јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Што можете да постигнете со content маркетинг?

Објавено на од

Content маркетинг е процесот на привлекување, вклучување и наведување на целната публика преку пишување на квалитетна и релевантна содржина, со намера да изврши некаква цел. Всушност, идејата е вие да понудите некаква информација, водич или решение кое е барано од вашата целна публика и потенцијални корисници, при што индиректно би го зголемиле интересот за користење на ваш продукт или на вашата компанија.

Содржинскиот маркетинг постои уште од 1895, можете да бидете креативни и да го користите на скоро сите канали како социјални медиуми, принт, на интернет, веб страна или блог, впрочем на било кој канал каде можете да ги најдете вашите потенцијални потрошувачи и да ги вклучите во некаква активност која претставува ваша цел.

Но какви цели можете да постигнете со содржински маркетинг? Каква корист би имал вашиот бизнис?

1. Свесност за вашиот бренд

Ова е првото нешто на кое помислувате кога ке слушнете content маркетинг. Со тоа што нудите квалитетни информации и содржини се поставувате како експерт во индустријата во која работите, создавате интерес и свесност кај потенцијалните потрошувачи. 

Иако ова е долгорочна цел, може да се исплати повеќе од директно рекламирање за да создадете свесност за вашиот бренд или услуга. Содржинскиот маркетинг и поефикасен, органски и автентичен.

 

2. Конверзија на Leads (контакти кои би станале потенцијални потрошувачи)

Најважниот дел од content маркетинг е тоа што може да ги мери конверзиите. Можете да процените како ќе варираат корисниците на вашата содржина и да ги водите на патот од барател на информација до потенцијален корисник на вашиот бренд со тоа што ќе побара (на пример) примерок од вас или ќе се зачлени на билтен и ќе продолжи да се движи по маркетинг тунелот до крајната цел - продажба.

3. Грижа за корисници

За да има максимално позитивно искуство, потенцијалниот потрошувач треба да знае што понатака со производот. Ова е веќе едно напредно ниво на користење на содржинскиот маркетинг, не се работи за упатство за користење или ЧПП, туку за содржински идеи за тоа како потрошувачот може да го искористи вашиот производ, како на пример практични примери и слично.

4. Лојалност на корисници

Како што планирате да ги искористите вашите контакти и да направите од нив потенцијални бизнис корисници, така треба да размислите и за повратување и наградување на веќе постоечките потрошувачи. Нив можете да ги целите со интересна содржина која би се доставувала преку затворени канали , пример интернет билтен, групи на корисници и слично. На овој начин можете да ги претворите постоечките потрошувачи во стратсни следбеници на вашиот бренд кој би ги споделувале вашите приказни.

5. Upsell

Маркетингот не застанува до плаќањето на кошничката повеќе. Доколку добро ја организирате содржината можете да ги наведете потенцијалните потрошувачи да се заинтересираат и за другите производи кои ги нудите на пазарот. Зошто би престанале да комуницирате со потрошувачите доколку купиле само еднаш од вас? Содржинскиот маркетинг е динамички и нуди доста флексибилност така што можете да понудите и алтернативи или додатоци додека се фокусирате на еден производ.

6. Задоволни потрошувачи
Ако ги донесете вашите потрошувачи во оваа точка, значи навистина сте успеале. Задоволните потрошувачи кои ги споделуваат нивните позитивни и успешни приказни за вашиот бренд или производ имаат далеку поголема моќ од било кој друг метод за маркетинг.

Доколку стигнете до оваа точка, содржинскиот маркетинг станува автоматизиран процес и работи за вас. Земете ги за пример Apple, тие не се присутни на социјалните медиуми, немаат блог, но имаат база на задоволни потрошувачи кои наместо нив прават фан страни, пишуваат, споделуваат и воздигнуваат брендот.


Која од овие цели има најголема смисла за употреба на content маркетинг за вашиот бренд или компанија? Што би сакале вие да успеете со content маркетинг? Дали имате своја веб страна или блог каде што можете да правите дистрибуција на содржина?

Споделете го вашето мислење во коментар.

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање