Категории
cart

 

Услови за Афилијативни партнери

1.    Дефиниции

2.    Купување преку афилијативна мрежа

3.    Што е дозволено а што не е

4.    Регистрација

5.    Политика на трансакциска провизија

6.    Рок и начин на исплата на провизија

7.    Податоци за кои Трговски центар има  пристап

8.    Безбедност

9.    Промена на корисничките услови за афилијативна мрежа

 

1. Дефиниции

Афилијативен партнер - Физичко или правно лице кое поседува веб сајт/портал и ги продава производите кои се наоѓаат во блокот на афилијативната програма.

Трговец - Правно лице кое поседува веб продавница на Трговски центар одредува колкав процент ќе му додели на афилијатовниот партнер по направена продажба.

Трговски Центар е агрегатор на интернет продавници каде се продаваат физички производи на илјадници клиенти на годишно ниво. Најновиот сервис кој ги опслужува трговците е афилијативен систем или афилијативна мрежа. Како и останатите афилијативни мрежи, и Трговски Центар има афилијативни партнери кои ги промовираат и продаваат производите на трговците. Овој документ се однесува на начинот на кој Трговски Центар преку афилијативната мрежа ги собира, користи и одржува податоците на партнерите како и нивната заштита.

 

2. Купување преку Афилијативна мрежа

Купувачот кој го посетил веб сајтот и е пренасочен од веб-страната на афилијативниот партнер кон интернет продавницата на трговецот и притоа тој извршил акција (нарачка на производ), афилијативниот промотер добива одреден процент(кој го одредува трговецот) од трговецот за извршената продажба. 

 

3. Што е дозволено а што не е

Дозволено е

  • Дозволено е да промовираат производи од категорија за која пројавуаат интерест или производи релевантни на содржината на нивниот блог/вебсајт/портал. На тој начин можат да се генерираат најмногу продажба, бидејќи производот е таргетиран за содржината на вебсајтот.
  • Да ја искористи флексибилноста во креирањето на блокови (рамки, позадини, детали) за истите да се совпаѓаат со дизајнот на страната

Не е дозволено 

  • Спам - Постојат многу причини поради кои Трговски Центар забранува користење на спам техники со злоупотреба на производите од мрежата. Ние го го разбираме спамот како многу сериозна работа и секој афилијативен промотор кој го прекршува ова правило ќе биде исклучен од мрежата.

 

4. Регистрација

Секој интернет корисник без разлика дали е правно или физичко лице, може да се регистрира на афилијативната мрежа на Трговски Центар. Ние го задржуваме правото да го деактивираме секој корисник кој ќе оцениме дека дејствува спротивно на условите за користење или чија работа доведува до ризик од штета за нас или било које трето лице.

 

5. Политика на трансакциска провизија

Провизијата ја одредуваат трговците за нивните производи. Секој трговец има можност да внесе афилијативна провизија за неговите производи. Откако ќе се внесе провизија за одреден производ, во истиот момент тој станува активен во афилијативниот систем и афилијативните партнери може да го промовираат. Афилијативниот партнер добива провизија согласно со одредбите на трговецот за неговите производи, за секоја продажба на производ преку линк на неговиот медиум. Постојат два вида на трансакциска провизија: цела и половична. Доколку корисникот кликне на некој производ од блокот со производи и притоа го купи истиот тој производ, афилијативниот партнер добива цела провизија. Ова е случај на директна нарачка. Доколку корисникот кликне на некој производ од блокот а потоа нарача друг продукт од Трговецот, афилијативниот партнер добива половина од провизијата.Ова е случај на индиректна нарачка. Афилијативниот партнер добива прoвизија цела во рок од 14 дена доколку корисникот во тој период купи некој производ и притоа последна страна од каде се пренасочил на страната со производот е онаа на афилијативниот партнер.Доколку има нарачка измеѓу 14ти и 30ти ден од моментот на посета која потекнува е од страна веб сајтот на афилијативниот партнер добива половична провизија.Доколку купувачот го кликне на ист производ од  повеќе веб портали/веб сајтови и го купи провизијата ќе му се исплати на првиот веб сајт од каде што  стигнал купувачот до производот.

 

6. Рок и начин на исплата на провизијата

Афилијативниот партнер во неговиот профил одредува минимална сума за исплата на неговата трансакциска сметка. На пример ако внесе 1000 ден. тогаш се додека неговата збирна провизија не достигне 1000 денари, нема да се изврши исплата на неговата сметка.

 

7.  Податоци за кои Трговски центар има  пристап

Трговски центар има пристап до одредени податоци со цел да ви овозможи правилно и непречено работење на нашите партнери. Податоците кои ги собираме од нашите афилијативни партнери, се дадени доброволно со нивна согласност при регистрација на системот.

Користење на кориснички податоци

Трговски центар ќе ги користи вашите податоци на следниве начини:

  • Трговски центар ќе ве регистрира како клиент и ќе ви отвори профил на мрежата.
  • Ќе ви се испрати е-маил за нови производи, особености на системот или сервиси.
  • Ќе се изврши акција за која вие ќе давате специфични информации (на пр. ќе ви ги плати приходите на вашата трансакциска сметка).
  • Освен за потребите на афилијативната мрежа,Tрговски центар нема експлицитно да ги користи вашите податоци или да ги споделува со некој друг ентитет надвор од Трговски Центар за било какви цели.

Колачиња (Cookies)

Трговски центар дефинира колачиња како низа од податоци кои автоматски се зачувуваат на вашиот компјутер со користењето на онлајн сервисoт на Трговски центар. Трговски Центар вклучува колачиња за да додели привремени идентификациони броеви на купувачите. Таа информација подоцна овозможува да спречи напади на системот на Трговски центар, да открие и спречи нелегални трансакции и ни помага да ја најдеме врската помеѓу купениот производ и афилијативните партнери. 

Сите колачиња на Трговски Центар се:

  • Лимитирани во траење
  • Помали од 5KB
  • Видливи само за сереверот на Трговски Центар
  • Ослободени од собирање на било какви лични информации

 

8. Безбедност

Кога корисникот ќе внесува осетливи информации како кредитна картичка или е-маил адреса во формите за потполнување, ние ја криптираме таа информација користејќи SSL. Трговски Центар ги следи светските стандарди за заштита на личните податоци од корисниците кои ги добива,

 

9. Промена на корисничките услови за афилијативна мрежа

Ако решиме да ги промениме корисничките услови за користењето на афилијативната мрежа, ќе направиме промена на оваа страна во датата под насловот. Ние го задржуваме правото да ги менуваме правилата во секое време, и затоа повремено посетувајте ја оваа страна. Ако направиме било каква промена, ќе ве исвестиме по е-маил и на почетната страна на вашиот профил. Согласност со условите Со користење на афилијативниот систем вие ги прифаќате условите. Повремено прегледувајте ја оваа страна за да видите дали има промени во условите Ако имате било какво прашање, коментар или загриженост за корисничките услови за афилијативната мрежа, можете да ги искористите следниве средства за да не контактирате:

 

Тел: 02/3224784
Skype: @trgovskicentar
E-маил: biznis@tc.mk
Адреса: Интернет трговија ДООЕЛ, ул.„Франклин Рузвелт“ бр.39 кат 1, 1000 Скопје, Македонија

 

 

Претплати се на нашиот Е-билтен

Добивај ги новостите и попустите на e-mail