јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Семинар за е-бизнис и е-трговија

Објавено на од

Вчера успешно се одржа семинарот за е-бизнис, организиран од Стопанската комора на Македонија и м-р Мијалче Санта, асистент на Економскиот факултет при УКИМ на катедрата Е-бизнис. Семинарот беше наменет како квалитетна обука за македонските компании со цел да направат отскок кон е-бизнис и е-трговија. Таквите едукативни сесии се токму она што им е потребно на македонските компании за да го издигнат своето работење и конкурентност. На компаниите им беше претставена јасна патека за стекнување со придобивките од е-бизнис и е-трговијата, со детална разработка на ризиците и можностите.

Исто така семинарот беше ставен во контекст со реалните искуства од индустријата. Представник од фирмата Макпрогрес(Vincinni) од Виница го сподели нивното искуство во имплементацијата на систем за е-бизнис. Додека јас бев почестен со поканата да бидам гостин предавач во врска со практичните искуства од е-трговијата кои ги стекнавме преку нашиот сервис ТЦ Е-трговија.

Бидејќи поканата да бидам гостин предавач се случи спонтано, не бев сигурен каква содржина можам да очекувам, но бев пријатно изненаден од темелноста и квалитетот на информациите кои беа презентирани од м-р Санта. Секој денар од котизацијата на компаниите беше оправдан.

Мојата и презентациите на м-р Санта се прикачени подолу.

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање