јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

SEO 201, Дел 1: Технички правила

Објавено на од

Со овој напис, ќе започнеме нова серија, SEO 201, што ќе ги објаснува техничките т.е. основните аспекти за изградба и организација на страна.

 

 

 

Типичниот сет на вештини на проучувачите на пазарот, се продлабочува во областа на маркетингот, а не обрнува внимание на техничките области и областите во развој. Токму поради тоа, страната поврзана со градбата на оптимизацијата на пребарувачи им претставува проблем на учесниците во пазарот на интернет маркетинг.

 

Размислете на ова на следниот начин: Пребарувачите се само различен тип на влијание.

 

Знаеме дека ставовите на влијателните луѓе имаат ефект врз одлуките за купување на одредена мрежа купувачи. Ова може да биде мала работа како на пример одлуката на менаџерот за користење на одреден бренд на таблети, влијае врз одлуките на потчинетите, или пак извештаите на потрошувачите исто така влијаат врз одлуките какви производи ќе купат читатели. Ова се примери каде одредени луѓе влијаат врз одлуките за купување на други луѓе.

Исто така, Google, има големо влијание. Google ја собира содржината на вебстраната и со помош на алгоритми одредува дали истата е вредна за да ја прикаже на клиентите врз кој влијае. Така, многу употребувачи на пребарувачите неправилно ги интерпретираат високите рангирања на Google во вид на најдобра содржина и производи, наместо да ги интерпретираат во вид на страни што се најалгоритмички авторитативни и соодветни на прашањето на оној што пребарува.

Перцепцијата дека Google препорачува една страна пред друга, формира влијание, и тоа влијание е со поголема мера од било кој друг фактор. Според извештај на U.S. Search Engine Rankings на comScore`s, Google, во јуни оваа година, одговорил на 12 билиони поставени прашања преку пребарувачи во САД. Другите пребарувачи, сите заедно, одговориле на 5.5 билиони пребарувања. 

Покрај тоа што влијаат, пребарувачите нудат и директна линија кон купувања. Тоа е како потчинетите што тежнеат по таблетот на својот менаџер да се во состојба да кликнат копче во салата за конференции и да можат инстантно да го купат таблетот.

 

Технички SEO- пат до луѓето што влијаат врз активностa на други луѓе

 

Нажалост, највлијателниот фактор работи врз база на не толку разбирирливи правила. Многу од овие прашања се технички, или по природа се структурни, и кршењето на овие правила може да резултира со целосен недостаток на видливост на пребарувачите. 

Оптимизацијата на содржината е полесна за разбирање бидејќи вклучува зборови. Оние што бараат некаква информација, го пишуваат зборот во просторот за пребарување, и страниците што оптимално го користат тој збор имаат поголеми шанси да бидат подобро рангирани.

Техничкиот SEO се базира на правила, а не на зборови. Пребарувачите се само сложени елементи на софтверот што ги собираат информациите од интернетот и во големи фарми на серверот за процесирање, врз база на алгоритми што ја поврзуваат релевантноста и авторитетот на веб-страната со прашањата поставени од корисниците. Бидејќи деловите што влијаат врз SEO се базирани на софтвер, тие задолжително следат правила развиени од страна на програмерите.

Доколку ги разберете правилата како пребарувачите ги интерпретираат сигналите и што е тоа што не можат да го интерпретираат- ќе можете да сврзите многу прашања поврзани со техничкиот SEO.

 

Трите правила на техничкиот SEO

 

Правило број 1- Доколку сакате вашата страна или дел од вашата страна да привлече природни посети и продажби, содржината треба да биде лесна за пронаоѓање и зачувување.

 

Пребарувачите постојат за да им одговорат на корисниците на најсоодветен можен начин на она што ги прашале. За да го сторат тоа, пребарувачите треба најнапред да ја откријат содржината на вебстраната со помош на софтверски елемент познат под името crawler или bot (компјутерска програма што лесно може да најде информации на интернет), и треба да ја зачуваат содржината во магацинот на серверот. Доколку, оваа програма не може да ја најде страната или не е во состојба да ја зачува содржината што ќе ја најде, содржината не може да се процесира со алгоритамот и не може да се прикаже во листа за оние што поставиле прашање да може да ја отворат.

Едноставло речено: без лесно пронаоѓање на содржина (crawl), нема зачувување (index), нема рангирање и нема потрошувачи.

Добрата работа е што преку тоа дали една страна е индексирана (од неа може да се зачувува содрж ина) или не, лесно е да се увиди дали горенаведеното правило е земено предвид.

 

Правило број 2- Не верувај на она што ти самиот го гледаш како лесно за пронаоѓање (crawable)

 

Погледнувате на вашата страна и гледате земја на чудата во однос на содржина и линкови. Си велите сами на себе, каков празник за пребарувачите кои треба да пронајдат содржина и да ја индексираат. Но, кога програмот за пронаоѓање (crawler) ја посетувата вашата вебстрана, единствената содржина што може да ја зачува (index) се едноставните линкови на долниот дел од страната. Што се случило?

Содржината што ја гледаме на вебстраната – слики, видеа, текстови, може да бидат кодирани на многу различни начини и на многу различни платформи. Тие платформи може да ограничат што е она што програмот за пронаоѓање може да пронајде и зачува. И како што зборувавме во правилото број 1, доколку содржината не може да се пронајде и да се зачува, нема да може ни да се рангира а со тоа нема да може ни потрошувачите да бидат насочени кон таа страна.

 

Правило број 3- оптимална структура овозможува или оневозможува оптимално пронаоѓање на содржината, иако таа е еднакво важна за трите области на SEO- тахнички аспект, содржина и авторитет.

 

Терминот структура на страната се однесува на организирање на страните и нивно меѓусебно поврзување. Структурата (architecture) е технички елемент на SEO бидејќи влијае на пронаоѓањето на содржината. Сите видови на линкови, внатрешните, HTML линковите, може да ги овозможат или да ги оневозможат програмите за пронаоѓање содржина (crawlers) да дојдат до истата. 

Оптималната структура е вклучена како трето правило бидејќи има ефект на порта на SEO и влијае врз сите други аспекти на SEO. Кој било фактор што влијае врз основната потреба на SEO- да пронаоѓа содржини- е пред се техничко прашање поврзано со SEO. 

Структурата, исто така, ги одредува и клучните сегменти според кои една страна би била релевантна. Дали една страна постои, или не, и колку длабоко во структурата на страната е позиционирана, има огромни последици за SEO. 

Структурата исто така се вкрстува и со оптимизацијата на содржината бидејќи оптимизацијата на темплејотовите на страните за природни пребарувања вклучува технички аспекти, како што се како се кодирани страните и содржински аспекти како што се колку и какви типови на содржина ќе се прикажуваат на одредена страна.

 

Во однос на трите правила

Природно е дека во едно сложено поле како што е SEO, има многу примери и и гранични случаи што може да се докажат како спротивни на трите правила.

 

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен