јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Дел 4: Структурата е клучниот елемент за SEO

Објавено на од

 

Ова е четвртиот дел на SEO 201, што следи по:

 

Дел 1: Технички правила

Дел 2: Пречки поврзани со пронаоѓањето на содржината (crawling) и нејзино зачувување/ индексирање (indexing)

Дел 3: Овозможување на кролери

 

Без оглед на кој елемент од оптимизацијата на пребарувачи сте фокусирани- од оптимизација на содржина до зголемување на авторитетот на линкот- структурата е двигателната сила на SEO.

 

За целта на оваа статија, под структура подразбираме која содржината е претставена и на кој начин. Структурата на сајтот најчесто е претставена преку мапа на сајтот или негова рамка. Одлуките поврзани со структурата за време на дизајнирањето на страната влијаат врз перформансот на SEO, дури и во момент кога програмерите ретко помислуваат на SEO.

 

На пример, одредена страна за интернет трговија што е специјализирана за продажба на облека сака да се рангира при пребарување на различни фрази поврзани со возраст, пол и вид на производ, како што се фразите девојки, фармерки, кошули итн.

 

За ова да се спроведе, страните што се најсоодветни да се рангираат ќе треба да испратат силни сигнали за релевантност и авторитет до пребарувачите. Какви било одлуки поврзани со структурата на сајтот може да претставуваат пречка во неговата способност да се рангира при пребарувања.

 

Оптимизација на содржина и структура на сајт

 

За да ја оптимизираш страната за пребарувачите, најпрво треба да имаш страна што може да се оптимизира. Структурата е таа што одлучува кои страни постојат а кои не. На пример, доколку структурата на сајтот ја сегментира публиката според пол, пред да го стори тоа според тип на облека, нема да постои страна со типови на проиводи што не се наменети за конкретен пол што ќе може да се оптимизира, како во следниот пример:

 

 

 

Овој сајт не содржи страна што е соодветна да се оптимизира за категоријата фармерки jeans, бидејќи единствените страни за фармерки што постојат се за женски фармерки, машки фармерки, фармерки за девојчиња и фармерки за момчиња. Бидејќи сајтот ги принудува потрошувачите да изберат облека за жени, мажи, момчиња и девојчиња, пред да го изберат типот на производ, страната за производи што не се наменети за конкретен пол не постои. Доколку на оваа компанија и е важно рангирање при пребарување на фраза за најопштиот производ, SEO би препорачал промени во структурата при што ќе се интегрираат страни и навигација за типови на производи што не се дефинирани во однос на полот.

 

Дури и кога вебстраните постојат, сајтовите за интернет трговија се познати дека се скржави во однос на текст. Темплејтите за категоризирани страни најчесто не содржат простор за описен текст и поглавја. Ова се јавува како резултат на фактот дека се работи на структура на страна без да се земе предвид SEO.

 

Спротивно на тоа, категоризираните страни се најдобриот начин за сајтовите за интернет трговија да се рангираат при пребарување на фрази поврзани со производите како што се облека за мажи (men`s clothing) или кошули за жени (girls` shirts). Страните за поединечни производи ретко го поседуваат авторитетот или релевантноста да се рангираат при пребарување на типови на производи со клучен термин. Од друга страна, категоризираните страни се креирани за тоа. Се што им е потребно се неколку прости реченици со објаснување и H1 наслов, како и оптимизиран насловен таг и мета опис со причината зошто постојат.

 

На крај, структурата е одговорна за зборовите што се користат во навигацијата, што пак има влијание врз перформансот на SEO кога навигацојата не е базирана на слики туку е текстуална. Пренасочувачкиот текст на навигацијата праќа сигнал за релевантност со клучниот збор до страната со која се линкува. Кога сајтот користи важни клучни зборови во навигацијата, ја зголемува релевантноста на страната. Секако дека со ова може да се претера, па применувајте го само каде што е најкорисно и најприродно. За да се постигне рамнотежата, потребно е блиска соработка помеѓу дизајнерот на страната и професионалецот по SEO.

 

Авторитетот и структурата на сајтот

 

Почетната страна на сајтот најчесто е и најмоќната бидејќи повеќе линкови од другите сајтови водат токму кон почетната страна. Па затоа, распространување на авторитот на линкот од почетната страна, и од други страни што природно имаат поголем авторитет, низ сајтот помага повеќе страни подобро да се рангираат.

 

Навигационите линкови се најдобриот начин да се оствари ова. Страните што се линкувани во навигацијата добиваат зголемување на авторитет преку секоја страна на сајтот, бидејќи пребарувачите ги третираат линковите како гласови што ја покажуваат вредноста на страната. Повеќе линкови до страната, значи дека страната има поголем авторитет.

 

Структурата на страната покажува кои страни се линкуваат на други страни. Кога структурата и SEO соработуваат може да ги остварат двојните цели, да им помогнат на потрошувачите додека се на сајтот да ги најдат вистинските страни, исто така, да им помогнат да ги најдат вистинските страни преку природни пребарувања.

 

На пример, при редизајнирање, структурата може да пројави потреба за поосновна навигациона структура, што потрошувачите би можеле да ја прочитаат само со поглед, со помалку опции и преклопувања. SEO професионалецот можеби ќе советува да не се направи тоа, или ќе навива да се остават неколку од покорисните страни во навигацијата. Отстранувањето на навигациони линкови ќе има негативен ефект врз перформансот на SEO за страните што биле тргнати, но зачувувањето на највредните линкови во навигацијата може да го минимизира ризикот, а истовремено да ја постигне целта.

 

Во случај кога се користат навигационите елементи, се влијае врз перформансот на SEO. Ако навигацијата за header или sidebar се менува врз база на делот од сајтот каде што се наоѓате, страните што се линкуваат нема да добијат гласови за авторитет на линкот од секоја страна на сајтот, туку само од оние страни што ја поддржуваат таа верзија на навигација.

 

За многу големи е-комерц сајтови конзистентна sidebar (со странична лента) навигација можеби ќе не може да се примени. На пример, сајтот за облека што претходно го споменавме, веројатно има милиони поткатегории на секоја категорија. Обидот да се спојат сите овие навигациони опции во една странична лента (sidebar) ќе бара толку многу читање и скролање со што сајтот ќе биде бескорисен. Од друга страна пак, сајтовите со помалку понудени опции, терба да се стремат да ги одржуваат навигационите елементи конзистентни низ целиот каталог со продукти.

 

Технологијата и структурата на страната

 

Сите оние карактеристики на сајтот наменети за користење, што се планираат во процесот на градење на неговата структура, може да водат до проблематични прашања поврзани со SEO. Во зависност од тоа како се кодирани навигационите елементи, кролерите на пребарувачите може да не ги препознаат. Доколку кролерите не ги пронајдат страните, , тие нема да може да се рангираат, нема да може да поттикнуваат природни посети и продажба.

 

Покрај навигационите линкови, структурата на страната може да пројави и други форми на пристап што би им попречиле на пребарувачите. Спајдерите на пребарувачите најчесто пребаруваат линкови меѓу страните, и ја индексираат содржината на страните. Прозорчиња што треба да се пополнат за да се премине нa следната страна може да претставуваат пречка.

 

Сајтови што зависат само од одговори што се собрани од корисниците преку отворено поле за пристап на страни од пониско ниво најчесто имаат SEO проблеми. Овој проблем не е од практична природа за е-комерц сајтовите, бидејќи многу малку од нив ги поставуваат каталозите со производи со лозинки или со отворени полиња за да се премине на следна страна.

 

Меѓутоа, компаниите што бараат членство, може да бидат во искушение да ја стават целата содржина со лозинка со цел да поттикнат регистрација на корисници. Меѓутоа оваа цел треба добро да се обмисли, бидејќи за да се поттикнат природни посети треба дел од содржината што е релевантна и има авторитет да биде јавно достапна.

 

 

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен