јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Направете бесплатен вебсајт за 6 минути

Објавено на од

Oваа статија ја посветуваме на можностите и функционалностите кои ги нуди пакетот за изградба на бесплатен вебсајт на biznis.tc.mk.
1. Промена на логото
Логото е една од најважните работи кога е во прашање брендирањето или препознавање на вашиот бренд од корисниците. Можете многу лесно да го промените логото во неколку чекори. Потребно е само да го имате вашето лого локално на компјутер и да го прикачите.

2. Голем избор на дизајни

Многу е важно да го прилагодите дизајнот на вашиот вебсајт според неговата тематика и потребите. Овој пакет нуди избор на десет различни дизајни во зависност од типот на вашиот вебсајт. Секоја тема е пријателски настроена за корисниците со чист дизајн и лесна за навигација. Флексибилноста во изборот на темите само ја надополнува оваа одлична понуда.

Избор на дизајн за вашиот вебсајт

3. Drag & Drop функционалност

Drag & Drop функционалноста ја олеснува работата на секој поединец кој нема никакво искуство во градење на вебсајтови. Што значи ова? Тоа значи дека градењето на вебсајтот од самиот почеток е полесно од било кога. Нема потреба од кодирање, и нема потреба од знаење на html и css, што не значи дека нема да ви биде од корист доколку знаете (повеќе за ова подолу). Доколку се одлучите за редизајн на вашиот сајт, тоа може да го направите сами без да ангажирате посебно лице да ја завршии таа работа. Drag & Drop функционалноста е модерен пристап кој овозможува манипулација со блоковите како додавање и преместување на наједноставен начин само со влечење на соодветниот блок. Истото се случува и при додавање на нов елемент на сајтот. Од понудената палета на блокови, го бирате саканиот и го повлекувате на саканата позиција. Потоа го едитирате според ваша мерка. Тоа е се. Оваа функционалност е тестирана на луѓе кои имаат сосем мало искуство од користење на интернет и се докажа како доста успешна.

Можеби ќе ве интересира: Интернет продавница за поголем приход

4. Додавање на нова страна

Овој пакет на biznis.tc.mk за креирање на бесплатен сајт нуди можност за додавање до 10 статични страни. Веднаш штом го регистрирате сајтот, автоматски се креирани четири страни кои може да ги едитирате по желба и може да додадите уште шест страни со кои ќе може дополнително да го опишете или промовирате вашиот бизнис. Додавањето на нова страна се врши едноставно во табот "Администрација" -> "CMS" и се клика на синото квадратче по што се отвара нов прозорец за внесување на насловот на страната. Откако ќе се креира новата страна, потребно е да се направат следниве три чекори за да биде видлива на вашиот вебсајт:
а) Активирање на страната - Секоја страна која сакаме да биде видлива на нашиот сајт, мора најпрво да се активира како на следнава слика:
Активација на страна на вебсајтот

б) Додавање на страната во менито на вебсајтот

После активирањето, треба страната да ја додадеме за може да се пристапува до неа. Најдобро е да се додаде во менито, а тоа се прави откако ќе се кликне на иконата за едитирање од блокот за мени.
Додавање на страната во менито

в) Публикување на страната

При секоје ажурирање на нашиот вебсајт, без разлика дали тоа е содржината или дизајнот, за промените да станат видливи се публикува страната на која се врши едитирањето или ажурирањето како на следнава слика.

Публикување на страната
5. Голем избор на блокови

Вашиот вебсајт може да го направите потполно интерактивен благодарение на големиот избор на блокови кои може да се додадат на страната и тоа само со Drag & Drop. Може да додавате содржини, менија, лого, регистрација на корисници, статус за најава, мултијазичност, лента за навигација, Слајдер, youtube видеа, facebook like box, галерија со слики, календар,контакт форма, интеграција на други социјални мрежи, блок за автори и тоа е сосем доволно за вашиот сајт да изгледа комплетно.

Погледнете го следново видео како се прави вебсајт за шест минути:

http://www.youtube.com/watch?v=sJ09scZeWvg

6. За напредни корисници

Оние кои имаат познавање од CSS можат да го искористат тоа такашто имаат можност да го променат изгледот на низниот дизајн, да додаваат нови слики, да го сменат изгледот на блоковите преку одделот за уредување на темата. Дури е можно да креирате потполно нов скин кој потоа може да го повикате од "Подесувања" ->  "Скин" и до избирате вашиот нов скин.

Уредување на тема

7. Оптимизација за пребарувачи

Имате можност да додавате мета тагови на вашите страни, клучни зборови, роботски директиви кои ќе им помогнат на пребарувачите да препознаат за што станува збор на вашиот сајт и подобро да го рангирааат. Оваа опција ја има во табот "Подесувања", со тоа што го избирате соодветниот и го потполнувате со текст.

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање