јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Pinterest: 5 важни тактики за помали трговци

Објавено на од

Со 26,877 следбеници, австралискиот моден бренд од Бризбејн наречен Black Milk очигледно добро си ја врши работата.

Во склоп на овој текст ќе дознаете пет елементи од Pinterest стратегијата на Black Milk, кои можат да се применат за мали онлајн продавници, дури и тие да не се дел од модната индустрија.

1. Најпрво потенцирајте ги блоковите со производи

Pinterest профилот на Black Milk најмногу внимава на презентирање, промовирање и продавање на своите производи. Сето ова го постигнува со тоа што поставува одредена структура која налага да се прикажуваат најпрво најновите колекции, па се до најстарите, како и специјалните настани и натпревари. Исто така, во самите наслови на блоковите вклучува и дати на пуштање во продажба, со што го зголемува исчекувањето на купувачите.

Дополнително, Black Milk го одржува стилот на фотографиите со производи да биде едноставен, фокусиран на облеката отколку на сликата или стилот. Тоа значи дека при гледање на блоковите на Black Milk, важните елементи лесно се забележуваат и фокусот е директно на облеката.

Pinterest ви дозволува да ги наредите блоковите според редоследот по кој вие сакате тие да се прикажат на вашиот профил. Осигурајте се најатрактивните брендови (оние кои го промовираат производот во најдобро светло) да се сместени во првите блокови на вашиот профил. Фотографиите да бидат едноставни и конзистентни.

2. Користете интересни производи и имиња на колекции

Брендот Black Milk постојано се користи со интересни производи и имиња на колекции и е конзистентен во користење на овие имиња на сите страни за е-трговија и социјалните медиуми. Ова им помага на купавачите и на фановите лесно да ги идентификуваат, споделат и препорачаат специфични парчиња од линијата на производи.

Black Milk ги прикачува своите слики директно на платформата, а не со линкови преку својата веб страна. Сепак, на овој начин тие не се поврзани со страната каде што можат да се најдат и купат производите.

Бидете конзистентни со имињата на производите кога ги користите на веб страната и на социјалните медиуми, затоа што на тој начин купувачите полесно ќе го најдат она што го бараат. И доколку е возможно, линкувајте ги производите до страната/местото каде шо тие може да бидат купени, на тој начин ќе ја зголемите продажбата.

3. Користете Pinterest за да им услужите на вашите купувачи

Black Milk паметно го користи својот Pinterest профил како дополнителна услуга за своите купувачи, преку кој добива повратен одговор од нив за производите, како и преглед на желбите кои тие ги имаат за идните колекции.

Делот за коментари под сликите на Black Milk се конструирани да личат како сектор за Често Поставувани Прашања, каде заинтересираните може повеќе да се информираат за својот избор. Купувачите поставуваат прашања и Black Milk е активен и свесен за да одговори брзо. Ова помага на два начина.

  • Black Milk се грижи за своите купувачи и одговара на нивните барања.
  • Купувачите може да поставуваат прашања за специфични елементи без да испраќаат e-mail пораки.

Користете го делот за коментари под сликите за да одговорите на прашањата за вашите продукти. Брзите одговори со информативни одговори од помош ќе им помогнат на купувачите при купувачкиот процес и одлуки.

4. Прикажете активности кои се случуваат “зад сцената”

Black Milk е интересен бренд со забавен персонал. Тие го користат ова за да направат интересни фотографии “зад сцената”.Од стилот на персоналот – кој покажива како вработените се облекуваат користејќи ги производите на Black Milk и создаваат сопствен стил – до забавни фотографии сликани на забави, овој бренд знае како да ја натера јавноста да се чувствува како дел од компанијата.

Полесно е да создадете лојалност кон брендот доколку им помогнете на вашите купувачи да купат и станат дел од поголема приказна од она што вие го продавате. Пронајдете начин да ја пренесете приказната на вашиот бред, патувањето на вашиот производ и бенефитите кои ги продавате. Овие длабоки внатрешности прават купувачите да се чувствуваат поврзано, а тоа е чувството кое придонесува тие да се приврзат кон вас, да купуваат и да ви останат лојални.

5. Спроведувајте натпревари и предизвици

Black Milk секогаш наоѓа креативни начини како да ги анимира и инволвира купувачите. Еден од повеќето начини како ова да се направи на Pinterest е преку натпревари со лесен влез. Од натпреварувачите, Black Milk креира специфични  Pinterest блокови каде ги прогласува победниците.

Најдете начин како да создадете натпревар или предизвик кој е лесен за разбирање и учествување, најдете начин како да го промовирате, да ги мотивирате купувачите да се инволвираат и со тоа да придонесат.

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен