јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Наградна игра во која сите добиваат

Објавено на од

Надополнување (07.04.2010, 14:30 часот): Кампањата заврши, им честитаме на оние кои си нарачаа шолја. Наскоро очекувајте слични кампањи.

Неколку пати ветувавме дека пролетва ќе имаме неколку игри со изненадувања и подароци. Епа, време е.

Ние ќе си ги викаме кампањи, зoшто во секоја од нив ќе се обидеме да потенцираме некој дел од процесот на купување на интернет.

Започнуваме со првата. Денес на Трговски центар во еден дел од денот ќе можете за 1 денар да си купите брендирана шолја. Со тоа сакаме да ви го доближиме искуството на онлајн купување  и воедно да ве наградиме. Подарокот, како што спомнав, е брендирана шолја со логото на ТЦ.мк, а испораката е бесплатна за целата територија на Македонија.

Периодот кога ќе стане достапен производот на онлајн рафтовите ќе го соопштиме во текот на денов на нашата офцијална Фејсбук страница и на нашата Твитер сметка.

Количините се ограничени, па затоа следете не и бидете брзи. Нема што да изгубите, освен ако ви е премногу одвоите еден денар од вашата картичка :).

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен