јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Twitter стратегија за мали бизниси

Објавено на од

Во Македонија Твитер зазема се поголема популарност, за да успеете и да се позционирате на оваа социјална мрежа ви треба добра стратегија. Доста од советите за социјални медиуми се вртат околу збунувачки концепти и за тоа како треба да "слушате" и да се "вклучите".

Овој водич нема да ви каже и разјазни што да твитате, туку ќе ве насочи да ја изградите вашата твитер стратегија на долг рок за вашиот бизнис.

1. Одберете ја вашата публика.

Кого сакате да достигнете на твитер? Бидете специфични и ограничете ја публиката на конкретна целна публика која ви  треба. Придобивање на сите твитерџии е лоша стратегија.

Ако сте Б2Б копманија, на пример, би требало да ги достигнете другите бизниси и луѓето кои ги водат или се во нивните кругови на пријатели.

Пример: Побарајте околу 10-20 од вашите клиенти на Твитер ( пребарувајте на Google на следниот начин: "twitter ime prezime"). Имате резултати? Доколку да, посетете ги нивните профили и видете кого тие следат и со кого разговараат. Овие луѓе би можеле да бидат дел од вашата целна публика. Проучете како се однесуваат и за што сакаат да разговараат. 

Совет: Друга идеа е да користите термини или име индустријата во која е вашиот бизнис како хаштаг (#) и да ги пребарувате на Твитер, во резултатите ќе видите кои личности пишуваат и се интересираат за таа индустрија или сектор. Пример: #бизнис | 

 

Целта не е да се најдат сите со кои би стапиле во интеракција, туку оние кои имаат значење и корист за вашата компанија, кои би можеле да ве препорачаат на релевантни твитерџии. Истражувајте и видете кои твитерџии се највлијателни и чие мислење се цени за вашиот сектор и потоа одете на вториот чекор.

2. Разберете како комуницираат.

Можеби ова ќе звучи како клише, но и клишеата постојат со причина. Мора да разберете како вашата публика комуницира, што сакаат и што би споделиле. Неколку цврсти чекори со кои ќе започнете:

  • Проверете што луѓето зборуваат за вашата компанија, добри или лоши работи? Дали бараат подршка за тоа која компанија или продукт да ги изберат? Дали бараат мислење за искуство и препорака за производ?
  • Направете го истото за вашите конкуренти. Проверете дали тие влегуват или имаат влијание во дискусија.
  • Дали вашата публика „твита“ формално или неформално? Важно е за да го прилагодите тонот на вашите твитови и начинот на комуникација.
  • Направете анализа, што е споделено од вашата целна публика и што ре-твита? Каква содржина читаат на интернет? Какви идеи им создаваат возбуда, а какви ги вознемируваат?

3. Колку вреди Twitter следбеник?

Иако ова е повеќе теорија, но е многу важен чекор што многу компании го забораваат. Причината поради која сте на Twitter сигурно не е за „колку да ве има“ и на Twitter, туку затоа што барате добар повраток на инвестиција, зар не? 

Што целите? Може да биде било што, продажба, претплатници за билтен или пак популарност и свесност за вашиот бренд. Но важно е да имате цел и да се држите до неа.

Зависно од вашите цели, проценете колку секоја личност „чини“. Ова секако нема да биде цифра, туку идеа и средство за мерливост. На пример, ако правите Б2Б продажби и една продажба се цени на илјадници денари/евра, ќе имате различна стратегија и пристап одколку компанија со илјадници корисници која прави пари од реклами.

4. Поставете ЦЕЛ и следете ја.

Поставување на целта е на почеток на стратегијата, но мора да го следите успехот и резултатите од твитер. Мерење не значи број на следбеници затоа што тоа не секогаш значи дека оние кои ве следат ви обратуваат внимание на тоа што го споделувате.

Секако, постојат различни пристапи за тоа колкава база на следбеници треба да имате. Ако имате голема публика, нема да можете да посветите внимание на секој поединец.

Ако целта ви е да создадете свесност и популарност за бренд или компанија, тогаш голема публика т.е база на следбеници е добра цел. Поврзете го вашиот профил со алатки за мерње на посетеност.

Ако имате целна публка, секој следбеник има повеќе вредност. Вашата цел ќе биде да генерирате повеќе следбеници со текот на времето. Размислете мерење преку продажба, претплатници, пораки и прашања или посетеност.

5. Одредете конкретен пристап.

Јазикот на кој ќе говорите, пишувате и тоа што ќе го споделувате мора да биде таргетирано према целната публика. Ова значи дека треба да биде размислено и прецизно. На пример, комуникацијата и пристапот кон сопственици на бизнис и ИТ техничари би биле различни. Неколку прашања кои треба да знаете да ги одговорите:

  1. Колку формални или неформални сакате да бидете? А колку треба?
  2. Дали да пишувате со посебни термини и хаштагови?
  3. Каква содржина ќе споделувате?
  4. Можете ли да правите специјални понуди и кампањи?
  5. Каква е културата на компанијата? Пораката од компанија ја дефинира нејзината слика. Вашите следбеници би сакале повеќе оригиналност.
  6. Секоја Twitter стратегија е секогаш во пораст и мора да се адаптира на потребите на пазарот. Одлуката дека ви треба стратегија за на социјалните медиуми е важен прв чекор кој ќе ве натера да размислите колку е важен овој социјален медиум за вас и вашата компанија, бизнис. 

Клучот е да продолжите да експериментирате. Twitter континуирано се променува и подобрува и за да успеете мора да бидете спремни и флексибилни, но и да знаете каде сте насочени и што сакате за возврат.

Следи не @TCmkd_Services 

 

Што мислите, колку е важен twitter за Македонските компании и дали имаат добра стратегија на овој социјален медиум?

 

Споделете го мислењето во коментар.

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање