јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Оптимизација на пребарувачи, Дел 7: Употреба на структурирани податоци

Објавено на од

Ова е седмиот дел на серијата SEO 201 што следи по:

 

 

Дел 1: Технички правила

Дел 2: Пречки поврзани со пронаоѓањето на содржината (crawling) и нејзино зачувување/индексирање (indexing)

Дел 3: Овозможување на кролери (search engine crawlers) 

Дел 4: Структурата е клучниот елемент

Дел 5: Проценка на платформите за интернет трговија

Дел 6: Редизајнирањето влијае врз тоа колку вашата страна ќе биде посетена 

 

Дали некогаш сте се запрашале како некои страници за интернет трговија добиваат жолти ѕвездички, оценки или сликички при нивно појавување на листата на пребарувачот? Се работи за функционирање на структурираните податоци во пракса.

 

Терминот структурирани податоци звучи релативно непривлечно, но во суштина е начин за обележување на податоците на вашите веб-страни на начин кој им е лесно разбирлив на пребарувачите. Елементи на податоците можат да бидат што било, од цена и достапност до различни категории и видеа.

 

Пребарувачите може да се одлучат да ги користат овие лесно препознатливи типови на структурирани податоци во вид на информација плус (rich snippets), листи при пребарување што се надополнети со додатни информации. На пример, при пребарувањето на dustbuster 14.4v на Google се појавуваат едноставни rich snippets- ги обележав со розева боја.

 

 

Резултатите при пребарувањето што содржат информации плус (rich snippets), особено светли жолти ѕвездички за рејтинг, го привлекуваат окото на корисникот за потенцијално зголемување на можноста да кликне на страната. Исто така, нудат и дополнителни информации директно при пребарувањето, овозможувајќи му на клиентот да донесе поинформирана одлука околу купувањето, пред да ја напушти страната со резултати на пребарувачот.

 

Информациите плус (rich snippets) се појавуваат на страни што се наменети за еден ентитет- производ, пост на форум, настан, музички албум- и како резултат на ова се достапни само за страници за интернет трговија со детално објаснети производи и за форуми. Бидејќи во себе содржат повеќе производи или теми, категоризираните страници не се достапни за информации плус (rich snippets). Во овој момент, оваа алатка се користи само за страници со карактеристики на производи, и само кога споменатиот производ е даден за продажба директно на страницата.

 

 

Како се имплементираат структурираните податоци?

 

Структурираните податоци се елемент на ниво на код, со што бараат промени во темплејтот/шаблонот што се користи за прикажување на страната. Како резултат на ова, ќе ви биде потребна помош од програмер за да се направат потребните измени. Но, имплементацијата на таговите што ги идентификуваат типовите на структурирани податоци е само додавање на уште еден таг во областите на податоци што веќе постојат во вашите темплејти.

 

Повеќето пребарувачи соработуваат во врска со структурираните податоци и развиле сет на спецификации на schema.org што дава приказ на поддржаните типови информации и како истите да се применат.

 

На пример, Google ги прикажува следнити типови на структурирани податоци што може да се најдат на страната на маркетот Target наменета за карактеризација на производите: цена, целокупен рејтинг и достапност. Кодот што ја идентификува цената како тип на информацијата за цената е потцртан на следната слика.

 

 

 

 

Маркетот Target нема потреба да генерира каква било нова содржина за да ги овозможи овие rich snippets, бидејќи цената, рејтингот и достапноста веќе се интегрирани во темплејтот на страната за продуктите. Програмерите на Таргет имаат само за задача да ги вклучат малите делови на кодот за тој да ги иденфикува оние елементи од информациите како што се типовите на информации за цената, целокупниот рејтинг, и достапноста.

