јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Нешто повеќе од водич за подарување

Објавено на од

Подарокот отсекогаш бил вистинскиот пат до човековото срце. Тоа е она што покажува наклонетост, љубов и внимателност. Тоа не мора да е скап подарок, само треба да доаѓа директно од срцето. Водени од тоа, од желбата да се споделува љубов што повеќе, решивме да одвоиме посебен простор за разонода(http://zelboteka.tc.mk) кој ќе ви сугерира, предложува и ќе ве советува за најразлични подароци за вашите сакани.

Сигурно веќе дома имате колекции од парфеми, кои никогаш не би ги користеле, и ги складирате за наредната пригода, кога вие ќе треба да подарите. Најверојатно, ни на таа личност нема да и се допадне, и ќе продолжи истиот подарок да кружи како во магичен круг, истовремено недонесувајќи насмевка и радост на никого, она што е главната причина за постоење на самиот подарок. Ова е наједноставниот пример од кој тргнуваме... Листата продолжува! Мажите, освен ако не се модни дизајнери или не ја подмитат најдобрата другарка на нивната девојка, никогаш нема да и го погодат вистинскиот модел на ташна која таа гордо (или воопшто) ќе ја носи при излегување. Од друга страна, нема нешто потешко од тоа да се одбери подарок за вашиот партнер, а да не е тоа неинветивно парче облека.

И тука, та да дааааам... настапува новиот сајт Желботека http://zelboteka.tc.mk - вашиот водич при подарувањето! Со ова ја надопoлнуваме aпликацијата Желботека,  каде сами си ги бирате подароците според вашиот вкус и каде можете да ѕирнете во желботеките на останатите ваши Facebook пријатели и да знаете точно кој подарок би ги направил среќни.

поклон изненадување

Намерата e преку Желботека да понудиме простор каде ќе разговараме за единствени и уникатни идеи за подароци. Тука ќе може да најдете подароци за секоја пригода, за секој тип на личност. Дали станува збор за вашите родители, деца, вашиот партнер или партнерка, на Желботека ќе има за секого по нешто. Идеите за подароци содржани тука, не се ограничуваат само на одредени производи, генерички наменети за одреден профил, туку нудат и специфицирани производи, прилагодени точно за личноста на која подарувате. Меѓу другото, можете да најдете идеи од типот “направи сам” подароци, кои би ве чинеле многу малку, а би имале огромна вредност за личноста на која подарувате.

Идеи за “подароци за кои сонува секоја девојка” ќе ви бидат директно транспортирани од дневниците на сите девојки до веб страната на Желботека, каде ќе можете да вложите само мал напор да ги оматеријализирате и да направете некоја девојка многу среќна и благодарна.

Не ги оставивме ни девојките “на цедило”:) За нив постои машка перспектива на подароци наменети за нивните партнери и пријатели. Сега машкиот парфем нема да биде единствениот подарок што може да го понудите! Ѕирнете во светот на машките вкусови и изненадете ги вашите познавања на нивните преференции!

Она што го прави овој простор вашето идеално место за бирање подароци, е социјалната интерактивност, каде многу идеи може да се разменуваат. Споделувањето искуства, подароци, желби и совети ќе го направи ова место, вашиот нужен прирачник за подарување!

Секако, да не ја заборавиме и инвентивноста на самите идеи, која отсега па натаму нема да дозволи да погрешите подарок, туку ќе причинува само насмевки на лицата на вашите сакани!

Желботеката, покрај што преставува ваш непресушен извор на информации, исто така е и добар начин да се забавувате читајќи инвентивни идеи и случки. А можеби и ќе се инспирате да подарете нешто некому без посебен повод! :) Никогаш не се знае...но, најдобрите подароци се оние кои покрај од срце, подарени се и без причина и повод!

Посетете го Желботека сајтот и започнете да ги подарувате љубов преку вистинските подароци.

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање