јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Со квалитетен е-билтен до успешен е-маил маркетинг

Објавено на од

Електронскиот билтен односно newsletter, веќе е стандардно средство за комуникација со корисниците, преку кое можете да се започне со комуникација, предизвикува посакувана акција или да го инволвирате корисникот во вашиот продажен процес.

Корисниците кои се регистрирале да добиваат е-билтен, го направиле тоа бидејќи им се допаѓа содржината и не сакаат да добиваат содржина која не е интересна за нив бидејќи со таков начин на работа многу е мала можноста корисниците да ја напуштат вашата листа за е-билтен.

Еден бренд треба да предизвика и нуди голем интерес за корисниците за тие да се регистрираат на нивниот интернет билтен, што би резултирало со поголема посетеност на веб сајт, промоции и поголеми продажби. Секако, не можете да праќате не релевантни пораки на сите регистрирани корисници на вашиот е-билтен, туку морате да ги насочите кон посакуваната цел.

Само со добар mailer систем и со современи функционалности може да се подобри комуникацијата со корисниците. Потребно е претпазливо и добро филтрирање на корисниците кои ќе ја добијат пораката, дали по демографија, однесување, интереси и сл. 

 

 

Што е неуспешен e-mail маркетинг

Доколку водите е-мал маркетинг кампања преку е-билтени, дали ви се случува нешто од наведеното? 

  • Мал % процент на отворени билтени. Корисниците на кои им се испраќа не ја отвараат пораката за да ја видат нејзината содржина. 

  • Голем број на откажани корисници. Корисникот кој се откажал да добива билтен не е заинтересиран за содржината и мисли дека не би имал никаква корист од тоа да го добива вашиот билтен. 

  • Пораки кои пристигнуваат во спам. Доколку корисниците сметаат дека билтените се досадни, агресивни и нападни, можат да ги означат како спам и тие да почнат да стигаат во спам фолдерот. Со тоа дополнително се зголемува процентот на неотворени билтени и откажани корисници. 

Aко билтените се испраќаат нередовно се губи и конзистенција со корисниците што може да предизвика лоша слика за несериозност на вашиот бизнис во очите на претплатниците. Од друга страна пак, билтените не треба да се испраќаат премногу често бидејќи никој не сака да добива 3-4 пораки од истата компанија во еден ден. 

За успешен е-маил маркетинг, пораките кои се испраќаат треба да имаат висок процент на отворање и конверзија. Само со почитување на интересите на примателите и со соодветни содржини може да се подобри email маркетингот и да се зголемат продажбата и интеракцијата.

SmartMailer со своите фунционалности и голем број на начини на таргетирање и филтрирање може да помогне да допрете до целната група на корисници и да ја креирате својата успешна е-маил маркетинг приказна.


Како да заработите од напуштените кошнички?

Доколку користите квалитетна платформа за е-трговија можете увидите колку од кошничките и нарачките се напуштени од корисниците т.е не се наплатени. Корисникот додава производи во својата кошничка, но не ги прави последните чекори за нарачка и веќе никогаш не ја посетува вашата продавница. Погледнете во статистиките, ќе бидете зачудени колкав е бројот на ваков случај кај корисниците.

Всушност, 30-50% од потенцијалните корисници во најголемите случаеви не ја довршуваат нарачката, екстремот е 75%. Замислете колкава загуба е ова за вашиот бизнис? Ова не значи дека корисникот не е заинтересиран за вашиот производ или услуга, туку дека се случила моментална дистракција или компликација во процесот на нарачка.

Можеби се прашувате зошто овие факти се наоѓаат во напис за успешен е-маил маркетинг, но токму тука е тајната за повраток на загубените нарачки.

Со помош на Smart Mailer, на прмер, можете да поставите ТРИГЕР: НАПУШТЕНА КОШНИЧКА , и со веќе постоечки автоматизиран билтен да допрете до корисникот и да го прашате што се случува и која е причината поради која не ја заврши нарачката.

Потоа, автоматизирано, може да испратите уште 2-3 пораки да го потсетат корисникот за незавршената нарачка. Запомнете, корисникот сам го става производот за нарачка што значи дека бил заинтересиран. Во прилог на овие 2-3 пораки можете да понудите и промоции, попусти и понуди за да го придобиете корисникот на долг рок.

Ова е само една можна стратегија за успешен е-маил маркетинг.

Што е  SmartMailer® и како може да ви помогне

SmartMailer® е автоматски систем за испраќање е-билтени. Тоа е современ систем за постигнување на највисоките резултати во интернет маркетингот. SmartMailer® е начин како да се прескокне преку сите пречки во маркетингот со испраќање само на паметни пораки кон вистинските корисници.

Придовки од SmartMailer® :

  • Зголемена интеракција и ефективност на e-mail комуникацијата;

  • Долгорочно подобрување на перцепцијата за Вашиот бренд кај купувачите заради поквалитетната комуникација.

Ова е овозможено од следните уникатни функционалности:

  • Примателите може да се сегментираат со динамички филтри,

  • Автоматски иницирани пораки во реално време;

  • Во реално време се праќаат меилови зависно од акцијата која ја извршил корисникот;

  • Се закажуваат периодични меилови (неделни акции, месечни попусти и сл.);

  • Комплетно се заобиколува Spam фолдерот.

  • Преглед и резулати од е-маил маркетинг кампања

 

На овој начин значително се зголемува интеракцијата и конверзиите како директен резултат од e-mail kомуникацијата, а долгорочно се подобрува и перцепцијата за  брендот кај купувачите.



 

SmartMailer® е таргетиран

Со SmartMailer® можете да се таргетираат корисници со следниве динамични тригери(акции или услови кои треба да се исполнат за автоматските да се испрати билтен): 

  • Напуштена кошничка

  • Успешна нарачка

  • Регистрација на корисник

SmartMailer®  може да ги филтрира корисниците со динамички филтри меѓу кои:  

  • Пол - Машки или женски

  • Клуб поени - поени доделени за потрошени

  • Регистриран по датум -регистрирани корисници по одреден датум

  • Емаил домен - е-билтен до регистрирани со одреден меил домен

  • Роденден од датум до датум

  • Број на нарачки 


Испраќањето на таргетирани и персонализирани пораки е лесно и едноставно. 

 

Корисни содржини до вистинските корисници

Никој не сака да чита пораки кои не го интересираат. Обично машките не се заинтересирани да добиваат новости поврзани со шминки и штикли. Или пак женските да добиваат новости за машки чевли и електроника.

Дизајнот и содржината на билтенот се креира за секој корисник да добие содржина во зависност со неговите интереси.

Системот може комплетно да се адаптира на вашите потреби. Листите на производи може да бидат од последно видените категории на корисникот или статички. Во пораката може да се појават категории кои корисникот ги гледал предходно, тоа значи дека ако некој гледал лап-топ и компјутери тогаш ќе добие продукти само од тие категории. Со статичка листа може да правите листа во која можете и самите да ги внесувате производите и истата да ја испраќате само на корисници кои се регистрирале во последниот месец. 

Ако вашите корисници имаат желботека, можете да испратите посебен билтен со понуди само за нив. Кога се наближуваат родендените на пријателите, корисникот добива порака само со желбите од пријателите.

 

Каква е вашата стратегија на е-маил маркетинг и дали користите интернет билтени? Споделете го вашето мислење во коментар.

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање