јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Социјалните медиуми влијаат врз одлуката за купување

Објавено на од

Последните истражувања го потврдија она што можеше да се насети: социјалните медиуми се интегрален дел од животите на нивните корисници и потпираат на нив за многу секојдневни нешта, вклучително и изборот при купувањето.

Студијата која ја објавија Mashable и eMarketer го потенцира силниот ефект од присуството и интеракцијата на еден бренд во социјалните мрежи. Без разлика дали тоа е во коментари и препораки помеѓу корисниците или фан страни и промоции од страна на брендот, таквиот еко-систем гради очигледна симбиоза која оди во корист на сите.

Корисниците добиваат информации од прва рака, лични препораки или предупредувања за некој бренд. Компаниите пак можат да остварат трансапарентна повратна врска со своите корисници и да ги кренат на повисоко ниво грижата за корисници и маркетингот. Оваа корисна врска ја потврдуваат и резултатите од студијата на Филип Стојановски, која исто така ја имаше спомнато @mirkitsa во статијата во Утрински весник која беше повод за мојот претходен пост:

Анкетата спроведена од Филип Стојановски, програмски координатор во фондацијата „Метаморфозис“, за неговата магистерска теза по е-бизнис „Влијанието на социјалните медиуми на Интернет-маркетингот во Македонија“ за огласувачите на „Фејсбук“, покажува дека и кај нас Интернет-корисниците сметаат дека се корисни Интернет-рекламите преку социјалните медиуми.

„Ова е особено важно во Македонија каде што развојот на е-трговијата долго време беше во застој, а почна да се развива зимата 2008-2009 година кога поради воведувањето на првата платформа за плаќање се појави можност за отворање многубројни локални електронски продавници“, потенцира Стојановски. Неговото истражување спроведено во јуни 2009 година покажало дека кај нас веќе има критична маса за купување преку Интернет, што дополнително е и добар мотив за домашните компании да ги користат социјалните медиуми како маркетинг-простор.

Ние со ТЦ.мк го прифативме советот на поискусните и ги отворивме сите можни канали за комуникација, а секако сме подготвени и за нови. Не дека сакаме да се умилкуваме или „гребеме“ кај нашите корисници, туку максимално ја поддржуваме транспарентната интеракција од која сите имаме корист .

Секако мора да се следи и што е тоа што го сакаат и очекуваат корисниците на овие мрежи од брендовите со кои ти стапуваат во итеракција. А на оваа тема пред некое време извади интересна статистика eMarketer која покажува дека корисниците сакаат промоции, попусти и пред се повеќе информации со кои би можеле да дознаат уште повеќе за услугите кои ги нуди самата компанија:

A December 2009 MarketingSherpa survey indicated that learning about specials and sales was the top motivation of those who friended or followed a brand online, supporting the results of earlier surveys. But looking for savings was followed closely by learning about new products, features or services.

Ние како ТЦ.мк во овој поглед сме во специфична позиција бидејќи како сервисен сајт не сме директно одговорни за понудите на трговците кои продават преку него, но секако сме одговорни за квалитетот на услугата и глаткото функционирање на целиот еко-систем. Сепак, барем на за почеток, се обидуваме да поттикнеме интерес и кај трговците за да се вклучат на каналите на кои сме присутни. А што се однесува до промоции и попусти, веќе некое време се подготвуваме баш на таа тема. Па ете нека биде ова мала најава за некои интересни акции кои ќе ги стартуваме наскоро.

Блогов го започнав како уште еден канал за интеракција, па затоа со задоволство очекувам коментари и идеи. Може и да се најде некоја нова алатка/канал, преку кој поедноставно и подобро ќе комуницираме. Колку за инфо TC.mk активно одржува официјални сметки на Facebook, Twitter и Skype: trgovskicentar .

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен