јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Како да ја зголемите продажбата преку Фејсбук?

Објавено на од

За повеќето e-commerce брендови, Фејсбукот е сеуште број еден социјална платформа кога станува збор за сообраќај и придобивање на публиката на клиенти и фанови.

Ова е особено точно за брендовите кои имаат можност да креираат релевантни содржини поврзани со секојдневниот живот на нивните клиенти и со тоа да го привлечат нивното внимание.

           log in na facebook preku mobilen

Но како всушност да се генерира продажба преку Фејсбук, и како доволно добро да се промовирате? Ајде да ги разгледаме некои од ефективните начини како да се продава преку Фејсбук и да се создаде многубројна публика.

  1. Користете слики

Со цел да се генерира сообраќај и продажба од Фејсбук, прво треба да се привлече публиката со содржина која ќе ги заинтересира и ќе ги поттикне да дознаат нешто повеќе за Вас. Сликите на Фејсбук се најдобар начин за да го постигнете тоа, бидејќи тие најдобро можат да го привлечат вниманието на посетителите на вашата фан страна.

                             sporedba na sliki i postovi so grafikon

Сепак, сите слики не генерираат исто ниво на импресии.  Сликите со кои се е објаснето добиваат  поголема популарност од сликите кои бараат дополнително објаснување. Во примерот подолу, прикажано е како сликата на лево добива повеќе лајкови само затоа што со неа целосно е објаснето тоа што треба да се пренесе како порака до посетителите, а на сликата од десно голем дел е оставено на имагинацијата на посетителите.

                              sporedba objasneta i neobjasneta slika

Ако објавувате слики на производи, убаво е да бидат поткрепени со текст кој би дал објаснување за сликата или пак текст кој дава објаснување како на пример: „Нова колекција“, „Зимска 2013 колекција“ и сл.

nova kolekcija obuvki od froddo

  1. Поврзете го животниот стил со производот

Друга важна стратегија за онлајн трговците на мало кога станува збор за создавање на релевантни слики е да се разбере дека вие не нудите продажба само на вашите производи, туку исто така и примената на производот.

Со други зборови, постирајте слики кои му покажуваат примери на вашиот  клиент, како тие би ги користеле вашите производи. Така ќе го направите вашиот бренд попрепознатлив. 

casi vino vo ubava atmosfera

Ова е добар пример за тоа како може празничното расположение да се искористи за постови со празнична содржина поврзани со славење, веселби и сл.

  1. Креирајте област на производот

Да се соочиме и со тоа дека, објавувањето на исти слики секојдневно може да станат здодевни за вашите фанови и тоа прилично брзо. Да се направат поинтересни слики за вашиот производ, визуелно привлечни или пак слични производи да се презентираат заедно.

vivax sokovnik

Може дa искористите стратегија со која на ќе презентирате здрав живот токму преку тој производ, или пак водич за здраво живеење при што би го вклопиле и вашиот производ.

  1. Стартувајте рекламни материјали и натпревари

Истражувањето покажа дека 42% од луѓето кои се на Фејсбук се со цел да добијат купони или попусти.

Натпреварите се одличен начин за да им понудите на вашите фанови нешто што ќе ги привлече и истовремено ќе ги активира да се заинтересираат за она што вие го нудите. Исто така со ова ќе ја зголемите и вашата публика многу брзо. 

  1. Попусти креирани за одреден период

Нудете обновливи попусти, тие можат да бидат исклучително ефективни, а воедно и добар начин да се добијат повеќе фанови и истите да покажуваат активност.

Ставете граница на попустите, односно одреден период на траење. Докажано е дека луѓето повеќе ги привлекуваат попустите кои се ограничени и корисниците најчесто на последниот ден од попустот брзаат да го купат производот. Купување со одредување на минимална граница за активирње на попустот е добар начин да се понуди на вашите фанови и да биде добар поттик за нарачување 

  1. Понудете ваучер за подароци

Луѓето обожаваат за ваучери за подароци. Посебно за време на празниците. Со купување на одредени производи, понудете ваучер кој може да го подарат на нивните пријатели или да го искористат за нив. Со ова ќе покажете дека ви значат вашите корисници и дека ја наградувате нивната лојалност.

karticka za podarok

  1. Понудете бесплатна испорака

Ако не секгаш можете да нудите бесплатна испорака, тогаш тоа правете го повремено. Тоа може да биде многу добар поттик за да се добијат фанови. Кај луѓето испораката има големо влијание врз одлуката дали ќе купуваат онлајн. Ако испораката е бесплатна, тогаш сигурно лесно ќе се одлучат да го купат вашиот производ.

proizvodi so besplatna isporaka

Ова е банер кој е поставен на страната на tc.mk и води до производите кои моментално се со бесплатна испорака.

 

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање