јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Содржини од промоцијата на Желботека

Објавено на од

Драги читатели, седнав да ги споделам импресиите од пуштањето на Желботеката во средата. Всушност пуштањето во употреба траеше целава недела, започнувајќи со пробното користење од понеделникот.

За тимот кој учествуваше во креирањето на Желботека, деновиве претставуваа голема сатисфакција поради љубовта со која се работеше овој интересен проект, и поради мазниот тек на настаните и добрите критики.

Првите резултати ги потврдија нашите очекувања. Желботеката како концепт, а веројатно и како технологија наидува на одличен прием кај корисниците. А ние се надеваме дека во пракса ќе овозможи навистина корисна услуга и ефикасно ќе реши еден проблем од секојдневието.

Со овој пост започнуваме да споделуваме и мултимедијални содржини. Во следните клипови ќе се потрудиме да го подобриме квалитетот. Ова е еден видео исечок од презентацијата на официјалната промоција:

Можете да ја видите и целата презентација:

Желботека - Официјална промоција

Презентацијата беше кратка и слатка, бидејќи пораката е едноставна. А нели едноставното е убаво :)
Се надевам и вашето искуство со Желботеката ќе биде токму такво.
www.facebook.com/zelboteka

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен