Категории
cart

Сигурно купување

 

Трговски центар е максимално посветен на сигурноста и доверливоста на целокупното свое работење. Притоа наш приоритет е комплетната сигурност на нашите купувачи при плаќањето и користењето на своите кредитни картички.

Сигурноста при купувањето во Трговски центар е гарантирана преку имплементација на најдобрите технички решенија и процеси:

 

  • Најквалитетни партнери за финансиски трансакции
    Сите платежни трансакции на Трговски центар се извршуваат со помош на системот на една од најголемите македонски банки Стопанска банка, кој е овозможен и подржан од Касис-Cpay, реномирана компанија за картични трансакции. Заедно со нашите партнери го користиме целото светско искуство во оваа област за да овозможиме максимална сигурност и доверливост.
  • Чување на податоци
    Единствена институција која доаѓа во допир со Вашите финансиски податоци(број на кредитна картичка) е нашиот доверлив партнер Стопанска банка.
    Пред внесувањето на бројот од кредитната картичка сте пренасочени на сигурна веб страна на банката, каде што се внесува бројот и се потврдува трансакцијата. Притоа податоците се чуваат во склад со највисоките банкарски критериуми за сигурно работење.
  • Сигурно поврзување
    Трговски центар превзема дополнителна мерка за да го заштити и поврзување за време на правењето на трансакцијата. Притоа сите чувствителни податоци се пренесуваат преку сигурна енкриптирана врска.
  • Систем за заштита од измама (Fraud management)
    Со цел да овозможиме највисоко ниво на сигурност за нашите купувачи, пуштивме во употреба наш систем за заштита од измами(Fraud management) по углед на најреномираните компании од ова област како PayPal или Moneybookers. 
    Со тоа нашите купувачи и трговци ке уживаат двојна заштита од измами, преку системот на Трговски центар и системот на Стопанска банка и Касис-Cpay
    Нашиот систем ги следи сомнителните параметри, при што превзема мерки за стопирање на можни злоупотреби. Заради дополнителна сигурност, автоматските мерки на системот се надополнети со константен надзор и мерки на нашите вработени во одделот за управување со ризик.
  • Селекција на трговци
    Сите трговци поминуваат низ процес на евалуација пред да добијат дозвола за продажба во Трговски центар. Со тоа осигуруваме пристап само на сериозните трговски друштва кои се посветени на висок квалитет на услуга кон купувачите. Понатаму работењето на сите трговци се следи преку системите за рекламации и за контрола на квалитетот.
  • Систем за рекламации
    Преку системот за рекламации Трговски центар осигурува дека трговците ќе го почитуваат високиот стандард за квалитет на услугата што го наметнува Трговски центар.
    При рекламација секој купувач освен можноста за директен контакт со продавницата, може да се потпре и на електронскиот систем за рекламации. Во процедурата на системот за рекламации трговецот е должен да ја реши рекламацијата на правичен начин. Доколку купувачот е незадоволен од решението, рекламацијата преоѓа во надлежност на Трговски центар, при што е гарантиран правичен исход. Решението секогаш ќе биде темелено врз објективни докази. 
    Краен исход од секое купување на Трговски центар е задоволен купувач.
  • Систем за контрола на квалитетот
    Трговски центар располага и со систем и за општа контрола на квалитетот, при што се следат генерални параметри на купувачи и трговци кои не се придржуваат до општите услови. Ги следиме случаите на неажурно испорачување нарачки, запоставени продавници, лошо водење рекламации, зачестени рекламации, погрешни рекламации, итн.


Со ова Трговски центар е доверлив пријател во вашето секојдневние.

Претплати се на нашиот Е-билтен

Добивај ги новостите и попустите на e-mail