 

 Ставови што се противат на употребата на структурирани податоци

 

Често се слушаат ставови што се против употребата на структурирани податоци врз база на тоа дека тие овозможуваат полесна кражба на содржината: „Скрејперите (страниците што крадат содржина од други страни) ќе бидат во можност да ми ја украдат содржината полесно.“

 

Скрејперите веќе се во можност лесно да ви ја украдат содржината без постоењето на типови на структурирани информации. Бесплатни, веднаш достапни алатки му овозможуваат на секого да пројде преку страницата и да ја земе содржината. Скрејперите може да го видат темплејтот на вашиот производ, може да ги внесат HTML таговите што веќе ги користите во нивната апликација, и да изнесат CSV документ со името и описот на секој од производите што ги продавате. Самиот Google е другиот именуван виновник за овој став. Неговиот графиконот на знаење (Knowledge Graph) e алчен корисник на информации со цел да им даде одговори на пребарувачите на самата страна на која се дадени резултати од пребарувањето. Дел веруваат дека протекување на одговорот на страната на која се дадени резултатите од пребарувањето, во суштина го краде кликот на страната што го креирала одговорот.

 

Ова типично е голем проблем доколку вашата страната е важен извор на содржински информации како Википедиа. На пример видете што дава Google доколку го пребарате зборот elephant. Потцртаниот линк е припишување на Google дека информацијата дошла од Википедиа.

 

 

 

 

 

Фразите што се пребаруваат и што се наменети за интернет трговија најчесто не го предизвикуваат појавувањето на Графиконот на знаењето и неговите визуелни ефекти што го крадат вниманието на потрошувачите. И долгите фрази што го предизвикуваат прикажувањето на Графиконот на знаењето веројатно нема да вклучат информации поврзани со интернет трговијата во приказот.

 

Бидејќи структураните податоци не ја олеснуваат работатата на скрејперите и на Графиконот на знаењето на Google, и може да бидат придобивка за изведбата на оптимизацијата на пребарувачот во однос на вашата страница, постојат неколку причини зошто не би ги примениле.

 

Можеби сметате дека со давање на цената на самиот резултат од пребарувањето, пребарувачот може да се одлучи да не кликне на вашиот линк. Во ваков случај, или вашата цена не е конкурентна или пак заинтересираниот навистина само ги споредува цените. Сепак, доколку тој кликнал на страната каде што е даден вашиот производ, кога ќе ја види оваа информација, кликот на страната со листата на резултати би завршил со напуштање на вашата страница. Во ваков случај, информациите плус (Rich snippets) нема да ја изгубат продажбата дури и ако го изгубите кликот, бидејќи продажбата не ни постоела.

 

Единствениот исклучок што може да се појави, е доколку вашата страна е премногу успешна во вкрстено продавање. Ако е ваков случајот, можеби е подобро ако ги задржите кликовите на листата понудена од пребарувачите, кај кои доколку е дадена цената клиентот би се исклучил.

 

Друг случај, кога тие може да имаат негативен ефект е кога податоците што се прикажани се неповолни. На пример, доколку вашите цени се значајно поголеми од оние на конкуренцијата , или доколку критиките за продажбата се понегативни од оние на конкуренцијата, информациите плус (Rich snippets) не би биле придобивка.

 

Дали информациите плус (Rich snippets) генерирани од структурираните податоци би ги решиле вашите маки поврзани со изведбата на оптимизацијата на пребарувачите? Речиси сме сигурни дека не. Но, тие претставуваат потенцијален начин да се добие предност во однос на конкуренцијата што не ја употребува оваа тактика. Дополнителна позитивно појавување во резулататите од пребарувањето е секогаш добро.

 

Google истакнува дека информациите плус (Rich snippets) се еден од неговите многу експерименти. Но, обележувањето на вашиот код не гарантира дека пребарувачите ќе ги употребат овие структурирани информации во информациите плус (Rich snippets). Плус, пребарувачите, во секое време може да ја прекинат програмата.

 

Сепак, Google, нуди неколку алатки што помагаат во креирањето на структурирани податоци и тестирање на информациите плус (Rich snippets).

 

 

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен