јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Локален SЕО водич: 15 маркетинг техники за промоција на вашиот бизнис online

Објавено на од

Пуштањето на нов бизнис во употреба online може да биде застрашувачко за било кој сопственик на мал бизнис. За среќа, секој бизнис може да има придобивка од SЕО (оптимизација на интернет пребарувач). Тој може да направи било која мала инвестиција да успее долгорочно, како и да се погрижи локалните купувачи да ги најдат веб страните адекватни за нив. Оттука, локалниот SЕО е очигледен избор за промоција и изнесување на пазар на сопствениот бизнис.

Што е локален SЕО?

Локален SEO е специјализирана техника која цели на промовирање на бизнисот пред луѓе кои се лоцирани физички блиску до истиот. Пребарувачите на модерното време како Златна Книга и слични помагаат за полесно наоѓање на производите/услугите што се наоѓаат во близина.

Зошто е локалниот SЕО толку важен?

Според еден извештај на Marketingcharts.com во 2009 година, 82% од локалните потрошувачи користат пребарувачи за да најдат локални бизниси. Исто така, повеќе од половина (57%) користат Yellow Pages директории со локални филтери. Локалните потрошувачи одат online за да најдат локални бизниси, со што можеме да заклучиме дека е многу важно да се биде видлив со цел ефикасно остварување на нов или постојан бизнис.

 

15 маркетинг техники за да го проширите вашиот бизнис

 

1.Внесување на сопствената веб страна во пребарувач

Првата работа што треба да се направи кога се започнува со користење на веб страна е внес на истата во пребарувачите; Google и Bing се најпознатите пребарувачи.

Од сите 15 техники кои ќе ги спомнеме, оваа е најлесна но и една од најважните.

 

2.Веб страната треба да биде лесна за користење

Пред промовирање на веб страната преку различни online канали, потребно е да се знае дека содржината на страницата е точна и дека податоците ги следат основните упатства (корисна алатка за ова е Google Webmaster). Оптимизацијата на веб страната вклучува јасни наслови и точни описи. Насловите треба да го содржат бизнис името и два до три клучни зборови со кои што посетителите би можеле да ве најдат. Треба да се избегнуваат премногу клучни зборови и да се настојува насловите и описот да бидат што поприродни.

Предлог: Побарајте ги конкурентите во истата област и дознајте кои клучни зборови тие ги користат за привлекување на посетители online.

 

3. Имплементација на Google Analytics

Веб хостинг провајдерите честопати се обидуваат да ги пакетираат аналитиките и големите податоци, но најдобрата, бесплатна алатка на Интернетот е Google Analytics. Потребни се помалку од две минути за зачленување и внесување на кодот, и алатката веднаш започнува да регистрира веб сообраќај, односно број на посети. Податоците вклучуваат бројка на посетители, колку време се троши на посета на веб-страната, каде се лоцирани посетителите и како се приклучиле на веб-страницата. Ова е одлична и воедно најефективна алатка за промовирање на бизнис.

Предлог: Штом налогот започне со собирање податоци за посетите, треба да се започне со следење и поствување на цели. Целите би можеле да произлезат во вид на e-mail маркетинг (периодични писма по e-mail).

 

4.Додавање на бизнисот на Google+ Local

Додавањето на бизнисот на Google+ Local е следниот чекор од техниката за имплементација. Голем број на луѓе бараат бизниси online повеќе отколку било каде, и додавањето на веб страна и информации за бизнисот вклучувајќи опис,производ/услуга,слики,видеа и сл.

Предлог: Погрижете се Google листата да собере 100 проценти со што успешно ќе го комплетирате процесот на зачленување на оваа мрежа.

 

5. Креирање на профили на социјални мрежи

Доколку бизнисот се префрла online, одличен начин да се ‘рашири зборот’ за веб страницата е преку социјални мрежи. Зачленувањето на Google+,LinkedIn,Facebook и Foursquare е есенцијално за промоција на бизнисот кон блиските пријатели и останатата мрежа. Исто така, важно е и задржување на УРЛ (адресата) односно поврзување на истото со социјалните мрежи (пример: https://www.facebook.com/TCmkd).

 

 *Не само што овој вид на рекламирање е  бесплатен,

 туку е и безбедени ефикасен.

 

 

6. Креирање на online маркетинг кампања

 

Уште една исклучително важна алатка за таргетирање на корисници е GoogleAdWords. Тука, може да се пребаруваат клучни зборови преку Keyword Planner-от, што всушност е преглед на вкупните пребарувања на регионално но и светско ниво. Откако ќе се видат главните клучни зборови поврзани со бизнисот, ефективната стратегија за пазарот би можела да се изработи.

