јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Онлајн купување во вистинскиот живот

Објавено на од

Технологијата несопирливо го менува нашиот живот. Најчесто кон подобро? Сите ги знаеме негативните влијанија како зависноста од социјални мрежи, компјутерски игри, сурфање и голем број други пасии. Но, сите нзаеме дека ако мудро ја користиме, технологијата може да ни пружи поддршка и помош за поквалитетно живеење, со повеќе време и енергија за други, важни, нешта во животот.

Купувањето на интернет е токму такво искуство. Онлајн купувањето со изненадувачка леснотија и ефикасност ни помага во секојдневните ситуации, а овозможува и неколку сосема нови начини да допреме до луѓето кои ни значат. Мене ми текна да набројам неколку ситуации:

Прослава во 5 до 12

Треба да одите на роденден за неколку часа, а вие сте зафатени со сосема друга работа. Ниту сте се спремиле, ниту имате подарок. Наместо да брзате и да трчате по улици во потрага по подарок, можете за 5 минути да нарачате подарок на интернет со брза испорака, а времето да ви остане комотно да се подготвите  и на роденденот да пристигнете свежи и расположени со прекрасен подарок во рацете.

Избор на дланка

Во нормален случај за да пронајдете и да разгледате десетина производи кои ви се допаѓаат и помеѓу нив да одберете, ќе треба да пропешачите километри, да изгубите часови и на крај пак нема да бидете сигурни бидејќи не можете да се сетите на првиот што сте го гледале. Да го споредиме тоа со седење во удобна фотеља, ефикасно филтрирање и споредување помеѓу голем број на производи, кои се јасно прикажани на екранот во вашиот скут.

Далечина

 

Денеска ниту океаните не се оправдување за заборавање на спомените и на луѓето. Подарувањето преку интернет и од далечина ни овозможува да бидеме присутни при најсреќните моменти на нашите блиски или едноставнo да се потсетиме едни на други. Задовоството е на двете страни, и е навистина огромно.


Слободен викенд


Често и викендот го минуваме притиснати од урбаната џунгла. Да се излезе и да се испазари, да се учествува во саботната шопинг треска. Онлајн шопингот ни ги подарува безмалку сите саботни претпладниња и попладниња. Наместо гужви и паркинзи, целиот викенд нека биде природа, спорт, дружење, релаксација.

М`кнење товар

Во ова време веќе нема потреба да кинеме раце тегнејќи кеси и кутии до дома... Кога постојат услуги за испорака до врата за ситни пари. Кеиф е да направиш нарачка од 20 кила и да ти ја донесат до врата. А и нема потреба да се грижите ако ги заборавивте кесите за во супермаркет дома :).

Технички проблеми

И онака пред да појдеме во дуќан за тоа кој прозивод ќе го купиме одлучуваме со помош на интернет. Интернет пребарувачот обично е покорисен од продавачот :) Ни го дава токму она што го бараме. А по споредбата на карактеристиките, го имаме вистинскиот производ. Со најдобра висина, ширина, излези, брзина, меморија за нашите пари. Се што преостанува е само да се купи онлајн

Брз живот

Колкумина познавате што работат по 10 и повеќе часа дневно? Јас не се сеќавам од кога не сум се вратил дома пред 7 навечер. И верувам дека има голем број на презафатени луѓе кои едноставно мораат да ги оптимизираат ситните домашни задачи. Корисен податок за сите со такво темпо на живот: купувањето преку интернет одзема околу 2-3 минути.

Комоција

Без разлика дали времето е добро или лошо, некогаш ама ич не ми се излегува да одам да купам нешто. Едноставно не ми се мрда. Во таква ситуација посебен кеиф е да завршиш „работа“ преку интернет, и да избегнеш да те наречат мрзлив :)

Ова се само неколку идеи што ми паднаа на памет и кои реално мене ми значат. Сигурно дека ќе се изродат уште многу ситуации во кои супер би дошло купување на интернет. Кој има забелешка или има друга идеја нека повели во коментари.

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање