јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Дали сте спремни за продажба преку Omni-channel во 2014?

Објавено на од

Omni-channel Retailing (Омни - сите) значи интеграција и продажба преку сите канали. Тоа е еволуција на продажба преку повеќе канали (Multi-channel), но концентрирана на максимално искуство за потрошувачите преку сите можни канали за продажба т.е моблни уреди, компјутери, физички продавници, телевизија, радио, емаил и пошта, каталози, флаери итн. 

Трговците се срeќаваат со побарувачката преку специјални канали и интегрирани системи кои можат да ги користат сите канали, не само еден или два.

На пример, ја користите вашата омилена интернет продавница. При разгледување на вашите омилени продукти, страницата остава „колачиња“ на вашиот пребарувач. Следно имате флаер во вашето поштенско сандаче со попусти и посебна зделка која се крие зад QR код кој мора да скенирате и отворите преку паметен телефон. Се решавате да одите до физичката продавница, каде по пат на радио ја слушате и нивната реклама.

При пристигнување, иако добро сте информирани за производите, промоциите и цените, ве пречекуваат и вработените во продавницата со додатни информации. Запознајте се со Омни-канал потрошувачот - вие!

Потрошувачот во омни-каналот очекува се да биде спремно на дофат и очекуваат искуството на брендот да биде пристапливо и позитивно. Анализите покажуваат дека 80% од потрошувачите прават проверка на цените преку интернет, од нив 1/3 ги проверуваат цените преку мобилен уред додека се во самата продавница.

Денес, трговците мора да бидат спремни со бројни начини за пронаоѓање на потрошувачите. Следењето на комплетна омни-канал стратегија можеби е голема задача, во прилог ви нудиме неколку дигитални стратегии:

1. Подобрете го дигиталното присуство на вашиот бренд.

Можеби веќе имате веб страна, интернет решение или андроид апликација. Но за успех во омни-каналот мора секој дел да биде оптимизиран и пристаплив за сечиј компјутер и мобилен уред. 

Со тоа ќе добиете максимални конверзии на посетители кои ќе станат ваши потрошувачи, што значи и успех во омни-каналот. Доколку веќе сте присутни на социјалните медиуми, оптимизирајте ги вашите профили и започнете креативна интернет маркетинг стратегија за да допрете до потрошувачите.

2. Органските пребарувања на прво место.

 Секако, доколку вашата веб страница е оптимизирана за пребарувачи, подобро е да имате органски посетители кои пристигнале до вас преку Google, Bing, Yahoo и др. Втора опција се платените реклами на пребарувачи кои, за сега, во Македонија не се прескапи бидејќи нема голема конкуренција за разлика од глобалниот пазар.

Со создавање свесност кај потрошувачите ќе предизвикате и потреба кај нив за повеќе да се информираат на интернет за брендот, продавницата или производот. Морате да бидете сигурни дека ќе дојдат на вистинското место и вистинскиот производ. 

3. Ре-таргетирање на постоечки корисници.

Доколку вашите потрошувачи го пребаруваат вашиот производ или вашата веб страна искористете ги максимално посетите. Понудете им промоции преку билтен, контактирајте ги кога ќе напуштат кошничка, промоции после продажба.

Потребно е константно истражување на пазарот. Искористете ги анализите и информациите од веќе постоечките потрошувачи за повторно да допрете до нив.

Не заборавајте, вашите корисници се амбасадори на вашиот бренд. Персонализирајте го искуството со брендот за секој потрошувач.

4. Таргетирање на нови потрошувачи преку оптимизација на пребарувачи.

Кога некој пребарува производ на интернет, значи е заинтересиран да го купи. Доколку вашата продавница или реклама не е доволно посетувана во споредба со бројот на прегледи, имате јасен сигнал дека треба да ги оптимизирате пораките и графичкиот приказ.

Таргетирањето преку пребарување денес е најефективна интернет маркетинг стратегија за придобивање на посетители и потенцијални потрошувачи.

5. Комплетна слика со оптимизирање на содржините за мобилни уреди.

Мобилниот интернет пазар ги зајакна брендовите на денешницата и можноста да се достигнат потрошувачите. Успешната мобилна интеграција зависи, секако, таргетирање на публиката со релевантна содржина. 

Водечките трговци и интернет продавници ги охрабруваат своите потрошувачи да ги користат нивните мобилни апликации додека купуваат во самата продавница, со што се максимизира искуството кај потрошувачот.

Што мислите за можностите на омни-канал продажба во Македонија? Споделете го вашето мислење во коментар.

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен