јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Партнерски развој на е-трговијата

Објавено на од

Нова технологија

Изминативе неколку недели најавивме лансирање на нова технологија во интернет трговијата. Дел од најавеното е во врска со сервисот за интернет продажба, додека дел е во врска со воведување сервис за бесплатни веб сајтови. Зголемените технички можности отвораат голем потенцијал за развој на пазарот и за поголема заработка. Но, нашата замисла за пазарот не завршува само со развојот на технологијата. Пазарот на Трговски центар е еко-систем кој го градиме заедно на долги патеки во полза на сите кои се вклучени.

Партнерско користење и заработка

Затоа постепено ја отвораме платформата за нашите партнери, со цел заедно да ги опслужиме клиентите: трговците и останатите е-бизниси. Најважното е дека повеќето професионалци како наши партнери ќе можат да ја употреба технологијата на Трговски центар и да ја зголемат својата долгорочна профитабилност и вредност за клиентите.

Од таквото партнерство најмногу ќе можат да добијат професионалците и компаниите од интернет сферата, особено оние кои можат да пружат додадена вредност кон нашите клиенти.  Доколку сте заинтересирани уште сега да дознаете повеќе за можностите за партнерство кои ќе ги отвориме наскоро, можете да ме контактирате преку директна порака на LinkedIn или Тwitter.

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање