јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Дел 3: Овозможување на кролери (search engine crawlers)

Објавено на од

 

Ова е третиот дел од серијата SEO 201, што следи по деловите:

 

SEO 201, Дел 1: Технички правила

SEO 201, Дел 2: Пречки поврзани со пронаоѓањето на содржината (crawling) и нејзино зачувување/ индексирање (indexing)

 

Целата серија SEO 201 се фокусира на техничкиот аспект на структурата и организацијата на вебсајтот. Техничкиот аспект на оптимизацијата на пребарувачите е најважниот елемент бидејќи ја одредува ефективноста на целата друга оптимизација. Целата оптимизација на содржина во светот нема да помогне во рангирањето на страната, доколку таа страна употребува технологија што програмите за пребарување на информации не можат да ја детектираат. Токму затоа, задолжително треба да научиме да ги доживуваме нашите страни онака како што тоа го прават кролерите на пребарувачите.

 

Правило број 2: Не му верувајте на вашето претходно искуство

 

Овозможувањето на кролерите е првиот чекор. Но, она што тие ќе го најдат таму може премногу да се разликува од она што вие го гледате.

 

Цврстата техничка оптимизација на пребарувачи зависи од вашата способност да се преиспитате што навистина гледате кога го разгледувате вашиот вебсајт, бидејќи пребарувачите пристапуваат кон поедноставна верзија на страната од онаа што вие и потрошувачите ја гледате. Но, кролерите не само што не ги гледаат сликите, туку и цели делови од страни и сајтови може да исчезнат.

 

 

На следната слика, може да видите како вие гледате одредена вебстраница- на лево, а на десно, црвените правоаголници го покажуваат она што не се прикажува кај традиционалните кролери.

 

 

 

 

Кролерите на пребарувачите не можат да прифатат cookies, и најчесто не пребаруваат со употреба на Java, CSS, Flash и Iframes. Повеќето други технологии што овозможуваат вмешување на искуството на потрошувачите се исто така недостапни за кролерите или се минимално забележливи. Како резултат на ова содржините и навигацијата на кои им се потребни овие технологии за да ja прикажат содржината и линковите нема да бидат достапни за традиционалните кролери на пребарувачите.

 

Решението е да се програмира страната со употреба на прогресивно унапредување, метод на програмирање што започнува со основна HTML презентација (текстови и линкови) а потоа надоврзува понапредни технологии за потрошувачите. Прогресивното унапредуање (progressive enhancement) е добро за стандардите за достапност, како и за оптимизација на пребарувачите, бидејќи пребарувачите што ги употребуваат слепите лица и лицата со инвалидитет имаат слични способности со кролерите на пребарувачите.

 

Можеби забележавте, дека се споменува терминот традиционални кролери на пребарувачите. Некои кролери се повеќе технички софистицирани, додека пак други се уште се само читачи на текст. На пример, Google употребува дел кролери што се во можност да работат со Java и CSS. Овие кролери ги тестираат сајтовите за спамови што се обидуваат да го искористат слепилото на традиционалните кролери во однос на Java и CSS. На пример, спам техниката на SЕО, да го употреби CSS за да преслика бел текст на бела позадина за да се скрие листата со клучните зборови, ваквиот тип на кролер (hedless browser) ќе ја примети, и ќе му овозможи на пребарувачот алгоритмички да ја казни страната.

 

Сепак, бидејќи пребарувачите се уште користат традиционални кролери – читачи на текст, не ја ризикувајте изведбата на вашата страна, бидејќи мали се шанси сите кролери да бидат од овие пософистицираните (headless browsers).

 

Најдобриот начин за подобрување на SEO изведбата е преку програмирање на страна што ќе ги дозволува сите кролери и ќе дозволува индексирање на целата содржина што сакате да ја рангирате.

 

SEO и геолокацијата

 

 

 

Фактот дека не можете да ја забележите разликата не значи дека таа не постои. Во екстремни случаи, целата содржина на сајтот е недостапна за пребарувачите во одредени земји.

 

Геолокацијата може да биде проблематична бидејќи Google собира податоци преку преку IP адреса во Сан Хосе, Калифорниа, а Bing собира податоци од државата Вашингтон. Како резултат на ова, на нив секогаш ќе им служат содржини од соодветните градови. Доколку на ботовите им е само дозволена да собираат информации базирани на нивната IP адреса, тие нема да можат да собираат податоци и да ги индексираат истите за други локации. Следствено, друга содржина од други места нема да се прикажа во резултатите од пребарувањето и не може да поттикне природни пребарувања и продажба.

 

Сепак, геолокацијата може да биде од огромно значење за искуството на клиентот, и може да се примени на таков начин што нема да му штети на SEO. За да се осигураат рангирања за секоја локација, сајтовите мора да понудат опција за промена на локација за клиентите да може да изберат која било локација, преку едноставни HTML линкови. Оваа цел се отварува преку понудената листа за бирање на локацијата , каде може да се избере државата ичи можеби како опција е дадено знамето(change location).

 

Плус, посетителите треба географски да се лоцираат на почетната страница. Доколку има геолокација на секоја страна, клиентите и кролерире со секој линк што ќе го одберат ќе бидат преместувани врз база на локацијата на IP адресите

 

SEO и вашата платформа

 

Никој не отвара сајт за интернет трговија со намера до неговите содржини да не може да се дојде, со што не би се поттикнала природна продажба преку пребарување. Проблемот лежи во фактот дека навидум неповрзани одлуки биле донесени на навидум неповрзани состаноци од страна на многу паметни луѓе, кои имаат влијание врз техничкиот SEO.

 

Платформата на која е изграден вашиот сајт има апсурдности, карактеристики, начини на организирање и прикажување на содржина што може или да го подобрат или да го оштетат SEO. Дури и најпријателски расположените платформи во однос на SEO, воведуваат рестрикции на начинот на кој може да го оптимизирате вашиот вебсајт.

 

На пример, некои платформи се одлични за SEO се додека не се стигне до филтрирање на карактеристиките на каталогот со продукти. Нажалост, некои многу важни карактеристики што клиентите ги бараат за производот се скриени со филтрите. Бидејќи платформата не дозволува филтер страните да бидат оптимизирани, важните филтер страни не можат да бидат рангирани, и не може да поттикнат природни продажба преку пребарување, без претходно кодирање.

 

Нажалост, рестрикциите на секоја платформа се различни и не постојат детални информации како да се оптимизираат овие рестрикции. Затоа, е важно добро да ја проучите платформата на вашиот вебсајт.

 

 

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање