јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Разлики меѓу афилијативен маркетинг и банер

Објавено на од

Кога се зборува денес за добра и едноставна интернет маркетинг програма повеќето помислуваат на Pay Per Click - плаќање за секое кликање или Pay Per View (или плаќање по импресии рекламирањето). Исто така, често употребуван метод е и рекламирањето преку банери. Иако овие се повеќе практикувани начини, треба да се земе во предвид и Аffiliate маркетингот како алтернатива на интернет рекламирањето. Афилијативниот метод и афилијативната мрежа нудат низа на бенефити во споредба со банер рекламирањето. Тука се зборува за афилијативниот модел на мрежа во кој трговецот плаќа само кога производот е купен.

Трговецот кој сака подобро да таргетира и подобро да го разбере целиот овој процес на конверзија на потенцијалните посетители треба да го стави во фокус афилијативниот метод. Трговецот дава линк до неговите производи и овој линк се наоѓа како блок на друга веб страна каде се  вистинските корисници. Можеби PPC е поедноставен модел за почеток но ако трговецот сака вистински да ги таргетира своите корисници со производи и услуги кои се во ист интерес како и страните кои овие корисници ги посетуваат подобар е афилијативниот модел.

proces na afilijativen marketing

 

Цените на банери во Македонија може да бидат фиксни или одредени според бројот на импресии(видувања на банерите). Еден банер на популарна страница може да чини од 500-700 евра месечно и овие пари за еден трговец кој што само го започнува својот бизнис се чини дека се многу. Банерите и рекламите се наплаќаат и според бројот на нивни видувања. Според овој начин на пример цената на еден банер кој не е премногу голем и се наоѓа на неатрактивна позиција како долу десно на страната изнесува 0.10 до 0.20 денари за едно видување. Тоа значи дека плаќате само ако некој ја отвори страната на која се наоѓа вашиот банер. За 100.000 видувања вие би платиле 20.000 илјади денари. Тоа може да биде успешно и вие да генерирате висок процент на посетители, но што ако содржината на банерот не се совпаѓа со содржината на страната? Дали репутацијата на страната на која се рекламирате е доволна за конверзија? Афилијативната мрежа ви дава поголема слобода за каде тоа да го преставите вашето присуство. 

Цената за брендиран Афилијативен блок е пониска отколку на банерот. Цената може да биде и 3000 денари. Но цената за небрендиран афилијативниот блок е 0. Ако вие немате луѓе кои купиле производи од вашата страна вашите трошоци за рекламирање се минимални. Но што ако месечно плаќате дополнителни X денари кои се наплаќаат како процент од вашите продажби? Дали тоа е многу ? Тоа значи дека вашата кампања е успешна и дека сте успеале да продадете голем број на производи. Големи продажби се супер. А ако немате голема посетеност и продажби за тоа неплаќате високи суми.

Придобивки од афилијативниот маркетинг во однос на банер - рекламите

Овде ќе ги објасниме придобивките од користењето на PAY PER CLICK рекламите со афилијативниот маркетинг. Можете да ги користите PPC рекламите заедно со афилијативниот маркетинг со цел да го зголемите својот приход. 

vodic za procesot na afilijativen marketing

 

Удел во приходот

Кога и да промовирате било каков вид на производ преку афилијативна мрежа, точно знаете колкави приходи ќе генерирате како резултат на продажниот систем. Значи, ако остварите афилијативна продажба, ќе остварите фиксен удел во приходот. За разлика, приходот од PPC рекламите е многу мал, а исто така и неконзистентен.  

Производ за вашиот тесен пазар

Можете да рекламирате производи од било кој пазар. Доколку вашиот блог се однесува на здравјето, тогаш сигурно можете многу лесно да пронајдете производи поврзани со вашиот пазарен сегмент. Пронајдете производи коишто се поврзани со темите од вашиот блог и стесенете го изборот. Тоа сигурно ќе го зголеми бројот на афилијативните продажби и стапките на конверзија. 

Афилијативни мрежи

Со афилијативниот маркетинг на интернет а многу лесно да се пронајде производ или услуга којашто ќе се рекламира. Постојат многу добро познати афилијативни системи коишто бараат само да се зачлените за да откриете голем број на добро познати производи и услуги на само едно место. Задолжително е да изберете квалитетни производи или услуги кога употребувате афилијативен маркетинг, со цел да ги рекламирате и да добиете бенефиции од нив. Можете да се придружите на Amazon, ClickBank, HostGator, BlueHost, и многу други афилијативни програми за да заработите пари на овој начин. Има уште многу други придобивки од употребата на афилијативниот маркетинг за рекламирање на производи или услуги. Тој сигурно ќе ви помогне да го зголемите приходот остварен од pay-per-click Можеби ќе ви биде потребно подолго време за да ги научите техниките за интернет афилијативен маркетинг.

 

kopce so ime uspeh na tastatura

 

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен