Категории
cart

Упатство за шопинг

Почитувани посетители тука можете да најдете информации и правила за користење на следните делови од Трговски центар:

  1. Зачленување
  2. Управување со вашите податоци
  3. Пребарување
  4. Додавање производи во кошничка
  5. Комплетирање на нарачка
  6. Испорака
  7. Рекламации
  8. Гаранција и враќање производ

1. Зачленување
 

Зачленувањето како купувач на Трговски центар се врши преку врската "Зачлени се" кое се наоѓа во горниот дел на  секоја страна. 

Слика 1. Зачленување како купувач

Најгоре^

2. Управување со вашите податоци 

За да пристапите до страните за управување со ваши податоци најпрво потребно е да се најавите во горниот дел на страните:


Слика 2. Најава на купувач

Влегувањето во корисничкиот дел е преку врската "Профил", која се наоѓа на најдолу- на средина. Таму ќе имате можност да  ги прегледате и промените своите лични податоци, да промените лозинка, прегледате историја на нарачки и да пратите рекламација за конкретна нарачка.

Слика 3. Лични податоци на купувачот

3. Пребарување

Пребарувањето можете да го започнете на секоја страна со внесување на бараниот термин во текст полето „Барај“ кое се наоѓа на средината од главното  мени.

Добиените резултати можете да ги сортирате по повеќе критериуми, а начинот на преглед може да биде листа и галерија.

 

Слика 4. Пребарување

Во десната колона се појавуваат специјални филтри кои дозволуваат добиените резултати ефикасно да се филтрираат според достапните критериуми.  Одбраните филтри можат да се одстрануваат преку копчињата „х“.

 

Слика 5. Филтри за пребарување

 

4. Додавање производи во кошничка

Производите може да ги додадете во кошничка со кликање на копчето со портокалово на кое пишува „Додај во кошничка“. Истото може да го сретнете во два типа  на страници: резултати од пребарување и детали на производ. 

Доколку производот има варијанти и величини, ќе можете  да ја одберете потребната варијанта или величина пред да го додадете во кошничка.

 

Слика 6. Производ со варијанти и велични

На врвот од десната колона на секоја веб страна се наоѓа краток преглед на кошничката.

Слика 7. Кошничка со производи

5. Комплетирање на нарачка

Со кликање на копчето „Кошничка“ се влегува во деталната страна за комплетирање на нарачката. Тука можете да ги направите следните активности:

- Менување на количина од производ

- Одбирање на метод за испорака според продавница; Само методите кои се достапни за вашата конкретна нарачка ќе бидат прикажани во листата за избор. До избраниот метод има копче „?“ преку кое можете да прочитате подетален опис за методот на испорака.

- Пресметка на цената според направените промени

- Внесување на податоците за наплата и испорака

Слика 8. Внесување количина на производ и одбирање метод за испорака

 

6. Испорака

Испораката на нарачката ќе биде извршена согласно со одбраните методи за испорака, засебно за секоја продавница.

 

Можно е да бидете контактирани од службата за испорака доколку на адресата за испорака не пронајдат никого, или адресата не е точна.

Испораките кои се прават преку официјалните методи за испорака на Трговски центар се осигурани, со што се елиминира секаков ризик и компликација поради оштетување при испорака.

 

Посебните типови за испорака на продавниците имаат свои услови и правила со кои треба да се запознаете при нарачката.

 

 

7. Рекламации

Трговски центар има главна цел да осигура континуирано задоволство на своите корисници и да биде предводник во квалитетот на услугата. Согласно на тоа, корисниците се заштитени од скалест систем за рекламации, кој елиминира ситуации кои се на штета на чесните корисници и воедно ги охрабрува трговците да водат грижа за своите купувачи.

 


При процесот на рекламација на производ препорачаната процедура е следната:

1.Прв чекор за Купувачот е директно контактирање на Трговецот. Трговецот треба да ја реши рекламацијата во договор со Купувачот со цел да се осигура задоволството на Купувачот, да се спречи електронска рекламација, потенцијално губење на промет заради враќање на парите, нарушување на репутацијата на Трговецот и можни мерки од страна на Трговски центар во случај на зачестени рекламации.

2.Доколку Трговецот и Купувачот не успеат да се договорат во директен контакт, Купувачот може да отвори официјална рекламација преку системот на Трговски центар, во рок од 5 дена од испорачувањето на производот. Доколку Купувачот се реши да го искористи ова право, се откажува од било кој друг начин на решавање на рекламацијата, и комплетната надлежност за арбитража му ја префрла на системот на Трговски центар.

Трговецот е должен да ја реши рекламацијата во рок од 5(пет) дена од поднесувањето. Доколку не ја процесира во тој рок, рекламацијата автоматски ќе биде решена со враќање на парите на Купувачот. Притоа Купувачот е должен на свој трошок да го врати производот. При враќањето на парите кон Купувачот се враќа сумата на прозводот, додека сумата за испорака е неповратна.

3.Доколку Купувачот е незадоволен од решението кое го определил Трговецот, има право во рок од 5(пет) дена од решението да ја пренесе рекламацијата на арбитража од страна на Трговски центар. Притоа Трговски центар има право од двете страни да ги побара сите потребни документи во врска со случајот и по сопствено убедување да донесе одлука дали рекламацијата се прифаќа. Рокот за решение од Трговски центар е 30 дена од барањето за арбитража. Решението на Трговски центар е конечно и Трговецот и Купувачот се обврзани да го почитуваат.

Согласно со Законот за заштита за потрошувачите, купувачот нема право на рекламација доколку недостатокот на производот или услугата е минимален.

 

8. Гаранција и враќање производ

 КУПУВАЧОТ може да го врати производот без да ја наведе причината за таквата негова постапка во рок од 7 работни дена од денот на прием на производот. Во тој случај средствата кои ги платил ќе му бидат вратени намалени за трошоците за првичната испорака.
Вратениот производ и пакувањето мора да бидат 100% во оригинална неоштетена состојба. Трошокот за испорака на вратениот производ назад до Трговецот е на сметка на Купувачот.

Во останатите случаи се применуваат гаранциските услови за купениот производ.

Претплати се на нашиот Е-билтен

Добивај ги новостите и попустите на e-mail