јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Објавена стратегиска соработка помеѓу Интернет трговија, Инфопроект и Стопанска банка АД - Скопје

Објавено на од

 

Стопанска Банка АД и компаниите Интернет трговија и Инфопроект денеска ја објавија својата стратегиска соработка, во понуда на најсовремена бизнис cloud технологија на клиентите на банката.

Со оваа соработка, деловните клиенти на Стопанска банка АД ќе можат, под многу поволни услови, да склучат договор за користење на СкС (Софтвер како Сервис) услугите на Интернет трговија и Инфопроект. За оние кои ќе пристапат, услугите ќе бидат бесплатни за користење до крајот на 2013 година (се наплаќа само еднократен трошок за инсталирање).

СкС услугите опфаќаат комплетно покривање на потребите за ИТ софтвер за деловни потреби, од заднинско работење (ERP софтвер), до воспоставување на веб продавница и web сајт на компанијата. Со ваквиот начин на работење се остваруваат значителни заштеди во работењето, се намалуваат непотребните инвестиции во брзо-застарувачка опрема и се добива континуирана квалитетна услуга и поддршка. Притоа, од клиентот не се бараат никакви посебни ИТ вештини. Клиентот нема никаква потреба од локално инсталирани ресурси (сервери, мрежи, итн.), освен вообичаен персонален компјутер или лаптоп споен на Интернет. Сите апликации и податоци се безбедно складирани во професионален data-центар. Комуникацијата помеѓу работните станици и апликациите е на највисоко можно ниво, според истите стандарди што ги користи и Стопанска банка во комуникациите со своите клиенти.

Постојат повеќе пакети и нивоа на услуги. Опфатени се потребите на сите големини на компании (микро, мали, средни и големи). Ваквата достапност на интегрирано решение базирано најсовремена информатичка технологија, за македонските компании претставува шанса за подобрување на нивните деловните перформанси и конкурентност. Со пакетот БизнисТотал на македонските компании за прв пат им е достапно интегрирано решение за електронска трговија и деловно работење, базирано на СкС (Софтвер како Сервис) технологија, која овозможува најголема флексибилност и ефикасност во работењето.

Поради големите придобивки за работењето на компаниите коцептот СкС е главен светски тренд во информатичката технологија, а според извештајот на аналитичката куќа Гартнер, пазарот на СкС и „Cloud“ решенија забележува раст од 17% годишно, и се јавува како двигател на развојот за целата ИТ индустрија.

Повеќе информации можат да се добијат на веб-сајтот http://biznis.tc.mk, од каде што директно може да се склучи договор за користење.

Инфопроект и Интернет трговија се двете водечки македонски компании на полето на СкС (англ. SaaS - Software as a Service). Тие се пионерите во воспоставувањето на cloud сервисите во Македонија и зад себе имаат големо искуство во областа на електронската трговија и обработка на деловните процеси.

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање