јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Новини на Трговски центар од минатата недела

Објавено на од

Трговски центар како секој сериозен веб систем е во континуиран развој и подобрување. Се надеваме на постепено рафинирање и подобрување на квалитетот на корисничкото искуство, но воведуваме и позначајни и уникатни функционалности во оваа област. Слободно кажувајте што ви недостига или што ви пречи, за тоа сме тука.

Минатата недела воведовме систем за продажба на нумерирани билети. Тоа го искористи Драмски театар од Скопје и започна со продажба на нумерирани билети за поголемиот дел од нивниот репертоар. Првичните искуства се одлични и за некој ден понудата ќе биде зголемена, а ќе следуваат и примамливи промоции и наградни игри. Деновиве ќе има уште една покрупна вест од оваа област :).

Освен тоа неделава имавме и значајна надградба на системот. Се освежија неколку централни делови со функционалности кои ќе ни овозможат полесен раст на системот и подобро корисничко искуство за посетителите. Воведено е следното:

  1. Унификација на корисничките идентитети. Од сега може да се пристапи на сите улоги во ТЦ со иста автентикација (лозинка). Доколку управувате продавница и воедно сакате да купувате, нема потреба од две сметки, сега се оди со ист идентитет и треба да  паметите само една лозинка. Додавањето на нови рољи на идентитетот е едноставно.
  2. Детални параметри (faceti) на производи, за пребарување и споредба. Воведовме системот за внесување, уредување и прикажување на деталните параметри за секој прозивод според категориите во кои ти припаѓаат. Секоја категорија ќе има посебни параметри, секој со соодветни вредности. Тоа значи дека наскоро ќе можете да пребарувате, филтрирате и споредувате помеѓу илјадници производи со користење на фини филтри како дијагонала на телевизор, брзина на процесор, повез на книга, материјал на изработка и сл.. Со тоа пронаоѓањето на вистинскиот производ ќе биде олеснето уште повеќе, особено при зголемен избор на производи.
  3. Збогатување на основните филтри при пребарување. Додадовме филтри за попусти, бесплатна испорака, нови производи. Листава ќе ја збогатуваме и веќе имаме неколку нови филтри на ум. Слободно предложете какво филтрирање би сакале при пребарувањето на производи.
  4. Нов процес на регистрација во два чекори, поствен на почетната страница, лесно достапен за сите што ќе им притреба. Регистрацијата е во два чекори, активација на маил и комплетирање на формата за регистрација.
  5. Споредба на производи. Сепак, оваа функција ќе добие поголема вредност како што ќе се внесуваат поголем број параметри за секој од производите.
  6. Со досадните работи како редици (queue) за маилови (нели имаме и newsletter), финеси во администрацијата, оптимизација на перформансите, разубавување на процесот на купување, неколкуте промоции и ситните козметички промени на страните нема да ве оптеретувам.

Повеќето крупни работи беа додадени во еден потег, а целата операција беше успешна и без посебни технички проблеми, какви што знаат да се случат при крупни надградби.

Следното позначајно освежување со нови функционалности го планираме за неколку недели. Како комплетно кориснички ориентиран систем, отворени сме забелешки и сугестии. Кажувајте со време :).

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање