јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

[Презентации] Обука: Интернет трговија – предности и можности

Објавено на од

Изминатава недела беше навистина позитивна за нас. Успешно ја спроведовме кампањата во која корисниците на Трговски центар можеа да си нарачаат чаша за 1 денар, и во петокот зборував на обуката Интернет трговија – предности и можности во просториите на Машинскиот факултет.

Особено сум задоволен од посетеноста и изразениот интерес, прашањата и пријатните муабети по самиот настан за време на коктелот. Сакам уште еднаш да им се заблагодарам на сите кои беа таму. Дарко веќе ги објави презентациите на Комуникации.нет но сепак, еве за да бидат достапни и тука во овој пост ќе ги објавам и јас двете презентации на претставниците на Тутунска Банка и мојата. Дополнително Дарко направил видео снимка од мене па еве ја подолу и неа :).

Откако ја видов снимката увидов дека мора да поработам на мојот јавен настап, сепак ова ми е прво искуство пред толку публика, за следниот пат ветувам ќе се потрудам да се покажам во подобро светло :). А кога сме кај следниот пат, да најавам дека организаторите Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ по успешноста на овој настан најави можност истиот да се повтори и во неколку други градови низ Македонија. Па до тогаш погледнете ги презентациите и видеото од петокот.

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен