јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Заштеди време и пари, купи 2 за 1 билети за театар

Објавено на од

Време е за втората од серијата кампањи кои ветивме дека ќе ги спроведеме. Да повторам, целта на овие промотивни кампањи ни е да истакнеме некои од позитивните страни на купувањето на интернет и секако малку по малку да го разбиваме митот за интернет трговијата во Македонија. Знате на што мислам, оној муабет дека се плашат луѓето да остават картичка и сл. :)

Жената

Вторава кампања ќе ја реализираме во соработка со Драмскиот Театар Скопје. Претпоставувате, ќе има билети за претстава. За корисниците на ТЦ.мк денес започнува специјална промотивна понуда. За претставата Жената како воено поле која ќе се одигра на 19 април (понеделник) во 20.00 часот ќе може по цена за еден билет да купите два.

Напомена: со купување на еден билет автоматски ви следува и билетот за следното седиште, затоа може да одберете само непарни седишта.

Оваа кампања демонстрира една предност на купувањето на интернет а тоа е заштедата на време. Имено, купените билети ќе можете да си ги подигнете на касата на Драмски Театар пред почетокот на самата претстава и со тоа ќе заштедите едно одење до билетарата. Ова одење до билетара некогаш знае да биде и повеќе од едно, ако таа не работи или да биде безполезно ако нема билети за претставата што сакате да ја гледате.

„Отвараш, tc.mk, доаѓаш до Драмски театар, разгледуваш репертоар и одбираш престава.Си купуваш карти, ти останува само уште да стигнеш на престава и да уживаш час и половина.“ - предноста најдобро е опишана во овој коментар од купувач на ТЦ.мк

Затоа побрзајте. Бројот на билети кои може да ги купите како дел од оваа кампања е ограничен. Истите ќе ги оставиме да бидат достапни на ТЦ.мк се додека не се продадат, со други зборови нема да ја пуштаме кампањава во одреден временски период како минатата.

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен