јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Прославен првиот роденден на ТЦ.мк

Објавено на од

Полека, но сигурно, со геометриска прогресија на новитети и надградување и со градациски раст, го достигнавме својот прв хронолошки milestone, прославувајќи го првиот роденден!

Борејќи се со социјални парадигми, поставувајќи се како иноватор и лидер на пазарот, без конкуренција од истиот калибар, успешно се боревме и изборивме за свое место во македонското пазарно поднебје, давајќи нов аспект на купувањето.

Изминатава година, работевме на втемелување на онлајн купувањето во Македонија, разбивање на стереотипот на резервираност при користењето на Интернетот како продажен канал, имавме стотици нарачки, основавме заедници по десетици илјади фанови на нашите Facebook страници и луѓето започнаа да не препознаваат како бренд.
Сите овие достигнувања, преголеми за едногодишно егзистирање, решивме дека се вредни за прослававување, организирајќи голема роденденденска забава.

Роденденот беше прославен во понеделникот, 20.12, во просториите на Клуб на новинари, со голем коктел и огромна торта во форма на логото на ТЦ.мк.

роденденска торна на ТЦ.мк

Покрај наздравувањето за едногодишното успешно постоење на Трговски центар, на коктел-забавата беа претставени и големиот број новитети кои ги спроведовме изминативе неколку дена.
Настанот го отвори новинарката Марија Главчева, попозната како водителка на емисијата “Во тренд”, најавувајќи го директорот Александар Тасев да каже неколку збора за ТЦ, нашите достигнувања и идни планови. Тој зборуваше накратко за посебните функционалности кои Трговски центар како платформа ги нуди, за Желботека системот и zelboteka.tc.mk порталот како советник за идеи за подароци, и ги најави новитетите кои се штотуку имплементирани.

Системот за попусти е еден од нив. Тоа е систем на кој можете да се “претплатите” за било кој производ кој ви се допаѓа и да бидете известени во истиот момент кога тој производ ќе биде на намалување. Се тоа со едноставно кликање на копчето “Сакам попуст”. Овој систем е поддржан од истоимениот портал, достапен на sakampopust.tc.mk каде можете да ги најдете сите попусти и намалувања, наградни игри достапни во Македонија, како и совети за штедење и паметно управување со вашите финансии. Презентиравме уште еден портал, овој пат кој се грижи за сите љубители на технологија - geeks.tc.mk. Најавена беше и наградната игра “Желботека наградува добри дела”, која во рок од една недела фановите треба да ги споделуваат нивните направени добри дела за 2010 и да гласаат, а тројцата најпопуларни ќе добијат подарок од своите сопствени желботеки во износ до 3000, 2000 и 1000 денари следствено. Бесплатната испорака до 31.12.2010 за направен износ над 3000денари е наш новогодишен подарок до сите купувачи на www.tc.mk.

Во прекрасната, ем роденденска, ем предновогодишна атмосфера уживаа голем број наши трговци, надворешни соработници од банките, факултетите Американ колеџ и Економски факултет, од министерствата, како и огромен број на новинари и познати “фаци” како Џаро, пејачот Славиша, Кире Печијарески и многу други.

Трговски центар достојно го прослави првиот роденден и своите достигнувања заедно со нас, поставувајќи основи за нови milestones, нови подвизи и исполнувања, со визија за доближување на Македонија до Европските и светските интернет трендови!

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен