јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Со квалитетна содржина до повеќе посети на вaшиот сајт

Објавено на од

Креирање содржина

Онлајн конзумирањето на содржини (преку читање,сурфање на интернет,споделување итн.) стана едноставна дневна активност за повеќето секојдневни веб корисници. Ова може да е поврзано со неколку причини, и една голема компонента- растот на социјалните медиуми и леснотијата на поврзување со илјадници артикли, блог постови, твитови - сите буквално на врвот на нашите прсти.

Со толку пристапна информација, билокој би си претпоставил дека веб содржините ќе доживеат критично ниво на квалитет над квантитет, но тоа не е секогаш случај. Платформата за креирање на онлајн содржини Skyword направи студија во која се покажа дури 70% зголемување на прегледи кај артиклите кои содржат слики. Овој член ќе се фокусира на еден премногу баран дел од содржината на маркетинг сложувалката: употребата на слики во креирањето на содржината.

Креирањето, позајмувањето или одбирањето слики за веб-страната е најчесто последната работа која доаѓа напамет...нели? Сепак, сликите се доста значајни и влијателни на следбениците. Исто како и добро напишаната содржина која што привлекува корисници, таков ефект имаат и сликите.

Еве неколку совети за тоа како да се биде претпазлив со изборот на слики.

 

Прекинат линк за слика

Потрудете се сликите да бидат видливи - тие мора да се вчитаат ефикасно и функционално во сите пребарувачи. Никој не би сакал да го види симболот за прекината (скршена слика) како овој подолу.

 

Прекинат линк за слика

 

Прости слики

Сите сме ги виделе, и едноставно се премногу досадни. Веб страницата треба да се разликува од стотиците други сајтови кои го користат истото монотоно брендирање.

Прости слики

 

Пикселизација

Сликата можеби е воодушевувачка меѓутоа доколку нејзината големина се нема прилагодено соодветно за кога читателите ќе кликнат за зголемување (што повеќето го прават), се оставаат лоши импресии. Премногу голема или мала слика е проблематично за секој, додека наоѓање на некоја точка меѓу овие 2 екстреми е идеална - овозможува брзо вчитување и висок квалитет за задоволство на гледачот.

 

Оригинална слика

 

 

Пикселизација

 

Релевантност

Сликата треба да е релевантна со содржината. Треба да се избегнуваат аматерски слики што ја прават страната да изгледа токму како оваа подолу, аматерска. Добар кадар, одреден фокус, чиста леќа и силни бои се најчестите знаци што ја одушевуваат публиката кога се зборува за слики.

 

Пример за нерелевантна слика

 

Правилото на третини

Не мора да се биде професионален фотограф за да се разбере овој концепт. Ова важно правило овозможува сликата да биде соодветно и визуелно прикладна. Покрај многу други техники, ова е одлично место за почеток и сортирање низ низа од можности.

 

 Правило на 1/3

 

Влијанието на Google

Сите добро знаеме дека таканаречените ‘пајачиња’ на Google пребаруваат низ сајтови но не можат да пребаруваат низ слики. Иако сегашните алгоритми не можат да ги откријат сите аспекти на една слика, тие сепак користат други методи. Како и се друго на еден веб-сајт, уметноста на организирање доаѓа до израз. Сликите треба да бидат етикетирани соодветно. Тоа значи да се искористат клучните зборови правилно, односно да не се биде многу пристрасен и фанатичен кога во прашање е избор на клучни зборови за одредената слика.

Кога корисникот има потешкотија со преглед на сликите во пребарувачот, таканаречениот Alt text (алтернативен текст) е одговорен за тоа. Тоа е текст кој е обично збор или фраза што се внесува како атрибут кој ја опишува сликата. Затоа, тој треба да биде правилно поврзан со содржината на сликата.

Доколку е потребна оптимизација на квалитетот на сликите до перфекција, соодветен начин за ефикасен опис на слика е Schema селектирањето. Тоа е алатка за селектирање која што не само што помага со Alt текстот туку и дава многу повеќе информации за сликата, и го осигурува Google знаејќи дека се работи за уникатна слика. Благодарение на оваа алатка, таа би содржела подлабоки информации како на пример каде е направена сликата, кој е фотографот, кое е местото каде што е направена итн.

Што подобро се етикетирани сликите, толку поверојатно е дека ќе завршат во Google search опцијата. Иако ова е одличен начин за да се добие поголем сообраќај, зависно од тоа што корисникот бара, резултатите не се секогаш идеални во поглед на степенот на конверзија на сликите.

 

Каде да се најдат слики

Денес има доста ресурси за пребарување односно наоѓање потенцијални слики за преземање, но потребно е да се прочитаат сите детали кои се однесуваат на селектираната слика на веб-страната.

Wikimedia Commons, Compfight, и Morguefile се едни од најдобрите ресурси за пребарување на слики.

 

Со напливот на апликации на глобалната мрежа, како што се Instagram i Twitter (кои што се преполни со слики) консензусот во поглед на наоѓање на идеални слики е всушност обезбедувањето на вистински и релевантни слики.

Паметен начин да се избегнат сите овие пречки и грешки во поглед на обезбедувањето со слики е нашата Store.tc.mk преку која, покрај тоа што обезбедуваме квалитетни слики за вашиот блог, исто така и ја промовираме вашата веб-страна на TC.mk и придонесуваме за редовно одржување и обезбедуваме најнови функционалности за вашата персонализирана веб-страна.

 

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање