јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Како да станете лидер во Вашата индустрија преку социјални медиуми

Објавено на од

1#: Најдете го Вистинскиот Социјален Канал

 

 Првите чекори за да станете визионер во Вашата индустрија, одлучуваат кои социјални
платформи соодветствуваат на Вашата експертиза и таргет група и потоа ги насочуваат Вашите напори
кон тие конкретни канали.

Marketo добро го демонстрира овој чекор. Тие имаат производ кој што е високо-специјализиран
за продажните и бизнис сопствениците. Со цел да се привлече вниманието на оваа таргет група
Marketo треба да знае каде овие луѓе го трошат нивното време. Во овој случај соодветен социјален
медиум е LinkedIn - и затоа Marketo најголем дел од своето време го поминува споделувајќи содржини на
овој медиум.



Со избирање на највредниот социјален медиум за споделување и комуницирање, добивате поголема
изложеност, поголема конверзација, која што за возврат ќе резултира со зголемена доверба  - една

од најважните компоненти за станување на визионер.



#2: Креирај релевантна блог содржина



Многу брендови се жалат дека социјалните медиуми не функционираат за нив, бидејќи тие немаат што да постираат. Реалноста е дека најверојатно тие имаат право. Доколку не сте зафатени со креирање или наоѓање на релевантни и интересни работи кои би можеле да ги постирате, социјалните медиуми никогаш нема да бидат функционални за Вашиот бренд.

Доколку сакате да бидете визионер, слободно треба да ги изнесете вашите мисли и идеи - вашиот успех се потпира на објавување на квалитетна содржина (и нејзино споделување на други места).



Во најголем дел од случаите блогирањето претставува важен дел при пренесувањето на експертизата. Секако, различните индустрии бараат различни типови на содржина, притоа можете да пробате со креирање видеа, студии на случај, стручни написи и инфографици - со други збориви кажано, се што би можело да функционира за вашата таргет група.

Доколку го погледнете блогот на KISSmetrics, ќе видите дека тие вадат релевантни содржини, но тој не е толку уочлив.


Нивните постови се претставени во форма на издолжени и осветлени слики. Тие вклучуваат детално објаснети примери за да ги илустрира нивните цели и да се фокусира на одговарање на главните проблеми поврзани со маркетинг и бизнис, на нивната таргет група.

Не секој може да постигне успех со примена на овој модел. Треба да ја познавате својата таргет група и да се грижите за нивните потреби. Со оглед на тоа дека, таргет групата на KISSmetrics претежно е ориентирана кон податоци, соодветни се постовите каде преовладуваат текстуални содржини. Сигурно ќе имате различно искуство доколку вашиот бизнис припаѓа на индустрија која што се потпира на визуелна содржина (на пример, дизајн или животен стил). Се е релативно, зарем не?



#3: Вкрстено - промовирање и конверзија



Како што е прикажано во #1, најдоброто место за да ја споделите вашата содржина е на мрежата кадешто вашата таргет група е најактивна. Сепак, тоа не значи дека треба да ги занемарите другите социјални медиуми. Секако дека на вашата содржина треба да и го овозможите најдобриот начин за да биде видена.



Во ред е да се сподели слична содржина низ повеќе социјални мрежи, само треба да се осигурате дека сте ја оптимизирале содржината според очекувањата на секоја платформа. Времето на споделување, сликите и текстот, се битни и треба да бидат прилагодени за секоја социјална мрежа.

Пред да почнете со споделување, истражете ги најдобрите практики на секоја од социјалните платформи. Дури и ако имате најдобра содржина и приемчива таргет група, вашиот удел ќе опадне доколку тие не се распределени ефективно.
Секако, вашата цел е да ги натерате луѓето да зборуваат за вашата содржина, откако еднаш ќе биде споделена.

Најефективен начин да ги убедите луѓето за вашето знаење, не е преку емитување, туку преку отворањето на дијалог вио врска со вашиот предмет или експетиза и да ги поканите сите кои се заинтересирани да се приклучат.

Ако сакате да продолжат да зборуваат, треба да се приклучите и вие самите - да бидете активен учесник. 



На пример, Likeable Media еднаш неделно хостира Twitter разговор наречен #LikeableChat и ја поканува својата
таргет група за да дискутира за теми поврзани со маркетингот.
Отворањето на вратите кон овој начин на директна комуникација им дава форум на Likeable Media каде што ќе ја
демонстрираат нивната експертиза, при што симултано генерираат квалитетна содржина за нивната таргет група.

Колку повеќе вашата содржина е видена и споделена, и колку повеќе се зборува за неа, поголема е веројатноста
вашата компанија да изгради доверба и да обезбеди улога на визионер во индустријата.



#4: Соработувајте со влијателните социјални медиуми



Модниот бренд Zara го изгради својот бренд избегнувајќи скап маркетинг, со едноставно креирање на нивните
продавници по примерот на модните трговци кои се успешни во оваа област. Целта на овој пример е да покаже
дека поврзувањето со вистинските брендови (или индивидуи) е од голема важност кога станува збор за креирањето на доверба.

За да се добие поврзаност, потребна за активна соработка со луѓе кои што таргет групата ги смета за влијателни.



Успешен пример на оваа тактика е популарниот блог за социјални медиуми на Buffer. Buffer често објавува статии од визионери од разни индустрии за кои знаат дека ќе бидат од интерес за нивната таргет група. Со поканување на овие влијателни личности да соработуваат со нив, Buffer добива бесплатна квалитетна содржина поткрепена со довербата која што ја имаат овие личности кои што ја споделуваат истата на своите социјални мрежи.

Здружувањето на силите со други влијателни личности од разни индустрии не само што го поврзува
Вашиот бренд со веќе докажани лидери, туку истотака може да воспостави долготрајни пријателства
кои ќе имаат взаемна корист.



Креирање на поквалитетна содржина

Доколку сакате достигнување на врвот за брзо време, мораме да ви кажеме дека тоа не може да се случи
за период од еден или два месеци.

Градењето на репутација преку содржинскиот маркетинг и социјалните медиуми бара конзистентен и усогласен напор. За тоа е потребно константно работење за креирање на квалитетна содржина, споделување на постови, поврзување со влијателни личности и континиурано да се одржува комуникација.
Оние компании кои се посветуваат на овој начин на работење се стекнуваат со разни бенефити и прераснуваат во
визионери во својата индустрија.
Што мислите? Дали сте ги користеле овие тактики за да стекнете влијание? Дали имате дополнителни совети на оваа тема? Споделете ги Вашите коментари со нас.

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен