јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Што значи Cloud технологија за е-трговијата?

Објавено на од

Изминатава година веројатно најголема Buzz-word фраза во глобалната ИТ индустрија е CLOUD технологијата. Терминот толку се (зло)употребуваше што веќе се користи за опишување на се и сешто, од виртуелни интернет хостинг системи(IaaS), хостирани апликациски услуги(SaaS), хостирани API платформи(PaaS), хостирани бизнис процес системи (PRaaS), па се до најобични интернет кориснички сервиси, кои во едно поедноставно време ги викавме веб апликација.

Како и да е, сите форми на Cloud-от се резултат на ефтиниот компјутерски хардвер, технологијата за виртуелизација, потребата од глобални(world-scale) интернет сервиси и развојот на моќни API-ја или апликации за искористување на таквата инфраструктура. Со тоа се отвори патот кон огромна оптимизација на Интернет сферата, намалување на трошоците за сервисите, зголемување на стабилноста на интернет услугите(која полека се доближува до 99.999% на обичната телефонска линија), огромен волумен на комуникациски сообраќај помеѓу луѓе и системи, мобилни услуги, сензорски системи (the Internet of things), итн. Се на се, CLOUDот овозможи револуција и понатамошен брз развој на интернетот, понатаму од Web 2.0.

Една од областите која е во фокусот како брзо-растечка, но која допрва ќе го покаже својот потенцијал е е-трговијата. Cloud-от е еден од главните фактори за отклучување на тој потенцијал. Затоа подолу ќе видиме на кој начин ќе придонесе за тоа.

како изгледа облакот

Подемот на Cloud технологиите

Прв пат се сретнавме со cloud-от во форма на Google, што не е за изненадување. Тие не се стекнаа со својата позиција на Интернет туку така. Освен најдобриот алгоритам за пребарување, ја имаа најдобрата, најголемата и најмоќната интернет инфраструктура, која беше револуција пред околу 10 години. Сервер фармите од стотици илјади ефтини компјутери, раководени од алгоритмите Google File System(pdf линк) и MapReduce(pdf линк)  им овозможиja да пружаат најбрзи и најкомплетни резултати од пребарувањето, плус еден куп дополнителни БЕСПЛАТНИ услуги за целиот свет. Оттаму, не изненадува што Google најстрого ја чува како деловна тајна технологијата која ја движи нивната глобална инфраструктура. Со тоа се запознав кога правевме P2P облак за дистрибуција на содржини на интернет, некаде во 2006-7ма, и го истражувавме принципот на Google, за кој немаше многу достапни материјали.

Конкурентот Yahoo се обиде да го следи Google во развојот на својата инфраструктура, но бидејќи имаше огромно заостанување на пазарот, се обиде да се бори со помош на Open Source заедницата, отворајќи го кодот на нивниот Could софтвер Hadoop. Тоа придонесе до голема либерализација и популаризација на cloud решенијата, бидејќи станаа достапни за секоја компанија која има визија и сака да инвестира во неа.

Набрзо потоа се појави цел еко-систем од најразлични Cloud сервиси, а ни другите Интернет гиганти не седат со скрстени раце. Амазон се појави со своите Elastic Compute Cloud(EC2) и Simple Storage Service(S3), а благодарение на нивната стратешка определба за развој на сервиси од облакот, во моментов нивното портфолио сервиси го претекна Google и е лидер на пазарот. Микрософт успеа да изгради солидна cloud стратегија, и сега располага со моќната и комплетна гама на производи Azure, базирани врз cloud технологија.

Не навлегувајќи понатаму во пазарните борби, извесно е дека се појавија голем број на cloud APIja, SaaS, PaaS, IaaS, PRaaS интернет сервиси. Techcrunch, GigaOM, Mashable и другите информативни магазини се хроничари на огромен број на нови производи и сервиси кои се базираат врз cloud-от. Трендот доминира до степен што без солидно познавање на оваа технологија и пазар, е незамисливо да се развие еден современ и иновативен интернет сервис.

Во е-трговијата

Придобивките на cloud-от неизбежно најдоа примена во е-трговијата, пред се во голем број на услуги од типот SaaS: BigCommerce, ProStores, Shopify, Weebly, и многу други. Хостираниот лесно проспособлив сервис придонесе до огромно олеснување на процесот за отпочнување на веб продажба.

Други сервис го искористија cloud-от во рамки на помоќни решенија кои обединуваат голем број на функционалности па дури и логистика за е-трговија. Примери на таквите „се во едно“ решенија се Amazon Webstore, Ebay Stores и Трговски центар TCShop.

Интересно е што и Магенто, едно од водечките open-source решенија, понуди хостирана SaaS верзија на својот софтвер, пред да биде купен од Ebay. Тоа дотолку повеќе ја потврдува вредноста и потенцијалот на решенијата за е-трговија хостирани во облакот.

Состојбата во македонскиот облак

Македонскиот продор во cloud технологијата сеуште е срамежлив. Интернет бизнисот почнува да излегува од фасцинацијата со форумите, блоговите, весниците и останатите Web 1.5 концепти, но оттаму претежно директно влегува во мобилната сфера каде што е помала бариерата за развој.

Од друга страна, на последната конференција на МАСИТ, техничкиот директор на Македонски телеком ја презентираше нивната стратегија и напредок во обезбедување на јавни cloud услуги. Не е јасно точно кога ќе бидат пуштени во употреба, но барем работат на случајот.

Во Македонија, исто така ни се достапни бројните бизнис решенија од Windows Azure гамата на производи. Така што големите компании кои имаат желба да ја надградат својата застарена инфраструктура и да ги искористат придобивките на облакот, имаат пристоен избор.

Во корисничката сфера, имаме веќе голем број на апликации кои припаѓаат во облакот, во зависност од сообраќајот кој го трпат и архитектурата. Но од аспект на бизнис апликациите кои се достапни во облакот, тука состојбата е трошна. Блог сервисот на Оне е за поздравување, но замислете немаме дури ни хостиран македонски веб сајт сервис! Ајде барем имаме хостирани веб продавници...

Веб сајт за сите

Ќе го искористам постов да најавам една новина која набрзо ќе ја пуштиме во употреба. Како што сме се скроиле во Трговски центар, решивме да ја исправиме таа неправда на немање слободен веб сајт сервис, и да го потпомогнеме малку развојот на е-трговијата и е-бизнисот во Македонија.  И сите оние придобивки од облакот: економичност, автоматизација, достапност да ги овозможиме на нашите граѓани. Во нашиот концепт ќе ги опфатиме и сите кои можат да бидат партнери во обезбедувањето на услугите, така што ќе овозможиме подобрување на условите за сите.

Затоа одлучивме да дадеме нов придонес за развојот на информатичкото општество во Македонија со нова бесплатна услуга. Во периодов новостите ќе се случуваат на www.ebiznis.tc.mk, каде моментално ја раскажуваме забавната приказна за Ицко Е-бизнисмен. Сите заинтересирани за користење на новата услуга можат да се регистрираат таму, а тој чекор нека биде влез во придобивките на е-бизнисот.

Исполнување на желби

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен