јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Дел 6: Редизајнирањето влијае врз тоа колку вашата страна ќе биде посетена

Објавено на од

 

Ова е шестиот дел на серијата SEO 201, што следи по деловите:

 

Дел 1: Технички правила

Дел 2: Пречки поврзани со пронаоѓањето на содржината (crawling) и нејзино зачувување/индексирање (indexing)

Дел 3: Овозможување на кролери (search engine crawlers)

Дел 4: Структурата е клучниот елемент

Дел 5: Проценка на платформите за интернет трговија

 

Редизајнирањето на сајтовите и преселбата на нови платформи секогаш го менува перфрорамансот на пребарувачот. Дали промената ќе биде позитивна или негативна зависи од тоа колку оптимизацијата на пребарувачот била длабоко интегрирана во дизајнот на сајтот и при процесот на изработка на истиот.

 

За време на процесот на редизајнирање, маркетинг тимовите најчесто и најмногу се фокусираат на изгледот и чувството што го дава сајтот. Како резултат на ова оптимизацијата на пребарувачот е најчесто додаден проект на крајот на процесот, или откако страната е веќе лансирана, и најчесто се фокусира на клучни зборови и насловни тагови. Без сомнеж дека овој тип на оптимизација на содржината е важен, но влијанието на редизајнот врз перформансот на пребарувачот е многу поголемо.

 

Редизајнирањата, особено кога одат рака под рака со промени во платформите, менуваат се, од URLта и темплејтите, до линковите во навигацијата и количината и типот на текст на секоја страна. Сите овие промени имаат влијание врз перформансот на пребарувачот, и повеќе се случуваат во рамките на платформата и во фазити на структурирањето на информации на проектот.

 

На пример, да речеме дека Zappos се решава да го редизајнира својот сајт. Еве како почетната страна изгледа денес:

 

 

 

Следат хипотетички промени што Zappos може да ги направи на почетната страна, и дадено е објаснување како овие промени би влијаеле врз перформансот на SEO.

 

  • Претворете ја header навигацијата во слики со цел да се употребува единствен фонт. Линкот за навигација на содржина испраќа сигнал за релевантност до страната со која се линкува. Промената на овој текст во слика ќе влијае врз перформансот на SEO за главните целни страни со кои се линкува.

     

  • Променете ја статијата за како да се одреди бројот на чевлите во интерактивен напис. Количината на текстот веројатно ќе се намали и описот ќе се промени. Дел од тестот ќе се вметне во видео или како Flash дел, и ќе оневозможи пребарувачите да го индексираат. Сите овие промени веројатно ќе ги изменат и ќе ги ослабат клучните зборови на страната, што пак ќе ја намали способноста на страната да се рангира а со тоа и да поттикнува продажба.

     

  • Променето го линкот Sneaker and athletic shoes на левата страна, едноставно да гласи athletic shoes. Платформата веројатно ќе го промени URLто на главната целна страна и ќе влијае врз секој URL во таа категорија. Ова ќе влијае врз перформансот на SEO за секоја страна во категоријата. Исто така, веројатно ќе ја намали и способноста на страната да се рангира при пребарување на зборот sneakers, за кој моментално се рангира како втора на Google.

     

  • Споете ги категориите за облека за девојчиња girl`s clothing и облека за момчиња boy`s clothing, во една категорија- облека за деца kids` clothing. Секое URL во овие две категории ќе се промени, и ќе влијае врз перформансот на SEО за секоја страна во тие категории. Со отстранување на категоријата за пол, исто така ќе се намали способноста на категоризираната страна да се рангира при пребарувања на клучните зборови облека за девојчиња girl`s clothing и облека за момчиња boy`s clothing.

     

  • Променете ги платформите за е-комерц. Секој технички, структурен и содржински аспект на SEO веројатно ќе се промени. Ќе има нови темплејти, нова содржина, нови URL, нова навигација, нови прилагодувања на серверот за грешки во страните и пренасочување, и многу други промени што ќе се чинат неповрзани со SEO.

     

Првиот чекор во која било од наведените акции би бил да се одреди нивото на ризик поврзан со перформансот на SEO. Кога времето и ресурсите се кратки, аналитичарите на ризик може да ви кажат колку е погодно да му се даде приритет на SEO во споредба со другите бизнис цели.

 

Редизајнирањето е понекогаш неопходно

 

Со цел да се решат други бизнис проблеми, без оглед на вклучениот ризик, редизајнирањето и преселба на други платформи се понекоаш неопходни. Тие понекогаш може и да ги примамат пребарувачите кон суштината на страната, и да го искачат перформансот на вашата страна кај пребарувачите на незамисливи високи нивоа.

 

Еден од најважните аспекти за редизајнирањето на вебстрана е 301 стратегијата за пренасочување. Доколку ја примените 301 стратегијата за пренасочување кога новиот сајт ќе се лансира, таа ќе може да го пренесе целиот ваш авторитет и доверба кон новата страна и да го заштити перформансот на вашиот SEO.

 

 

 

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен