јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

7 чекори до успешен бизнис за е-трговија

Објавено на од

Веќе зборувавме за основите елементи на една веб продавница, но што е потребно за успешен бизнис за е трговија во Македонија? Пред да инвестирате во бизнис со е-трговија, потребно е да ги имате на ум следните 7 чекори за успех.

 

1. Веб страна со модерен дизајн.

Број 1 со причина. За гарантиран успех е потребно да имате, најпрво, веб страна која има беспрекорен дизајн, интуиција, сугестии и лесна навигација ако сакате да бидете сериозно сфатени од потенцијалните купувачи.

Интернет продавницата мора да изгледа професионално за да создаде доверба и сигурност кај купувачите, да биде оптимизирана со квалитетна содржина и фотографии. Посетителите ја проценуваат веб страната за 3 секунди - тоа е се што имате! Затоа вреди да се инвестира во уникатно искуство за корисникот.

2. Одберете ги вашите производи.

Ова може да има две сценариа. Првото е дека веќе имате свој бизнис со производство и портфолио на производи кои сакате да ги продавате на интернет преку наменска интернет продавница, со што ќе овозможите уште еден канал за продажба.

Второто сценарио е кога сакате да започнете бизнис со е-трговија без физичка продавница. Во овој случај потребно е да направите истражување за тоа кои производи најмногу се купуваат преку интернет во Македонија.

Нашата анализа направена на база на извештаите од продажба на нашите клиенти е дека македонските потрошувачи преку интернет најмногу купуваат: Облека, Електроника и Мебел. Додека на глобално ниво најмногу се купува: Електроника, Книги и Облека.

Го воочивте ли трендот?

3. Каталог или комплетна продавница.

За успешна презентација на вашите производи потребно е да имате каталог од услуги/производи или комплетно функционална интернет продавница. Зависно од потребата за вашиот бизнис. Доколку сте купувале преку интернет веќе ги знаете сите елементи на интернет продавница , каталог, кошничка, процесор итн.

За среќа, немора да започнувате се од почеток. Во Македонија веќе постојат целосни системи за е-трговија кои ви овозможуваат автоматизиран процес од поставување на производ до синхронизација со залихи.

4. Процесор за наплата.

Иако изгледа неверојатно, во Македонија почна да се запоставува системот на наплата преку уплатница. Веќе постојат наплатни процесори кои се издадени од самите банки во Македонија.

5. Маркетинг и промоција на бизнисот.

За успешна бизнис приказна потребно е вашите производи да допрат до таргет пазарот и потрошувачите. Независно дали за создавање на свесност за брендот, позиционирање и промоција, потребно е да се инвестира во маркетинг или интернет маркетинг стратегии и да се комуницира со потрошувачите.

Резултатите од маркетингот и промоција се мерат и споредуваат со извештаите од продажба. Критично е позади секој бизнис да стои тим од експерти кој ќе реализира успешна маркетинг приказна, ќе раководи со социјалните мрежи и ќе го максимизира бројот на посетители на интернет продавницата, а со тоа и бројот на потенцијални потрошувачи.

Во Македонија се расте и трендот на афилијативен маркетинг (affiliate marketing) каде сопственици на веб страни и портали може да ги рекламираат вашите производи за процент од продажба која доаѓа од нивната веб страна.

6. Дистрибуција / Испорака.

Клучна точка од е-трговијата е системот на дистрибуција на производите до потрошувачите. Тоа што се продава мора да се испорaча на време и да биде исплатливо за компанијата. Направете калкулација и проценка - дали ќе ја наплатите доставата одвоено или пак ќе ја внесете во цената на производите.

7. Подршка после продажба.

 Подршката на корисници е можеби и најбитниот клуч во целиот процес. Како ќе се справите со рекламации? Дали ќе имате систем за додатна продажба и посебни цени за пакет производи? 

Подршката за корисници е разликата помеѓу еднократен и доживотен купувач. Секако пожелно е да имате и  додани системи како желботека, систем за лојалност и систем за рекламации. Задоволниот корисник ќе ве препорача и на своите  пријатели и фамилија - што е далеку подобар и поефективен маркетинг и промоција. Не заборавајте, купувачот е секогаш во право!

 

 Дали сте имале вие искуство со интернет бизнис? Споделете во коментари.

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање