи, текстови и визуелни содржини.

Автоматски сервис за ажурирање  залиха

Трговците кои имаат продавници од пакетот Мега имаат на располагање автоматски  сервис кој двонасочно може да ја ажурира залихата кон нивен постоечки софтвер за залиха.

Притоа Трговецот е должен со сопствени ресурси да оформи софтверско поврзување со сервисот.

 Забранети содржини и производи во каталог за веб сајтови

Преку Веб сајтовите дел од Трговски центар се забранува содржина на следниве  категории:

  • Крв и делови од телото
  • Алатки за ограбување
  • Опојни дроги
  • Детска Порнографија
  • Материјали со навредлива содржина
  • Документи за идентификација и лични податоци
  • Фалсификувани Производи
  • Оружје и експлозивни направи
  • Ознаки на Војска или Полиција
  • Акции
  • Предмети прибавени како резултат на кривично дело

Задоцнето плаќање на претплата 


Доколку трговецот го пречекори рокот за исплата на претплата на продажното место давателот на услугата има право да 

му фактурира камата зависно од времетраењето:

  • 5%  од фактурираната сума за доцнење во времетраење од 1 месец
  • 7%  од фактурираната сума за доцнење во времетраење од 2 месеца
  • 10% од фактурираната сума за доцнење во времетраење од 3 месеца

 

Претплати се на нашиот Е-билтен

Добивај ги новостите и попустите на e-mail