 

 

7. Соработка со локални веб-страни и медиуми

Зголемувањето на бројот на посетители ќе се одрази и доколку се оствари партнерство со слични веб страни и медиуми на локално ниво. Соработката би можела да биде банер за банер, во вид на референци (преку линкови) или нешто слично, каде што фокусот е пренасочување на локалните корисници на вашата веб страна.

Според едно истражување во 2011 година, соработката односно цитатите (спомнувањата) од страна на локални веб страни се еден од топ 5 факторите на зголемување на сообраќајот.

 

8. Вклученост во општеството

Доколку постојат локални форуми во областа, одлична идеја е да се започне да се учествува во нив. Со креирање на профил и давање на вредност на форумите, релевантноста на вашиот бизнис на Google може значително да се зголеми.

 

9. Оптимизација на мобилно СЕО и негова пристапност

Смартфоните се новите именици и пребарувачи, како што се зголемува бројот на нивното користење секој месец. Всушност, експертите предвидуваат дека мобилната ера ќе го надвладее компјутерското работење до следната година. Локалните бизниси се трудат да успеат и преку креирање на мобилни апликации, така што тој чекор е доста ефикасен и лесен за употреба. Веб страницата треба само да се оптимизира за мобилен приказ и да се овозможи лесна употреба. Треба и да се води сметка за брзината на прикажување на податоци во мобилната верзија.

 

 

10. Додавање на Share копчиња 

 Во долниот дел на страницата, важно е да се наоѓаат неколку копчиња како Google+,Tweet,Like и сл. со цел полесно споделување на содржината од страна на корисниците како и успешен маркетинг за веб страната.

 

11. Имплементација на Webmaster алатки

Употребата на Webmaster алатки на Google и Bing помага при идентификувањето на важни прашања поврзани со веб страницата. Со поправка на овие грешки, се осигурува брз проток на информации преку пребарувачите и наоѓање на веб страната преку локален пребарувач

 

 

Имплементацијата на двете алатки е прилично лесна.

 

12. Прикачување на слики

Локалната база на податоци може да ги снабди корисниците со слики од бизнисot. За да се биде сигурен дека бизнисот е најдобро изложен на пазарот, прикачувањето на сопствени слики е најважно. Тие не мора да бидат професионални фотографии, меѓутоа со оглед на тоа што го претставуваат бизнисот, треба да се претпазливо одбрани.

Предлог: Зачувајте ги сликите со име кое што го содржи името на бизнисот и еден клучен збор за полесно пребарување и таргетирање.

 

13. Грижа за корисници

Одреден дел од веб страната треба да има служба за корисници. Ова е метод кој привлекува многу потенцијални клиенти, бидејќи тие имаат место за контакт на страницата. Тоа е знак дека грижата за корисници е многу важна за бизнисот како и предзнак за успех.

Предлог: Користете дел од веб страницата и како форма за “Што мислите?” односно комуникација со клиентите.

14. Како се прави блог?

Напишете нешто за вашата индустрија, вашиот талент, одделенија и промовирајте го до сите канали. Блогирањето не само што помага да се покачи свесноста за бизнисот, туку и го помага пишувањето. Се учат повеќе работи поврзани со дејноста, а блогот е и одличен начин да се привлечат линкови до сопствената веб страна. Еве неколку корисни платформи за блогови:

Предлог: Поврзувањето на вашата Facebook страница со блогот со додавање на RSS алатката на Facebook, со цел вашите објави на блогот да бидат видливи и на Facebook секојпат кога ќе бидат објавени.

 

15. Конзистентноста е водич кон успехот

 

Секојпат кога ќе се додаде веб страна и информација за бизнисот во некој локален директориум, социјална мрежа или форум, потребно е да се биде сигурен дека истата е конзистентна со сопственото бизнис име, адреса, телефон,е-mail адреса, линк до веб страна и опис на бизнисот.

Предлог: Креирајте датотека која можете да ја користите за копирање и префрлање на информации и потрудете се сите објави на веб страната да се согласни.

 

Локалното SЕО е клучно за промоција на бизнисот!

Малите бизниси не можат да си дозволат да трошат многу средства за online маркетинг, но со користење на правилни маркетинг техники како погоре наведените, ќе се потпомогне да се намалат некои одредени трошоци и да се поддржи креирањето на бизнисот online. Локалните огласи и SЕО секогаш играле важна улога за малите бизниси што се обидуваат да успеат, меѓутоа во денешно време се повеќе од потребни.

 

Стефан Тасевски

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен