Категории
cart

Ајнштајновата девојка

Tc product rating | 0 мислења | Внеси
190,00 ден.
Краток опис

Нежна, интелигентна и на моменти провокативна приказна, која не е само еден обичен трилер! Приказната нѝ претставува двајца луѓе кои се во потрага по вистината и надежта во еден свет исполнет со омраза, војни и предавства! Во тие моменти вљубените се фатени во бурата што ја испишува историјата.

Бренд
Култура Tc product rating | 0 мислења
Потребна е регистрација Постави прашање

Провокативен наслов, барем доволно колку да ви го привлече вниманието и да ве втурне во потрага по овој роман.

Во прв момент се упатува на тоа дека овој роман на Филип Сингтон, сместен во 30-тите години, е инспириран од тајните писма на славниот Алберт Ајнштајн, најголемиот ум на дваесеттиот век, пишувани до неговата прва сопруга.

Нежна, интелигентна и на моменти провокативна приказна, која не е само еден обичен трилер! Приказната нѝ претставува двајца луѓе кои се во потрага по вистината и надежта во еден свет исполнет со омраза, војни и предавства! Во тие моменти вљубените се фатени во бурата што ја испишува историјата.

Замислете тоа била српската математичарка Милева Мариќ. Но колку подлабоко навлегувате во приказната толку повеќе приказната се проширува.

Тука е и Мартин Кирш, психијатар, кој го прифаќа случајот со младата девојка која е пронајдена, без свест, во шумите близу до Берлин, и со изгубено помнење. Мартин ја познава од кратката романтична средба која ја имал со неа, па поради тоа се чувствува должен да го прифати случајот. До неа бил пронајден и леток со кој се најавува најновото предавање на Ајнштајн.

Истрагата на Мартин го води до неверојатни докази! Му ја открива врската и поврзаноста помеѓу "Пациентот Е" и Алберт Ајнштајн, највлијателниот непријател на Нацистите.

Верувајќи дека Ајнштајн можеби го држи клучот со кој би се ослободила меморијата на пациентот, Мартин навлегува во мрачниот живот на физичарот, оформен според верувањето дека со помош на мудроста доаѓа добрината.

Тоа што го открива е неверојатно, всушност како и животот на Ајнштајн!

Внеси
Нема мислења за производот.
Испораките и рекламациите се вчитуваат


    
     

  Сигурно купување

 
  • Гарантирано рефундирање
  • Сигурно плаќање
  • Брзо решавање на рекламации
повеќе »

 Начини на плаќање

картички


уплатница
 повеќе »
 

Можеби ќе ви се допаѓа