јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Сподели моменти и оствари си желба

Објавено на од

Продолжувaме со изненадувањата за нашите купувачи и фанови. За пуштањето на Желботека добиваме позитивни критики кои мора да признаеме дека ни годат. Исто така Фејсбук страницата на Желботека за кратко време освои над 3600 фанови и станува интересно место за дискусии за подароци.
Сакаме и се надеваме дека ова ќе прерасне во референтно место каде подарувањето го гледаме во една друга димензија каде што луѓето ќе добиваат тоа што навистина им треба, идеи за подароци за различни поводи и прослави.
За да ја продолжиме оваа убава енергија, подготвивме интересна акција и награди за корисниците на Желботеката.

Сите имаме фотографии кои не потсетуваат на некој убав момент, случка или прослава. Сите тие фотографии, покрај емоционалната вредност, сега можат да ви послужат и за остварување на уште некоја ваша желба.
Ако имате интересна фотографија од вашa прослава, споделете ја на ѕидот на Желботека, заедно со коментар кој ја објаснува приказната позади неа.
Најлајкуваните фотографии ќе добијат вредни награди.

Правилата за учество се многу едноставни.

1. Споделување
Ја споделувате вашата слика на ѕидот на Желботека заедно со опис на моментот. Споделувањето и Like-увањето започнува на 01.11.2010 и трае до 10.11.2010 до 15часот.
http://www.facebook.com/zelboteka

2. Заедницата избира
Фановите на Желботека гласаат преку Like-ови за најинтересната фотографија

3. Подаруваме
Учесниците со најпопуларни фотографии (според like-ови) ќе бидат наградени со производ од сопствените Желботеки, со следните вредности:

  • 1во место до 3000
  • 2ро место до 2000 и
  • 3то место до 1000 денари.

Споделувањето и гласањето започнува на 01.11.2010 и трае до 10.11.2010 до 15часот.

Напомена:
- Учесникот треба да има отворена Желботека со производи
- Непристојни содржини и фотографии не се дозволени
- Гласовите (Like-oвите) по истекот на крајот на наградната игра нема да се сметаат
- Учесниците потврдуваат дека имаат право за користење на сликата

Задоволстовото на нашите купувачи останува главен приоритет за ТЦ и понатаму. Но сакаме да понудиме и малку забава за нашите корисници. Вам ви останува да споделите слика, полнете ја својата желботека и остварете некоја од вашите желби!

http://www.facebook.com/zelboteka

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен