јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Создадете идеална интерактивна заедница за вашиот бренд

Објавено на од

Социјалните медиуми претставуваат едно динамично и збунувачко бојно поле, каде постојано се настојува да се привлече вниманието на купувачите, како и тие да се задржат. Дури и откако ќе поминат овие фази, тешко е да се остане ангажиран и да се одговара на пораки откако бизнисот ќе порасне и бројот на купувачи ќе се зголеми.

Но што може да направите за да ја подобрите конверзијата на купувачите и да создадете среќно, здраво и пријатно искуство преку социјалните медиуми?

Следат седум совети за социјални медиуми кои кажуваат како ефективно да ги задржите вашите купувачи и да создадете заедница за вашиот бренд.

Наместете го тонот

Нема поента во тоа да се трудите да ги задржите купувачите, доколку сеуште не знаете соодветно да го наместите тонот.

Ориентирани сте кон купувачите? Тогаш најдобро е да сте опуштени, бидејќи голем дел од вашата публика се млади и отворени кон вашите идеи. Ако рекламирате некој луксузен бренд, можеби е подобро да се обраќате на поформален и покласичен начин. Но, во секој случај, најдобро е да се биде опуштен на социјалните медиуми.

Ориентирани сте кон бизнис клиенти? Најдобро е да си останете формални. Но тоа не е причина да бидете здрвени и досадни. Опуштете се до одредени граници и забавувајте се по малку. Запомнете, само поради тоа што дел од вашата публика се директори и бизнис професионалци, не значи дека тие не се луѓе и не сакаат да се забавуваат од време на време.


Бидете кратки

Сакате нешто да промовирате? Бидете кратки. Додека твитовите се ограничени на само 140 карактери, повеќето луѓе нема ни да се потрудат да ги прочитаат доколку се состојат од повеќе зборови.

Истото важи и за Facebook статусите, Instagram насловите и YouTube описите. Ако некој треба да притисне “Прочитај повеќе”, можностите дека тоа ќе се случи се мали.

Едно истражување укажува на податокот дека постовите со 80 или помалку карактери привлекуваат и конвертираат 66% повеќе купувачи, отколку оние кои содржат повеќе од 80 карактери.


Постирајте постојано – но не премногу

Фреквенцијата на постирање тешко се балансира. Иако изгледа одлично тоа што вие сакате да им понудите повеќе содржина на вашите читатели, сепак никој не сака да се чувствува како да е предмет на спамирање.

Одговарајте ги прашањата на вашите купувачи и следбеници, но не ги пуштајте во јавност или пак не ги ретвитајте премногу пати. Во спротивно, ќе ги загубите останатите следбеници.

Сакате да останете во нивниот ум, не само да се загубите во морето од информации. Едно истражување докажа дека постирањето еднаш до четири пати неделно ќе ја разбуди интерактивноста од страна на вашите купувачи, за разлика од постирање пет пати на ден.

Истражувањето исто така покажа дека доколку постирате еднаш до два пати дневно, ќе постигнете поголем ефект отколку ако тоа го правите три пати дневно.


Поставувајте прашања

Сакате да знаете што вашите купувачи и корисници бараат кај вашите производи?

Или пак да дознаете кои теми најмногу ги интересираат? Тогаш и поставувајте прашања на вашата заедница!

Според едно истражување, постовите кои содржат прашања наменети за корисниците придонесуваат за 100% повеќе интеракција отколку оние кои воопшто не содржат прашања.


Создадете содржина вредна за истражување

Додека не можете да ја оптимизирате содржината на социјалните медиуми (главно поради Google и други пребарувачи кои не се трудат премногу да индексираат огромни количини на податоци), искористете најмногу што можете од социјалните алатки за вмрежување.

Ова значи дека треба да се научите правилно да ги користите хаштаговите и да нудите линкови преку други статуси и постови на социјалните медиуми.

Во најдобар случај користете два хаштага на еден пост, игнорирајте ги целосно на Facebook и додајте линк во самиот пост.

Од помош е и ако сте во соработка со друг профил кој го менаџирате, или пак сте во добри бизнис односи. Добрата врска влијае позитивно на вашите купувачи, посебно на оние кои не ги поврзуваат вашите производи заедно.


Одговарајте и на вашата заедница

Ова не значи дека треба да седите и да му одговарате на секој корисник, но доколку некој ви пристапи и побара помош од вас тогаш најдобро е да му понудите решение што е можно побрзо.

Ова секако не значи да ги откачите преку телефон или e-mail, туку да им помогнете најдобро што можете и на начинот кој тие го преферираат. Сепак тие дошле до вас преку каналот кој им одговара, дали тоа е преку посета на веб страната, испраќањето e-mail или повикот на телефон. Не ги форсирајте вашите купувачи да прават нешто што не би сакале.

Исто така, доколку сте приметиле, соочувањето со  “зафрканти” преку продолжување на нивна шега или пак префрлување на шегата на нивна сметка може да биде одличен начин за создавање позитивна атмосфера во рамки на заедницата. Но бидете претпазливи, доколку премногу се занимавате со овој тип купувачи и трошите време тие да се насмеат, може да му наштетите на понатамошниот бизнис и ресурси.


Користете фотографии што е можно почесто

Луѓето обожуваат фотографии, гифови и видеа, па затоа користете ги кога и да можете.

Едно истражување покажа дека пост кој вклучува прикачена фотографија добива 53% повеќе лајкови, 104% повеќе коментари и 84% повеќе кликови, за разлика од пост кој не вклучува прикачена фотографија.

Ова уште повеќе важи и за Twitter каде сликите автоматски се шират на “news feed”-от на корисниците, кои може да ги погледнат твитовите веднаш по прикачувањето.

Истото може да се каже и за Facebook, каде видеата автоматски се прикаживаат во постот, така што корисниците не би имале потреба да се пренасочуваат кон YouTube за да ја видат содржината.

Запамтете дека Instagram има опција за автоматско споделување и на Facebook, но корисниците на Twitter не можат да го погледнат постот поставен на Instagram се додека не кликнат на линкот – нешто што само посветените корисници го прават.

 

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен