јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Предности на електронската продавница

Објавено на од

Електронската трговија е купување и продавање на производи и услуги преку Интернет, но нејзиното значење најчесто опфаќа многу повеќе аспекти на комерцијалното работење, вклучувајќи ги и услугите на потрошувачите, како и соработката меѓу деловните партнери. Ако отворите интернет продавница вие ќе имате предност во однос на останатите трговци.

kopce dodaj vo kosnicka na tastatura

1. Локацијата и седиштето на компанијата немаат големо значење.

  • Проширете го вашиот пазар- купувачите можат да бидат од било кој дел на Македонија или светот.

2. Поширока база на клиенти.

  • Поголема достапност на веб продавницата за купувачите, во однос на физичката локација на продавницата.
  • Подобрување на контактот со клиентите
  • Непосредно задоволување на потребите на клиентот на поефикасен начин;
  • Брзо обезбедување на информации до клиентите за новите производи со цел истите подобро да се запознаат со производите.

3. Без ограничување на работното време.

  • 24/7 достапност на производите и услугите до потрошувачите.

4. Алатки за маркетинг.

  • Извонредна, ефикасна и таргетирана промоција на производите и услугите користејќи ги неограничените интернет маркетинг можности. Неограничен е бројот на оние до кој може да стигне пораката.
  • Можностите за маркетирање ви ги нудиме и ние:

Паметниот испраќач на маилови (познат како билтен) - прецизно таргетира мејл адреси и автоматски испраќа дефинирана или персонализирана порака од трговецот до купувачот.

5. Зголемување на продажбата на производите и услугите.

  • Оптимален менаџмент со производите и нарачките.

Систем за креирање на групни попусти или програма за лојалност - трговецот има множност сам да организира попусти и системи за наградување на корисниците, со цел создавање база на лојални задоволни потрошувачи.

6. Создавање  user community – со што се овозможува промоција на нови производи и услуги на редовни потрошувачи.

  • Покрај планираниот производ сугестии за дополнително купување на слични производи итн.

Афилијативната програма е нов ефикасен начин за заработка од посетите на веб сајтови. Афилијативната програма ја зголемува продажбата и промоцијата на Вашите производи или услуги. Вие добивате пристап до афилијативниот систем и може да одредувате провизија за вашите производи кои ќе ги промовираат и продаваат афилијативните партнери. Aфилијативните партнери се сопственици на веб сајтови, блогови и портали. 

7. Намалени трошоци за работа бидејки се избегнуваат реални инвестиции како: изградба/наем,  уредување и одржување на продажен простор,инвестиции од техничка природа (греење, спроведување на струја, вода, поставување на каси за плаќање и сл.)

TC Store е систем за многукратно зголемување на продажбата преку проширување на пазарот, свесноста и лојалноста на купувачите. (Вклучува комплетно бизнис решение со софтвер, маркетинг алатки, и консултантска помош.) 

Привилегија што ја имаат сопствениците на Store во Трговски центар :

  • Бесплатна обука за водење на продавницата 
  • Медијаторство, поддршка при процесирање на првите нарачки,
  • Организирање на групни кампањи (заеднички реклами), каде значително се намалува трошокот за маркетинг, реклама, додека ефектот и целната група се за неколку пати поголеми од досегашното искуство на трговците,
  • Постојано информирање со корисни совети за подобрување на продажбата и ефикасноста на кампањите.

Интернетот овозможува околина со огромно подрачје на трговија. Токму поради online трговијата денес сите работи се одвиваат побрзо, животот е побрз отколку што бил некогаш. Со појавата на online олеснувањата, соништата и аспирациите на многу луѓе станале реалност. Луѓето кои што имале неколку предмети за продавање, но не остварувале високи добивки поради спорите процеси, почувствувале олеснување поради појавата на online продажбата. Илјадници производи се достапни на Web од многубројни продавачи.

Интернетот овозможува околина со огромно подрачје на трговија. Токму поради online трговијата денес сите работи се одвиваат побрзо, животот е побрз отколку што бил некогаш. Со појавата на online олеснувањата, соништата и аспирациите на многу луѓе станале реалност. Луѓето кои што имале неколку предмети за продавање, но не остварувале високи добивки поради спорите процеси, почувствувале олеснување поради појавата на online продажбата.
Илјадници производи се достапни на Web од многубројните продавачи.
comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен