јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Дел 5: Оценување на е-комерц платформи

Објавено на од

 

Ова е петтиот дел од серијата SEO 201 што следи по деловите:

 

Дел 1: Технички правила

Дел 2: Пречки поврзани со пронаоѓањето на содржината (crawling) и нејзино зачувување/ индексирање (indexing)

Дел 3: Овозможување на кролери

Дел 4: Структурата е клучниот елемент

 

Сите е-комерц платформи велат дека се лесни за употреба во однос на пребарувачите. Но, од пракса се гледа дека на секоја платформа потребно и е модифицирање во однос на SEO.

 

Оваа статија нема да ви ја избере најдобрата платформа, бидејќи сите може да бидат добри за пребарувачите доколку знаете кон што да се целите и имате програмер или интегратор што е подготвен да соработува со вас за да ги вметнете потребните модификации.

 

Бидејки платформата е центарален фактор за перформансот на пребарувачот, изборот која да се употреби и како да се имплементира може да биде пресудна за успешноста на истиот. Кога веќе одлуките се донесени, проблемите на SEO со платформата на страната се тешки и скапи за решавање.

 

Доколку одредена карактеристика чини пари, и доколку сакате пребарувачите да ги насочат корисниците кон таа содржина, прво тестирајте ја. Не запирајте на основната платформа. Дури и индиректните додатоци како коментарите треба исто така да се испитат со истите критериуми.

 

Како дел од задолжителните елементи при договор за купување на изработка на страната нека бидат SEO критериумите поврзани со платформата.

 

За да заштедите на време и пари, погледнете ги следните совети за да одлучите колку вашите платформите на им помагаат на пребарувачите.

 

Оценување на SEO способности на е-комерц платформите

 

Додека ги донесувате одлуките за платформата на страната, пред да започнете со каква било работа поврзана со структурата и дизајнот, разгледајте ги потенцијалните платформи земајќи ги предвид следните совети. Побарајте од продажниот агент да ви даде неколку примери од сајтови што ги користат карактеристикити на одредена платформа.

 

Интернет адреса на вебстраната (URL)- за пребарувачите лесно да работат со вашата страна не значи дека интернет адресата треба да биде кратка и со неколку клучни зборови во неа.

 

 

 

На пример, позната продавница зa материјали и занаетчиски производи вклучува брендови на производи во својата фацетна навигација. Но, платформата не дозволува овие фацети да функционираат како индивидуални страни. Наместо тоа, страната се рефрешира за да ги прикаже избраните фацети, без да создаде посебна страна со посебна URL. Платформите го прават ова со цел да избегнат да бараат помош од серверите и базите на податоци. Знакот што ни го покажу ова, во нашиот случај е хаш (hash) знакот што е вклучен во интернет адресата. Видете ја стрелката на сликата. Пребарувачите нема да индексираат ништо што се наоѓа по хаштагот, па затоа осигурајте се дека палтформата има начин на кој ќе им обезбеди пристап на пребарувачите. Поставувањето на интернет адресите во XML мапа на сајт не е доволно.

 

Лошата страна на ова е фактот дека без единствена интернет адреса URL, нема посебна страна што ќе може да се оптимизира или рангира за определен фацет. Ако фацетите ви бидат елементи што луѓето најчесто не ги пребаруваат, како што се цената, достапноста и времето на достава, тогаш веројатно постапката е оправдана. Но ова може многу да ограничи, затоа убаво размислете пред да одберете платформа што ги ограничува SEO можностите и што не може да понуди решение за проблемот.

 

 

 

За крај, доколку поминете со маусот врз определен линк и видите дека нема никаква промена во долниот лев агол од екранот, ниту HTML ниту Java, тогаш пребарувачите нема да може да пристапат до содржината преку тој линк.

 

Дупликат содржина- Поставете кролер на сајтовите-пример што ги добивте од продажниот агент, со цел да се одреди колку платформата ќе генерира копирана содржина. Некои платформи го користат стандардниот таг за да ги контролираат SEO проблемите за дупликатите што ги генерираат. Кролерот како што е Screaming Frog`s SEO Spider, ќе покаже кои интернет адреси примениле стандардни тагови, а кои не.

 

Време на лоадирање- Брзината на сајтот варира во зависност од други фактори, но секако дека и платформата е дел од равенката. Пребарувачите ги користат брзините на страните како еден од 100те алгоритамски фактори, рационализирајќи дека клиентите не сакаат да се најдат на спора страница кога ги разгледуваат производите што сакаат да ги купат. Сајтот на Google, Make the web faster, дава листа од корисни алатки со кои може да се оценат сајтовите. Употребете ги на сајтовите-пример,земајќи предвид дека постојат и други фактори покрај платформата. Доколку сите сајтови се спори, тогаш постои некаков проблем.

 

Оптимизација на содржина- Ако размислуваме надвор од рамките, платформите им овозможуваат на SEO елементите, како што се насловни тагови и насловите, да бидат генерирани врз база на имињата на страните. Тие во одредени случаи покрај името на вебстраната, ќе го содржат и името на платформата. Погледнете во насловните тагови на сајтот пример, може да послужат како корисен пример. Доколку насловните тагови се едноставни, најверојатно тогаш се работи за стандарди во платформата.

 

Стандардите не се проблем се додека може лесно да се променат. Осигурајте се дека насловниот таг, мета описот, и H1 насловот може мануелно да се оптимизираат, па ќе може да ги потиснете стандардите со покорисен текст за пребарувачите.

 

Овие се едни од поголемите проблеми поврзани со платформите. Секако дека листата не е конечна, бидејќи постојат и многу други проблеми, а можеби со некои од нив веќе се имате сретнато.

 

 

 

 

 

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен