Корисничка поддршка
Во Трговски центар задоволството на купувачот е на прво место!
Почитувани посетители,
Како дел од мисијата за обезбедување на континуирано задоволство на нашите посетители, Трговски центар спроведува неколку методи кои гарантираат позитивен исход во корист на чесниот купувач.
За пријавување на неиспорачување на производ или испорачан производ кој значително се разликува од опишаниот, Трговски центар на корисниците им препорачува чекори по овој редослед:
Директен контакт со продавницата
Најпрво ги охрабруваме купувачите за сите прашања во врска со производите, испораката, рекламации и гаранции, директно да ја контактираат конкретната продавница. Контакт информациите се видливо прикажани на страните од продавниците во десната колона.
Притоа купувачите ги имаат сите права пропишани од Законот за заштита на потрошувачите.
Систем за рекламации
За дополнително осигурување на задоволството на купувачите, Трговски центар го регулира односот помеѓу купувачите и трговците со специјален систем за рекламации.
Доколку директниот контакт со продавницата не го даде посакуваниот резултат, на располагање го имате системот за рекламации, каде ќе можете официјално да го пријавите проблемот. Притоа решението на рекламацијата ќе се темели на соодветна документација(сметка, е-маил за нарачка, слики, потврда за прием и слично). Трговски центар го контролира целиот процес и овозможува фер исход. Кликнете ТУКА за да пријавите рекламација.
Контакт со Трговски центар
За секакви понатамошни прашања и проблеми, можете директно да го контактирате Трговски центар преку е-пошта .
Искрено ваш,
Трговски центар


